На актуелниот директор на Музејот на албанската азбука ќе му се суди за проневера на пари


  БИТОЛА – Историчарот Нуер Арслани се врати на чело на Музејот на албанската азбука во Битола во ситуација кога за него почнува судски процес во Основниот суд во Битола за проневера на над 4 милиони денари државни пари. Основното јавно обвинителство против него покрена обвинение за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба […]

Марта Кос за преговорите на Македонија: Не сум таа што дава гаранции


  (Од нашиот известувач) СТРАЗБУР – Новоизбраната еврокомесарка за проширување, Словенката Марта Кос, очекува Македонија да го исполни условот за уставни измени, како што рече – ништо повеќе и ништо помалку. Зборувајќи со новинарите по изборот на новата Европска комисија таа порача дека не може да ѝ даде гаранции на Македонија од типот на тие […]

СДСМ се потсмева: Мицкоски партизираше сѐ, па сака професионална администрација


  Опозициската СДСМ реагираше промптно на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се залага за „деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“ кажана денеска на една конференција. „Изјавите на Мицкоски се празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже […]

Германскиот специјален пратеник Сарацин на средба со Муцунски


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. На средбата, како што соопшти МНР, било дискутирано за евроинтегративните процеси на Македонија, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната […]

Меркел во мемоарите го споменува само Заев од регионов: „Храбар и решителен“


  Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел“ се главен политички хит овие денови во светската јавност. Делови од нив претходно објави неделникот „Цајт“, а денеска се објавени во повеќе земји под насловот „Слобода: Мемоари 1954 – 2021“. Досега во европските медиуми се објавуваа повеќе детали од мемоарите. Најскокотиливи беа нејзините оценки за Доналд Трамп, […]

Спојувањето на безбедносните служби е ризично: Порака од Филипче до Сиљановска


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба на која се разговарало за ситуацијата во безбедносните струкури и за евроинтегративните процеси. Венко Филипче е и претседател на Националниот совет за евроинтеграција и од таа функција разговарал за европските перспективи на Македонија, а не само како лидер на опозицијата. […]

Арсовска се откажа да оди на уште еден мандат во Скопје, многу ја блокирале


  Нецела година пред локалните избори, градоначалничка на Скопје Данела Арсовска изјави не размислува да се кандидира и по втор пат. Во изјава за медиумите таа рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече знаат само да  саботираат и да блокираат. Според Арсовска, она што се случува во градот Скопје и […]

Владата сака да гради дата центар за 40 милиони евра, иако веќе таков има во Прилеп


  Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска на прес-конференција најави дека во 2025 година е предвидена е изградба на современ примарен податочен дата центар во Скопје, каде сите органи на државната управа ќе ја колоцираат својата опрема. Таа немаше одговор на новинарско прашање што е со супермодерниот дата центар кој веќе функционира во Прилеп и […]

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ. 

Мицкоски бара од новинарите да слушаат внимателно


  Во манир на еден силен владетел од соседството, премиерот Христијан Мицкоски вчера побара од новинарите да слушаат повнимателно кога тој зборува за да не кажува одговори кои веќе ги кажал и затоа немало да има потреба од дополнителни прашања за иста работа. Веројатно и со своите студенти е попресретлив и, претпоставуваме, дека ним сака […]

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е вознемирено од „силата и енергијата на конгресот“


  Опозициската СДСМ ги отфрли денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и ѝ порача на владејачката партија дека била вознемирена од „новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот конгрес“. „СДСМ покажа дека се издигнува после пораз, а конгресот е пресвртница во опозициското дејствување на партијата. Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме […]

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев го води СДСМ со „40 потрчковци“


  Правејќи алузија на Али Баба и 40-те разбојници, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска го осуди вчерашниот конгрес на СДСМ велејќи дека партијата ја водел Зоран Заев, „преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци“. Тој рече дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче бил „опериран од срам и доблест“ бидејќи за заменик-претседател ја назначил […]

Фани Каранфилова Пановска, нова заменичка претседателка на СДСМ


 Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.   -Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во […]

Кои се новите членови на Централниот одбор на СДСМ?


На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. Новиот Централен одбор го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани. Внесуваме нова енергија во нашите редови. Ги отвораме […]

Интегрален текст од обраќањето на Венко Филипче на конгресот на СДСМ


  Денешниот онгрес е пресвртница во опозициското дејствување на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.  Нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата таму каде и е местото, на победнички патеки. СДСМ да продолжи да ја гради иднината на нашата Татковина.  Како човек, лекар, но и како политичар секогаш сакам да сум искрен. Јас немам волшебно решение со кое СДСМ […]

Филипче верува дека поразот е шанса за нов почеток на СДСМ


  По неколкумесечно одлоговлекување, еден неуспешен собир, по длабоката криза во која се најде по големиот пораз на изборите, Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува својот 30. Конгрес на кој треба да се направи анализа  зошто партијата беше казнета од гласачите и да се изберат новите раководни лица. Тоа е и првото големо соочување на новиот […]

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство


СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата. Според […]

Бошко Китановски: Иницијативата за демократизација и промени во ЛДП е жива


Иницијативата за демократизација и промени во Либерално демократската партија е жива. Ние бараме ЛДП да се врати на изворните принципи и да се демократизира, изјави Бошко Китановски, член на иницијативниот одбор за промени во ЛДП. Китановски побара свикување вонредно Собрание на ЛДП со цел на Зајкова да ѝ се потврди мандатот или да биде отповикана, […]