Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата


 Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ. Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“


Од невремето во Скопје, има паднат лимени огради на коловозот на потегот кај хотел „Русија“ до хотел „Хилтон“, во Аеродром. Паднати дрвја, покриви и огради на повеќе места го оневозможуваат сообраќајот во главниот град.  Некои улици се поплавени, па возилата едвај се движат.  Се повикува на внимателност при возењето, а ако нема потреба да не …

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“ Read More »

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео)


Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК. По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви… – Од невремето кое вечерва го …

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео) Read More »

Невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје


Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток. Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и …

Невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје Read More »

Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје


Приватните превозници од понеделник нема да возат. Трите фирми се договориле да нема протести и да не го блокираат Скопје. Во понеделник ќе возат од 5 до 10 часот наутро, а потоа ќе се вратат назад во гаражите. Ова за Сител го кажа возач кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека причина за ваквата …

Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје Read More »

Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денот го поминал во својот кабинет каде телефонски разговарал со повеќе од 50 граѓани за нивните проблеми, потреби и идеи Информираше дека барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон решавање, а сите останати граѓани кои се соочуваат со некаов проблем, можат да се јават на 02/2785400 и …

Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода Read More »

Приватните превозници повторно најавуваат протест, нема да сообраќаат поради долг?!


Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз. Приватните превозници најавија протест во понеделник, пишува Телма. Според нив, приватните автобуси нема да сообраќаат во понеделник, туку ќе останат паркирани во гаражите. Ваква одлука донеле приватниците, кои тврдат дека не добиле пари од јануари, потребни за да може да работат. Дел од нив, се пожалиле …

Приватните превозници повторно најавуваат протест, нема да сообраќаат поради долг?! Read More »

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“


 Утре од 15:00 часот во централното градско подрачје во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“. – Утре во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе …

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“ Read More »

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и …

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени Read More »

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Денеска и утре по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. – Имено, од 06:00 часот денеска и утре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, …

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Утре бесплатен паркинг во Центар


По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму. 

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар


На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на …

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар Read More »

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Задушница


  На 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, соопштија од МВР. Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, …

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Задушница Read More »

Се мијат скопските улици


ЈП Комунална хигиена-Скопје во изминатиов период континуирано спроведува машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со употреба на автоцистерни. Овој вид на одржување на хигиената на сообраќајните површини се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци. Согласно Оперативниот …

Се мијат скопските улици Read More »

Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени


Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Денеска ќе …

Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени Read More »

Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа. -Ова е втора година по ред, а …

Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода Read More »

Обновена хоризонталната сигнализација во Буњаковец


Службата за бележење на хоризонтална сигнализација на ЈП Паркинзи на Општина Центар изврши обновување на сигнализацијата во сектор Буњаковец во околината на Општинското Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ и градинката „13 Ноември“ како и во сектор Пролет ООУ „11 Октомври“. – Во наредниот период службите продолжуваат со бележење во зоните на образовните институции кои се …

Обновена хоризонталната сигнализација во Буњаковец Read More »

Без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден


Без струја денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман. Во Бутел, струја ќе нема …

Без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден Read More »

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден


 Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман. Во Бутел, струја ќе нема …

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден Read More »

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери?


Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата. Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена …

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери? Read More »