Седница на Собранието


Собранието денеска треба да ја одржи 55. седница со расправа по ратификации и закони од повеќе области. На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија …

Седница на Собранието Read More »

Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава


 Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.    Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот беше на дневен ред за усвојување на седницата на АФЕТ на 4 …

Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава Read More »

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг


Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.  Во пресрет на Самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера порача дека …

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг Read More »

СДСМ за обраќањето на Мицкоски: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива


СДСМ во реакција по говорот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од функционирањето на Валдата посочи вечерва дека Македонија е понижена, осиромашена, задолжена и целосно девастирана. „Мицкоски зборува за енергетика во моменти кога се соочуваме со најлошата енергетска политика во историјата на државата. За прв пат во 35 години РЕК Битола не работи …

СДСМ за обраќањето на Мицкоски: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива Read More »

Eдна година Влада: Мицкоски најави „5-та и 6-та брзина“ во економијата и битка против „бандитизмот“ од политички и бизнис структури


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во свечен говор пред седиштето на Владата во Скопје, по повод една година од функционирањето на Владата, најави „петта и шеста“ брзина во економијата и битка против, како што рече „бандитизмот“ создаден од политички и бизнис структури. За разлика од претходните негови изјави за работењето во изминатата една година, во кои …

Eдна година Влада: Мицкоски најави „5-та и 6-та брзина“ во економијата и битка против „бандитизмот“ од политички и бизнис структури Read More »

За Георгиев, извештајот на ЕП за Македонија не е меѓународно правно обврзувачки


Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на вонреден состанок на неговите колеги. – Го почитуваме ЕП и неговите извештаи. Секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги …

За Георгиев, извештајот на ЕП за Македонија не е меѓународно правно обврзувачки Read More »

Нова Предлог одлука за именување на членови на Советот на АВМУ, Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која во предложениот состав на Советот за кој претходно беше завршена расправата, но Собранието не го усвои, се предлага на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по …

Нова Предлог одлука за именување на членови на Советот на АВМУ, Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани Read More »

Министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Хаг


На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од Министерството. На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно …

Министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Хаг Read More »

Ќоку: Законот за правична застапеност утре поминува на Влада и се очекува наскоро да дојде во парламентарна процедура


Координаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во законодавниот дом порача дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен, откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи ги за деградирање на албанскиот јазик и …

Ќоку: Законот за правична застапеност утре поминува на Влада и се очекува наскоро да дојде во парламентарна процедура Read More »

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани


Денеска се одржа седница на Комисијата за политика демографија и млади која што беше свикана од страна на претседателот на собранието, Африм Гаши врз основа членот 126 кој е решение беше задолжена пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ таа да ја води оваа седница. Меѓу другите точки на дневен ред се најде и точката на предлог-законот …

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани Read More »

Предлог-законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници го поминаа комисискиот филтер


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 33 седница ги усвои Предлог законите за вработените во јавниот сектор, за административни службеници и  за стручно усовршување и обука на административните службеници во прво читање и ги даде на понатамошна собраниска постапка. Министерот Горан Минчев во своето обраќање од говорницата ги образложи Предлог законите пред …

Предлог-законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници го поминаа комисискиот филтер Read More »

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан


  Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј …

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан Read More »

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан


Специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, во коментар за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија, порачува дека целта на нејзината земја е да им се помогне на земјите од регионот да ја завршат евроатлантската интеграција и да обезбедат подобар, постабилен и попросперитетен живот за своите граѓани. Текстот …

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан Read More »

Ќе се проширува Европскиот фронт


Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети денеска на прес-конференција најави дека коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии. Уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик.  На новинарско прашање поврзано за …

Ќе се проширува Европскиот фронт Read More »

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.  Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот …

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик Read More »

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ, формира „Коалиција за зелена иднина“


Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година (сабота) донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност, соопштија од ДОМ. Првата одлука се однесува на напуштање на коалицијата со СДСМ и истата претставува принципиелен исчекор …

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ, формира „Коалиција за зелена иднина“ Read More »

Седници на седум собраниски комисии


 Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за социјална политика, демографија и млади, за надворешна политика и надворешна трговија, за култура и туризам, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.  На дневен …

Седници на седум собраниски комисии Read More »

Отчет за сработеното во првата година на Владата


Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, …

Отчет за сработеното во првата година на Владата Read More »

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење


Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс. Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. …

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење Read More »