ВМРО-ДПМНЕ го нареди и Андреј Жерновски на листата на домашни предавници


  Откако поранешниот градоначалник, заменик-министер и амбасадор, Андреј Жерновски, јавно запраша дали е вистина тоа што го пишува бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека во 2008 Христијан Мицкоски наводно аплицирал за бугарско државјанство, ВМРО-ДПМНЕ веднаш го додаде на својата листа „домашни предавници“. Жерновски на Фејсбук напиша: „Граѓаните, но и дипломатскиот свет, ги интересира одговорот на следново прашање: […]

„Лупа.бг“: Мицкоски аплицирал за бугарско државјанство во Скопје во 2008


Во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство“, објави вчера бугарска „Лупа“. Како што стои во текстот на бугарскиот медиум, во тоа време, генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов. Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат […]

Мицкоски предлага заедно со Бугарија да се донесе резолуција во ЕП за „многувековен македонски јазик“


  Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека е за Европската унија, но не по секоја цена, но нема одговор што ако Македонија додека е тој премиер не ги почне преговорите и драматично заостане зад другите земји во регионот, особено Црна Гора и Албанија. Тој даде еден предлог кој изгледа невозможен – самиот бил подготвен заедно […]

Македонија и Британија потпишаа декларација за стратешко партнерство


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија. Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се […]

Левица предлага со закон да се заштити името ВМРО, Мицевски вели дека било нарачка од туѓина


  Пратеничката група на Левица поднесе до Собранието предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО. Тоа го потврди пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој објави на својот Фејсбук. „Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова […]

Мицкоски го отфрли предлогот на Филипче за лидерска средба


  Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за да се детерминираат црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за европските интеграции. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба […]

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата […]

ЗХГ ги отвора вратите за секој што сака да биде член на Совет на Град Скопје


Граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на претстојните локални избори повторно ќе настапи со своја листа на членови за Совет на Град Скопје. Листата и овојпат ќе ја предводат докажани активисти од областа на здрава животна средина/одржлив развој, социјална правда и заштита на животните. Ова се три од четирите столбови на коалицијата. Четвртиот е воведување директна […]

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани


  Од предвидените 17 милиони евра од ЕУ од Планот на раст за земјите од Западен Балкан, според направените реформи до декември лани Македонија во наредниот период ќе може да смета на половина од износот, или 8,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните сознанија на Министерството за европски прашања. Ваквиот епилог се должи на фактот дека од […]

Нов бисер на Тошковски – дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот


  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска додаде уште еден бисер во ѓерданот на неговите несоодветни изјави. Тој рече дека законот за уривање на дивоградбите ќе се почитувал само ако објектите се опасни по живот. Ако не се, тие ќе можат и натаму да си останат дивоградби, а со ваквиот став да се поттикне […]

Арсовска му одговара на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Тошковски фатени како крадат вода


  Со секој ден ВМРО-ДПМНЕ влегува во нов судир со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (нивен кандидат на последните локални избори) и наместо да го осуди нападот врз неа ја обвинува дека главниот град страда за вода. Арсовска одговори остро, велејќи дека „полицајци на Тошковски“ се меѓу тие што диво се приклучуваат на водоводната мрежа. […]

Мицкоски е само ученик на Груевски, а не на ЕУ, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во синоќешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ја оцени политиката на сегашната влада како продолжение на владеењето на Никола Груевски. Тој рече дека се воспоставува систем на ВМРО-ДПМНЕ каков што постоеше до 2016 година. „Граѓаните не гледаат дека се воспоставува каков било систем во владеењето. Тие само гледаат […]

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник на Скопје


Левица за локалните избори се откажа од проектот од минатите избор кога поддржаа независен кандидат за Скопје, а сега партијата ќе оди со свој партиски кандидат. Тоа го соопшти претседателот на партијата, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ 24. Левица објави оглас за кандидати за градоначалници, на кој се пријавиле 20 лица. Од утре ќе […]

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова


СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со […]

И Скопје се најде во „големата турска епопеја“ на Ердоган


  (Од нашиот известувач) АНКАРА – „Таа ноќ  ја почувствувавме вистинската смисла на тоа што значи да бидеме една заедница. Славата што се читаше во Истанбул одекна и во Скопје, во Пакистан, во Индонезија… Нашиот народ напиша славна епопеја што  со гордост ќе се памети до Судниот ден“, порача денес во својот говор по повод […]

Данска сака да помогне да се направат уставните измени


  Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и […]

Милановиќ: Спорот меѓу Бугарија и Македонија е нивно внатрешно прашање


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен Радев во понеделникот изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Северна Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ и рече дека спорот меѓу Софија и Македонија е нивно внатрешно прашање. „Ми се чини […]

Радев: Македонија сама се блокира на патот кон ЕУ


  Македонија сама се блокира на патот кон Европската унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Ова во Загреб го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој кој е во официјална посета на Хрватска на покана на Зоран Милановиќ. Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата […]

Црвениот крст крст му додели медал, а Царината плакета на Мицкоски


  Минатата недела Црвениот крст на Македонија му додели медал на премиерот Христијан Мицкоски како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата. Во Црвениот крст Мицкоски најмногу разговараше за хуманираниот одговор на трагедијата во Кочани. Најдобро е да се биде до политиката, па Црвениот крст ја прескокна организацијата „Сапорт […]

Албанскиот претседател Бегај на средба со Ахмети


За време на вчерашната еднодневна посета на Охрид, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во објава на социјалните мрежи, претседателот Бегај го пофали придонесот на Албанците во Северна Македонија како одлучувачки фактор во процесите на градење на државата и во поддршката на евроатлантскиот курс […]