Ленче Ристоска: Два месеци ме клеветеа и укажуваа дека треба да ја повлечам кандидатурата


Обвинителката Ленче Ристоска се огласи на Фејсбук откако Влада без објаснување ја повлече листата од тројца кандидати кои беа во трката за судија во Судот за човекови права во Стразбур. -Со оглед дека Владата одбива да даде појаснување за тоа кои критериуми не ги исполнуваме како кандидати, што е спротивно на препораките на Советот на […]

Салиу: Не сум осуден и не чувствувам никаква вина


 Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот […]

Ганиу: Дивоградбите во Чаир ги наследивме, Арсовска е мегафон на ДУИ


Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која преку фејсбук-статус неодамна побара негово апсење поради, како што наведе, „злосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и загрозување на безбедноста на граѓаните на Чаир“. Ганиу не само што ги негираше овие обвинувања, туку и ја обвини […]

СДСМ ги отфрли обвинувањата на Лефков како флагрантна лага и политичка монтажа


СДСМ ги отфрли обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, за наводна улога на екс премиерот Зоран заев во нарачување на пожари во Македонија  како – флагрантна лага и политичка монтажа. -Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од нивната неспособност да се справат со […]

Муртезани контра политиката на Собранието за Палестина


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се дистанцираше на некој начин од политиката на македонското Собрание за Палестина, каде што не помина резолуцијата со која се бараше да се отвори пат за хуманитарната помош во Газа. На заедничката прес конференција со ирскиот министер за европски прашања, Томас Бирн, Муртезани изјави дека, без оглед колку сме […]

СДСМ го обвини Тошковски дека ги враќа „партиските тефтерчиња“ во полицијата


  Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, остро реагираше на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, нарекувајќи ги директен обид за враќање на партиските „тефтерчиња“ и уривање на институционалниот интегритет. „Полицијата не смее да биде ничија политичка команда. А токму тоа се прави со овој закон. Ова е еден опасен, антиевропски закон, еден […]

Намалувањето на бројот на советниците во општините, според ДУИ, е за да се намали бројот на албанските


Демократската унија за интеграција изразува „длабоката индигнација“ за, според нив,  намерното и неоправдано молчење на Владата во врска со антиуставната и незаконска одлука што ги дискриминира општините со мнозинско албанско население и ја исклучува дијаспората од официјалното пресметување на бројот на населението. „Поминаа неколку дена откако беше јавно обелоденето намалувањето на бројот на советници во […]

Таравари ги објави кандидатите за градоначалници: За Гостивар – Лимани, за Сарај – Рамадани


Партијата Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе настапи со четворица свои кандидати на претстојните локални избори, кои треба да се одржат наесен. Одлуката за кандидатите била донесена на состанок на партиското раководство, кој синоќа се одржал во Тетово. Актуелниот градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, ќе се обиде да го освои вториот мандат, откако […]

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Бирн денеска во Скопје


Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн денеска е во работна посета на државава. Бирн ќе има средба со својот домаќин – министерот за европски прашања Орхан Муртзани, а ќе биде примен и од претседателката Гордана Силјановска Давкова.  Предвидено е Муртезани и Бирн да одржат и заедничка прс-конференција во Владата. Посетата на Бирн […]

ВМРО-ДПМНЕ со лажни обвинувања за Заев дека негов поранешен возач подметнал пожар


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција обвини дека поранешен возач на Зоран Заев бил уапсен за подметнување пожар, што експремиерот и некогашен струмички градоначалник категорично го демантира. Лефков, ја искористи оваа информација, која се покажа како лажна, да го посочи прстот кон актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, […]

Романското МНР откри зошто не стана амбасадор Жерновски


„Постапката за акредитација на Андреј Жерновски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт не беше завршена само поради дипломатска постапка и обичај, со оглед на тоа што изборот на новиот претседател на Северна Македонија се случи за време на процесот на акредитација“. Со овие зборови Министерството за надворешни работи на Романија […]

Собранието ја изгласа интерпелацијата на Коцевски, СДСМ се огради – немала правни последици


Пратениците во Собранието ја изгласаа интерпелацијата на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За неа гласаа 71 пратеник, при што никој не беше воздржан или против, што покажува дека за неа освен Левица како предлагач, гласало и парламентарното мнозинство. СДСМ пред расправата се огради бидејќи според нив гласањето нема да има правни последици, поради што и […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Левица за разрешување на јавниот обвинител


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако иницијативата доаѓа од партијата Левица и во неа стои дека ги поштедил кадрите на оваа партија од истрагата за Кочани.  -На државата и трена независен, функционален и  храбар обвинител кој нема да молчи пред […]

Владата ќе си праќа свој судија во Стразбур, ја поништила листата на веќе кандидираните


Владата не ја прифатила предлог-листата со тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) – обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелацискиот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, со образложение – дека не ги исполнувале предвидените условите. Откако не ги прифатила кандидатите, Владата формирала нова комисија со нови членови кои ќе бираат […]

Таравари не сакал да биде дел од „политичката измама на ВЛЕН“


Алијансата за Албанците на Арбен Таравари реагира на, како што ги оценува, лажните изјави на претставниците на ВЛЕН, нагласувајќи дека враќањето во опозиција била принципиелна и неопходна одлука. -Арбен Таравари не ја напушти владата поради каприци или лични интереси. Тој си замина затоа што владата на ВМРО-ВЛЕН не ги исполни своите ветувања кон Албанците и […]

ВМРО-ДПМНЕ чека одговор што нема да дојде од Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ испрати денес соопштение со кое ја оживува идејата за заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент, што ја отфрлија сите кај нас и ја прогласија за „руски рулет“. Уште повеќе од власта јасно кажуваат која им била намерата, т.е. да покажат дека Бугарија не е искрена кога вели дека само внесување […]

И Европскиот фронт ќе има кандидат за градоначалник на Скопје


Европскиот фронт ќе има свој кандидат за градоначалник за Град Скопје, соопшти  потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, но не го откри името на кандидатот. „За Град Скопје, ДУИ и коалицијата што ја сочинуваме ќе има свој кандидат. Останува уште да се потврдат имињата на кандидатите и за другите општини, вклучително и за Скопје, од страна […]

СДСМ: МНР се претвора во партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ го обвини министерот Тимчо Муцунски дека откако е на оваа функција има целосен дебакл на надворешната политика, целосна партизација, непрофесионалност и урнисување на Министерството за надворешни работи како институција. Според нив партиски кадри се унапредуваат на брза лента претворајќи го МНР во партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ.   -Под раководство на Муцунски, резултатите на надворешен […]

Екс градоначалникот Едмонд Темелко повторно „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ?


Во пресрет на изборите во Македонија, наши високи функционери зачестено престојуваат во Албанија од каде што вообичаено очекуваат голем број на гласови, како што се покажа во минатиот мандат – и со фалсификувања. Викендов премиерот христијан Мицкоски беше исто така во Албанија, наводно за фолклорен фестивал, а домаќин му беше истиот Темелко, против кого се […]

ВЛЕН: Нема член на семејството на Ахмети кој не стана бизнисмен


ВЛЕН  ја нападна Демократската унија за интеграција тврдејќи нема никакви резултати  пет месеци по Декларацијата за внатрепартиски ветинг, бидејќи таа служела само за политички маркетинг. Според владејачката коалиција, ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство тогаш би требало да оди во политичка пензија. Причините за таа пензија се презентирани во форма на список, за четири […]