По цел ден молчење градоначалникот на Кочани поднесе оставка


  Откако вчера беше исчезнат цел ден во време голема трагедија го снајде неговиот град Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов денеска поднесе неотповиклива оставка. Македонската јавност, а особено неговите сограѓани, беа целосно зачудени зошто го нема градоначалникот Папазов во најтрагичните моменти за неговиот град и дури попладнето по големите реакции се јави со објава на Фејсбук. …

По цел ден молчење градоначалникот на Кочани поднесе оставка Read More »

Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани


  Во Бугарија утре, вторник, 18 март, ќе биде прогласен за ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Жељасков во врска со големата трагедија во Кочани, каде во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Бугарскиот премиер изрази сочувство …

Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани Read More »

Адеми: Институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за се што се случило


Целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани, изјави ноќеска потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми. ДУИ, посочи Адеми, бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на …

Адеми: Институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за се што се случило Read More »

Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“


Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани. „Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, …

Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“ Read More »

Фрчкоски: Монструозна операција на властите за контрола на штетата


  Поранешниот министер и амбасадор, Љубомир Фрчкоски, вели дека денеска е во тек „монструозната операција која се води сега за ‘контрола на штетата’ од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни“ по трагедијата во дискотеката во Кочани. „Завлегувајки во некои апсења, потерници, во дебати кој ја издал и до кога важела лиценцата за клубот, во ароганција …

Фрчкоски: Монструозна операција на властите за контрола на штетата Read More »

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем


  „Ми се кине срцето и немам сила да зборувам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен“ – со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски ја отвори прес-конференцијата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани. Во театрален тон тој рече дека несреќата е резултат на систем кој се градел со децении, во време на …

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем Read More »

СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо)


  СДСМ ја нарече „стравична“ леснотијата со која министерот Панче Тошковски ја отфрли одговорноста од себе околу несреќата во Кочани. „Се случи огромна трагедија во која што животот го загубија речиси 60 лица, пред се млади луѓе. Болката од оваа трагедија е огромна и неизлечива. Изразуваме искрено и длабоко сочуство на семејествата и нивните блиски …

СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо) Read More »

Сиљановска-Давкова: Никогаш повеќе да не дозволиме со манипулации да се загрозуват невини животи


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не треба никогаш повеќе да дозволиме поради манипулација, корупција и занемарување на стандарди да страдаат невини жртви. Во попладневното обраќање по трагедијата во кочанксата дискотека, каде животот го загубија 59 млади луѓе, а 155 беа повредени, Сиљановска-Давкова рече дека најтешко повредените се транспортираат на специјализираните болници во Бугарија, Србија, Грција …

Сиљановска-Давкова: Никогаш повеќе да не дозволиме со манипулации да се загрозуват невини животи Read More »

Ивон Величковски: Македонија е земја на некролози испишани од алчност


Од денес сме поделени: На една страна сте вие што за пари го уништивте системот и секој ден не убивате по дискотеки, улици, автобуси и болници.На другата страна сме ние – мнозинството што веќе не сака земја на некролози испишани поради вашата алчност, напиша на Фејсбук политичарот Ивон Величковски. – Од оваа поделба нема назад. …

Ивон Величковски: Македонија е земја на некролози испишани од алчност Read More »

Владата донесе одлука да се проверат сите дискотеки, ноќни клубови и кабареа


Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани. На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им …

Владата донесе одлука да се проверат сите дискотеки, ноќни клубови и кабареа Read More »

(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот


„Осомничени се 20 лица, 15 од нив во полициска станица, дел од осомничените се починати, а дел се во болница“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција за пожарот во дискотеката во Кочани. Според него, четири од осомничените лица со обезбедување во  болница – два члена на бендот, син на сопственикот на …

(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот Read More »

На градоначалникот Папазов му „гори“ фотелјата


По трагедијата која се случи ноќеска во Кочани каде загинаа 59 луѓе во пожар во дискотека, градоначалникот Љупчо Папазов не е меѓу приведените. Тој на прес-конференција ќе каже дали ќе си поднесе оставка. За тоа кој дал дозвола за работа на дискотеката, за СДК рекол да се стрпат.  „Не, еве сме тука со министерот, обвинителите“, рекол тој откако …

На градоначалникот Папазов му „гори“ фотелјата Read More »

Реакции: Системската корупција нѐ убива!


На социјалните мрежи има бројни реакции на јавни личности и на граѓани околу трагедијата што не разбури утрово а се случи во Кочани. Поентата од сите нив е дека неодговорноста не убива и ништо не се прави да се смени системот. Еве некои од нив:   „Години на молк секогаш водат до минута молк. Оваа педа …

Реакции: Системската корупција нѐ убива! Read More »

Мицкоски разговарал со Руте за активирање на НАТО системот за справување со несреќи


Премиерот Христијан Мицкоски разговорал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. „Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот …

Мицкоски разговарал со Руте за активирање на НАТО системот за справување со несреќи Read More »

Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. – Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време, напиша Фон Дер Лајен на Х. Сочуство за несреќата инаку изразија многу соседски …

Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време Read More »

И Зеленски изрази сочуство за трагедијата во Македонија


Претседателот на Украина,Володимир Зеленски, изрази сочувство и солидарност со македонскиот народ:   „Трагични вести за смртоносниот пожар во Кочани. Моите сочувства до семејствата и блиските на жртвите, до претседателката Гордана Сиљаниовска Давкова и до македонскиот народ. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина тагува заедно со нашите македонски пријатели на овој тажен ден“м напиша зеленски …

И Зеленски изрази сочуство за трагедијата во Македонија Read More »

Муцунски ја координира понудената помош од странски земји


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски им изрази благодарност на сите странски влади што понудија помош околу трагедијата во Кочани и најави дека им стои на помош за координација со надлежните институции. -Тежок и тажен ден за државата.Нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија.На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата …

Муцунски ја координира понудената помош од странски земји Read More »

Андреја Јанков од Левица: Ова е нашата настрешница


Андреај Јанков од партијата Левица напиша статус на Фејсбук во кој трагедијата во Кочани ја нарече „наша настрешница“. -Овакви работи се случуваат кога на несоодветни места, со несоодветна вентилација, начин на евакуација, се прават дискотеки и ноќни барови, само затоа што газдата е другарче со некој локален партиски моќник. Кога во општина им се одобрува …

Андреја Јанков од Левица: Ова е нашата настрешница Read More »