Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува предлог за министер за здравство, за кој најавува дека ќе се проценува според квалификациите на кандидатот. Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека најдоцна до наредната недела до пратениците ќе бидат доставени имиња за членови на Владата, по повлекувањето на Арбен Таравари од АА и неговите кадри.   -Јас очекувам …

Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство Read More »

Меџити: На балансерот му помина рокот


  Прв пат после 20 години една Влада имаше храброст да го отвори прашањето за балансерот и да го реши со закон за правична застапеност, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. Дваесет години, нагласи тој, каснат со тоа …

Меџити: На балансерот му помина рокот Read More »

Сиљановска очекува средба со Радев – Австрија се нудела како медијатор


Работата не е завршена додека земји од Унијата се нудат за медијација, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана за изјавата на претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. Иако Кошта рече дека нема простор за што повеќе да се разговара, Сиљановска вели дека патишта за разговор постојат, откривајќи дека има понуди од Австрија и Обединетото …

Сиљановска очекува средба со Радев – Австрија се нудела како медијатор Read More »

СДСМ се сомнева дека Александар Јанев бил незаконски назначен на чело на БЈБ


  Опозициската СДСМ денеска по информациите објавени во неколку медиуми и поднесената анонимна претставка до ДКСК го доведува во прашање назначувањето на Александар Јанев за директор на Бирото за јавна безбедност поради основани сомнежи за незаконитост на неговата диплома за магистерски студии на Универзитетот Скопје.   „Во неговата официјална биографија објавена на страната на МВР нема …

СДСМ се сомнева дека Александар Јанев бил незаконски назначен на чело на БЈБ Read More »

Според Касами сега има и трета Алијанса за Албанците


 Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами, по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса …

Според Касами сега има и трета Алијанса за Албанците Read More »

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајцата заменици министри


Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари и на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети и во Министерството за одбрана, Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа …

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајцата заменици министри Read More »

Левица: Втор случај на осудени членови на партијата


Левица се жали дека членовите нѐ нејзината партија се под засилен притисок и дека деновиве е изречена судска казна за двајца од нив.  -Деновиве пристигна уште една пресуда на вмровското режимско судство, каде советници на Левица експедитивно се прогласени за виновни за клевета! Минатата година, Левица објави шокантни податоци за расфрлање со народни пари на …

Левица: Втор случај на осудени членови на партијата Read More »

Ванковска: Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам?


Професорката и поранешен кандидат за претседател на државата, Билјана Ванковска со една реченица го опиша Договорот за стратешко пријателство со Велика Британија и заемот од 6 милијарди евра. Ванковска се сомнева во договорот на македонската со британската влада. -Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам, па и уште знак за вклопување во …

Ванковска: Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам? Read More »

Уставен суд стави рамка на измените со кои се зголеми бројот на потписите за независните


Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Со тоа ќе им се овозможи на независните кандидати и граѓанските листи полесно да дојдат до потребниот број потписи, а не во …

Уставен суд стави рамка на измените со кои се зголеми бројот на потписите за независните Read More »

Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името


И Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за застојот во евроинтеграцијата и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо на тој план освен што се жали, ги обвини претходните партии на власт, а пред се СДСМ. -Ако се развлечеше договорот 2-3 месеци и се добиеше поголема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедеше 2/3 мнозинство и тој …

Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името Read More »

Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена – на 20, 21, …

Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство Read More »

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа во второ читање е на дневен ред на собраниската Комисија за локална самоуправа. Со  измените се предлага преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина. Клучните измени се однесуваат на транспаретноста и отчетноста на градоначалниците, советите и службите …

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа Read More »

Половина од британските инвестиции во Западен Балкан се во Македонија, вели Лосон


Како историски момент во билатералните односи меѓу Британија и Македонија го оцени стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија, британискиот амбасадор Метју Лосон. Тој потенцира дека околу половина од британските инвестиции во целиот Западен Балкан се во земјава, а оти договорот Влада со Влада ќе значи продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. „Како …

Половина од британските инвестиции во Западен Балкан се во Македонија, вели Лосон Read More »

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“


Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го обвинуваше ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи за „продавање на македонскиот идентитет“ и велепредавство, сега одговори на новинарско прашање дали ќе покрене случај против него. Мицкоски рече дека тоа е работа на Обвинителството и дека тој нема намера лично да презема било какви чекори. „Ако некој треба да реагира, …

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“ Read More »

Двајца заменици-министри поднесоа оставки и застанаа зад Таравари


  По неколкуте пребези од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари денеска доскорешниот министер за здравство доби поддршка со заминувањето на двајца заменици-министри. Оставки поднесоа заменик-министерот за земјоделство, Флакрон Беџети, и заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили. Во објава на Фејсбук, во која ја приложува и потпишаната оставка, Безети напиша: „Ова беше 10-месечен период …

Двајца заменици-министри поднесоа оставки и застанаа зад Таравари Read More »

Кои држави имаат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство?


  Наспроти помпата со која беше објавен договорот за стратегиско партнерство на Македонија со Обединетото Кралство, во британските медиуми не може да се најде ни збор за него, ниту пак за шесте милијарди за кои сѐ уште не е јасно како ќе дојдат во државата  и од кого. Уште повеќе станува јасно дека договори како …

Кои држави имаат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство? Read More »

Сиљановска не може да се реши за предлог за гувернер. Ќе премерува уште неколку дена


  Иако минатата недела во емисијата „Вин Вин“ на Телма децидно најави дека во понеделник изутрина ќе го испрати својот предлог за нов гувернер до Собранието, изгледа дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се повлекла од таа своја резолутност затоа што сѐ уште ја нема донесено одлуката. Ниту пак пратено писмо до Собранието. Подобро речено, таа не …

Сиљановска не може да се реши за предлог за гувернер. Ќе премерува уште неколку дена Read More »

Филипче бара одговори за огромното задолжување од шест милијарди евра


  Владата треба да даде детали за огромното задолжување со шест милијарди евра што го подготвува и за тоа треба да биде информирана јавноста и парламентот, побара денес на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој изрази сериозна загриженост за недостатокот на транспарентност и информации поврзани со содржината на договорите за нов кредит. Тој рече …

Филипче бара одговори за огромното задолжување од шест милијарди евра Read More »

Левица: Владата ќе јаде лосос, лигњи и школки, за настраданите во Кочани не даде ни денар


Левица обвинува дека директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во април и мај склучил нови договори вредни милиони денари за, како што велат, владината трпеза. Според партијата, одвоени се 1.890.000 за пилешко месо; 441.000 за јајца; 1.680.000 за сирење и кашкавал; 1.549.000 за млеко и други млечни производи; 126.000 за …

Левица: Владата ќе јаде лосос, лигњи и школки, за настраданите во Кочани не даде ни денар Read More »

И Арбен Фетаи сака да биде горд


  Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција. Во писмо испратено до медиумите Фетаи им се обраќа на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, во кое вели дека тие не се само поддржувачи на партија, …

И Арбен Фетаи сака да биде горд Read More »