Кошта и Кос го поздравија договорот за тунелот како чекор за градење доверба меѓу Скопје и Софија


  Европската унија го поздрави договорот меѓу Македонија и Бугарија за изградбата на тунелот за железницата на Деве Баир како чекор за градење доверба меѓу двете земји чии односи се прилично напрегнати. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за свеченоста во Ѓуешево реагираше на Икс: „Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот […]

Место да одговорат на обвинувањата дека ги манипулирале изборите, ВМРО-ДПМНЕ му се закануваат на Јакимовски со ревизија


Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ предизвикани од вчерашните тешки обвинувања на досегашниот градоначалник дека победата му е „украдена“. „Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, […]

Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања


Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница. На дневен ред на седницата е Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 и 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остаток на мандат за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Каде го снема Орхан Муртезани, министерот за европски прашања


  Го немаше во Брисел во вторникот за време на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Од другата страна на масата, освен премиерот, беше министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и советникот на Мицкоски за надворешно-политички прашања, Сашо Марковски. Министерот во чија надлежност се европските прашања на Македонија, Орхан […]

Рокас: Веќе во три извештаи на ЕК немате напредок во борбата со корупцијата!


  Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски „извештајчето“ за тоа каде е нашата држава во приближувањето кон Европската Унија. И додека премиерот ги посочи главно попозитивните оценки, Рокас ги наброја сите политики околу кои Владата не покажува напредок, при што како што рече – веќе во три […]

Мицкоски контра ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во СДСМ е нивна внатрешна работа


  Изутринава ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на Викторија Андоновска рече дека „време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине“, за подоцна премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, да изјави дека случувањата во СДСМ и ДУИ се нивни внатрешни прашања: „Тоа е нивна работа“. „Ова не е случаен резултат. Ова […]

Мицкоски бил исклучително задоволен од „извештајчето“ на ЕУ, а Македонија била пред Албанија


  Премиерот не верува многу во зборовите на Европската комисија, и иако неговата партија го нарече Извештајот на Европската комисија „извештајче“, тој е „исклучително задоволен“. Христијан Мицкоски без да даде аргументи или факти денеска тврдеше дека Македонија е многу пред Албанија, иако Тирана веќе има отворено пет шод шесте преговарачки поглавја, а Македонија ниедно. Тој […]

Јакимовски обвини дека била „украдена“ волјата на граѓаните во Карпош на изборите


По тесниот пораз во општина Карпош на локалните избори, Стевчо Јакимовски, го оцени изборниот процес како системска злоупотреба, обвинувајќи за поткуп и принуда на гласачи, за контролирани медиуми, инсталации на избирачки места до, како што вели, организирано „крадење“ на волјата на граѓаните. Разликата од 1.134 гласа меѓу него и неговиот противкандидат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ […]

Министерката Јаневска ќе ја почитува одлуката на премиерот ако реши да ја смени


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи.  На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека […]

Да ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри: Мицкоски за извештајот на ЕУ


Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со […]

Бугарија и Македонија ќе го потпишат договорот за тунелот на англиски јазик на барање на Скопје


  Бугарија и Македонија денес го потпишуваат договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел на границата меѓу двете земји. Документот ќе биде потпишан на англиски јазик на барање на Скопје, објави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов за време на владината седница на 3 ноември, кога беше одобрен договорот. Потписите под документот ќе […]

Мицкоски негира дека ВЛЕН ќе добие уште едно министерско место


Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Општина Петровец зборуваше за реконструкција на Владата. „Тоа што Меџити сега ќе биде градоначалник не значи дека нашиот коалициски партнер ќе има ресор повеќе. Имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет. Сега сме фокусирани на Конгресот на 6. декември […]

„Сите за Палестина“ на средба со Сиљановска


Гласањето на Македонија да не се поддржи правото на самоопределување на Палестина и на палестинскиот народ е срамно, а впрочем и останатите гласања каде Македонија гласа воздржано или против Палестина се суштински различни од заложбите и историјата на Македонија, порачуваат од Иницијативата „Сите за Палестина“,  чии преставници денес имаа средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, […]

Муцунски не сака „решение по секоја цена“ со Бугарија, се пофали со оценките за надворешната политика од ЕК


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека токму надворешната политика и регионалната соработка се највисоко оценети во новиот извештај на Европската комисија за земјата. Како клучни аргументи ги наведе високото ниво на усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и „историското партнерство“ во одбраната и безбедноста, одржано и во […]

СДСМ: Европската унија потврди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна


„Со робусно ‘извештајче’ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска. ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски“, стои во денешното соопштението од СДСМ. Од партијата на Филипче велат дека ЕК дава јасни, детални […]

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева


  Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.   „Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од […]

Во Брисел промовирана публикацијата: „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“


Во Европскиот парламент во Брисел беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“, која ја истакнува важноста на демократските вредности, дигиталната медиумска писменост, образованието и граѓанското учество, како ефикасни алатки за справување со негативните трендови и зајакнување на проевропското расположение кај младите.  Во обраќање на промоцијата, словенечката европратеничка Ирена […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Извештајот на ЕУ – „извештајче“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение призна дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е лош и него го оквалификува како метод на притисок. А во исто време тврди дека е „реален“. Во едно конфузно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека „извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел […]

„Државата е во целосен застој и оди назад“: Филипче за Извештајот на ЕУ


  Македонија е застаната и почнува да се движи назад, додека другите кандидати одат напред кон ЕУ. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој рече дека Брисел испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата со владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Се случи […]