Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“


Без водоснабдување денеска од 09 часот ќе бидат жителите на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Причина за прекинот е дефект на улицата „Дижонска 17“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Без струја делови од неколку скопски општини


Без напојување со електрична енергија времено во текот на денот ќе останат делови од неколку скопски општини.  Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Павле Божинов во општина Гази Баба, од 08 до 12 часот […]

Без вода делови од Центар, Карпош и Бутел


Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од жителите лоцирани на улиците „Васил Ѓорѓов“ број 19, „Народен Фронт“ и „Христо Смирненски“ број 13, а од 10 часот дел од жителите од улицата „Александар Урдаревски“.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради уличен дефект на „Васил Ѓорѓов“ број 19, прекин во […]

Поставен камен-темелник за новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“


Со свечено поставување на камен-темелник денеска официјално започна изградбата на новата спортска сала во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, со што стартува втората фаза од доградбата на ова училиште – еден од најзначајните и најголеми капитални проекти во Општина Аеродром. На површина од 1.800 метри квадратни, втората фаза опфаќа изградба на современа спортска […]

На Денот на ослободувањето на Скопје, новиот градоначалник рече дека се бори против запоставеноста и нечистотијата


Денес, на годишнината од ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, пред споменикот на ослободителите во близина на зградата на Владата, но претходно и на Партизанските гробишта во Бутел, бројни делегации положија свежо цвеќе. – Денес, оддаваме почит на паднатите херои пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски. На 13 Ноември, […]

Црвен крст на Град Скопје ја одбележува Неделата на грижа за старите лица


  Црвен крст на Град Скопје, во периодот од 17 до 23 ноември, ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. Активностите се реализираат преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови“. Во рамките на оваа недела ќе се спроведуваат повеќе хуманитарни, […]

Целосно реконструирана улицата „21“ во Радишани


Целосно е реконструирана улицата „21“ во Радишани, во должина од 450 метри. Локалната самоуправа обезбеди дополнителни паркинг-места и го исполни барањето на жителите на улица „21“, во населеното место Расадник. Покрај тоа, наскоро ќе започне реконструкција на улиците „Бутелска 2”, „Ангел Мојсковски”, „Александар Грличков” и „Љубинка Басотова”. Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната […]

Кривична за Блерим Беџети и други вработени во Град Скопје за време на Данела Арсовска


Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. […]

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето


По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Традиционално, вечер на […]

Дел од жителите на Центар без вода


 Дел од жителите на Општина Центар денеска поради дефект ќе бидат без водоснабдување, соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. -На ден 13.11.2025 година поради уличен дефект на ул. „8-ма Ударна Бригада“ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Италија, стои во […]

Како е ослободено Скопје – сведоштва на Михајло Апостолски


На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада […]

Без струја делови од Центар и Илинден


Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците улиците 8 и 8 во општина Илинден, информира РЦУК – Скопје. Од 08:30 до 12:30 часот, струја ќе немаат хотел Буши и делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“ во општина Центар.

Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – на повидок кружните текови


Градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. По завршувањето на правната постапка, веднаш се почнува со работа. – Ова е проект што претставува вистински пресврт за […]

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“


    Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие од околу 300 милиони евра.   Ѓорѓиевски рече дека и самиот тој имал средба со Финансиска полиција и дека покрај исплата на плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа […]

 Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало кај муралот на Горан Стефановски


Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, го организира „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, утре во 10:30 часот. На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на […]

Започнува изградбата на мегапаркот во Бутел


Запуштениот простор по должина на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мегапарк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8.000м2. Парковите се вистински зелени оази кои придонесуваат за поздрав […]

Аеродром воведува фискална едукација во основните училишта – ќе ги подучуваат едукатори од УЈП


Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како […]

Најавено големо украсување на Скопје за Нова година


Градот Скопје годинава повторно ќе добие новогодишни украси и организирана прослава на отворено. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во гостување на МРТ 1 изјави дека во петок на седница на Советот ќе биде предложен ребаланс на буџетот, со кој ќе се обезбедат средства за новогодишното китење и за дочекот на 2026 година. „Конечно Скопје ќе биде […]

Погледнете во што сѐ е лидер Општина Центар


Инвестираме во дигитализација за да ги направиме општинските услуги побрзи, поефикасни и подостапни за граѓаните. Наша цел е Општина Центар да биде дигитална, интерактивна и блиска до своите жители, вели градоначалникот Горан Герасимовски. Тој посочи дека општината го развива и надградува ГИС порталот, кој им овозможува на граѓаните брз и лесен пристап до информации и […]

Без вода повеќе улици во Шуто Оризари и една во Карпош


 Без вода денеска ќе бидат повеќе улици во општина Шуто Оризари поради промена на затворач на крстосницата на улиците „Индира Ганди“ и „Гвадалахара“, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Прекинато водоснабдување од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат улиците „Гвадалахара“, „Индира Ганди“, „Метохиска“, „Јован Хаџи Шишко“ и „Гарсија Лорка“. Воедно, поради […]