СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправа дали да има лидерска средба или не


  Главната опозициска партија повикува на лидерска средба по вознемирувачките сцени околу палњето и сквернавењето на макоденоското знаме и „наелктресираната ситуација“ во општеството, а ВМРО-ДПМНЕ го одбива тоа како непотребна политичка игра. Портпаролката на владата, Марија Митева, денеска го повика СДСМ да го официјализира барањето. Според неа, прилично е чудно што барање за лидерска средба […]

Мицкоски на состанок со новиот претседател на Советот на ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, чиј мандат почна на први декември. Претходно Мицкоски ќе има и одвоена средба со Кошта.   Од прес службата на Кошта претходно за медиуми изјавија дека […]

Шекеринска почна со работа во НАТО


Поранешната министерка за одбрана на Македонија и прва Македонка на висока функција во Алијансата, Радмила Шекеринска, од вчера е активно ангажирана во НАТО. Се очекува денес таа да учествува и на министерскиот состанок на кој главна тема ќе биде Украина. На страницата на НАТО веќе јасно стои дека Шекеринска од втори декември е заменик генерален […]

Левица: Новата власт започна со партизација на правосудството


Иако Законот за Советот на јавните обвинители предвидува децидна забрана  за членување во политичка партија на членовите на Советот – коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири, којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ, […]

ДУИ ја нарече „руска агенда“ политиката на Владата


Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на Владата, за кои, како што велат, не само што ја поткопуваат стабилноста на Македонија, туку се совпаѓаат и со дестабилизирачката агенда што им служи на геополитичките интереси на Русија. -Неодамнешните постапки на владата, вклучително и обвинувањето на Албанците за кризата што самата ја направи, […]

Љубовта кон морето и сонцето Муцунски ја открил во Бугарија, во Сончев Брег


  Како мало дето за време на годишниот одмор во познатото бугарско летувалиште Сончев Брег на Црното Море, македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, за прв пат ја открил љубота кон морето и сонцето. Така, Муцунски за време на денешната сесија на прашања и одговори во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, се […]

Филипче: Некој има интерес од влошување на ситуацијата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација. „Повторно ќе […]

Муцунски ги убедувал европратениците дека ЕУ е на врвот на агендата на владата


  Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на прашања членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент порача дека владата е силно посветена на евроинтеграциите и на спроведувањето реформи. Според него, за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во ЕУ следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените […]

ДУИ бара извинување од Јанева за изјавата за УЧК


Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Македонија и обид да се избрише сеќавањето и жртвите на албанскиот народ. Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на […]

Муртезани: Секое решение кое ќе го обезбеди пристапувањето на земјата во ЕУ ќе биде прифатливо


 Нашето инсистирање не е на конкретно решение, туку на дебилатеризација на понатамошниот процес на пристапување во ЕУ. Секое решение коешто ние ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо, вели министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани. -Дека преговарачката рамка не може […]

ВМРО-ДПМНЕ бара дупки во процедурите за да ги партизира амбасадорите


  ВМРО-ДПМНЕ бара дупки во процедурите за да ги врати амбасадорите на кои не им е истечен мандатот и за да прати свои во десетина амбасади на Македонија низ светот. Практично откако дојде на функцијата министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски бара причини како некого предвреме да врати за да прати свои кадри, нешто што […]

Дамева поднесе оставка како претседателка на Судскиот совет по притисокот на Мицкоски


  Под притисок на власта, на претседателот на Владата и владејачката гарнитура, кои од собраниска говорница, преку партиски соопштенија изнесуваа обвинувања кон претседателката на Судскиот совет и судиите, Весна Дамева во јавно обраќање поднесе оставка на функцијата. На оваа одлука се одлучила за да го заштити својот углед, но и своите најблиски од фамилијата. „Да […]

Артан Груби побара извинување од „Вреди“, го осуди палењето на македонското знаме


  Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме. Тој ги демантираше наводите за неговата поврзаност со настаните за кои го обвинија од „Вреди“ и побара јавно извинување од оваа коалиција, во објавата на Фејсбук. „Немате сила, ниту знаење, ниту […]

„Вреди“: ДУИ ги користи младите како „топовско месо“


  Владејачката албанска коалиција „Вреди“ денеска го обвини ДУИ дека ги искористила младите како „топовско месо“ за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше сквернавено и запалено македонското знаме. Вицепремиерот Арбен Фетаи на денешната прес-конфренција рече дека „по откривањето на планот за враќање на Никола Груевски со црвен тепих во Скопје и […]

Владата во Скопје сфати дека името на државата е Северна Македонија, вели Мицотакис


  Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата Антена, говорејќи за односите со Македонија […]

Димитриевиќ: Лидерска средба е неопходна, граѓаните сакаат порака од политичарите дека државата е стабилна и безбедна


Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, и заеднички да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитриевиќ, во вечерашната „Тема на денот“ на телевизија […]

Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот


За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицe коe го прекршилo законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет […]

Мицкоски: Во моментов не гледам причина за лидерска средба, но ќе размислам на темата


 Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто. -Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не […]

Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски


  Необјасниво е зошто со толку енергија, напор, партиска логистика, пропагандна машинерија, се користи премиерот Христијан Мицкоски да го заштити својот избор за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Под неговиот товар тој веќе почнува да потклекнува, како што се виде вчера на пратеничките прашања кога излезен на говорницата, дифузен, скролајќи преку телефонот, […]

Премиерот не верува дека некој во ЕУ може да гарантира оти ќе нема нови блокади


  Оптимизмот на премиерот Христијан Мицкоски за пронаоѓање излез од ќор-сокакаот околу уставните измени и отворањето на преговорите со ЕУ по првите кластери како да исчезна некаде по самитите во Берлин и Будимпешта. „Нема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада повеќе од ова не можеме да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е […]