Момче нападнато од соученичка во средно училиште во Центар


16-годишно момче било нападнато од врсничка во средно училиште во скопски Центар.  – На 26.11.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, З.В.(47) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од негова соученичка, стои во денешниот полициски билтен.  Се преземаат мерки за расчистување […]

Градоначалниците во Скопје се договорија што ќе работат во следниот период


По подолго време, конечно денеска се одржа седница на Координативното тело на градоначалници, со која сите градоначалници во Скопје ќе се договорат за координирани акции со цел подобро живеење во главниот град. „Денес, во просториите на Град Скопје ја одржавме првата седница на Координативното тело на градоначалници, по повеќе од три години застој.Ова е нов […]

АХВ спроведува вонредни инспекциски контроли во 9 основни училишта во Општина Карпош, по вчерашното труење


Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали […]

Дела од отпад од пакување, изработени од ученици од цела Македонија, од утре ќе бидат изложени во „Сити мол“


Повеќе од 100 уметнички дела од отпад од пакување, изработени од ученици на возраст од 11 до 18 години од цела Македонија како и од Србија и Црна Гора, пристигнаа на повикот за учество на меѓународната изложба на дела „Творење и креирање на дела од отпад од пакување – 2025“, која оваа година се одржа […]

Левица предлага формирање градско енергетско претпријатие во Скопје


Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори, се вели во партиското соопштение. Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов […]

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај […]

Можни поплави во западните и северните краишта на земјава


Делови од државата денес влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Нови, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат на целата територија, а земјата веќе е заситена со влага, што значи дека секој дополнителен литар дожд може многу побрзо да […]

Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште


Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат […]

Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата


  Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало во Скопје. Сопственикот го проширил ресторанот на целиот тротоар и го заградил со цврсти материјали.  „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме […]

Континуирано ќе се врши чистење на кејот на Вардар


Се чисти кејот на реката Вардар.  – Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито, информираа од Град Скопје.  Како што информираше граодначалникот Орце Ѓорѓиевски, екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и […]

Силен ветер одложи и пренасочи неколку летови на скопскиот аеродром


Силниот ветер и лошите временски услови синоќа повторно го нарушија авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, што доведе до одложување и пренасочување на неколку летови. Според првичните информации, најмалку два авиолета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да се приближат до пистата и биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Летот од Франкфурт, […]

Тренд да се напуштаат кучиња! – „Лајка“ повикува на одговорност кај сопствениците на миленици


Се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.   Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, […]

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток


По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава […]

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето


ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето, информираат од претпијатието.  – Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени […]

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври


Општина Кисела Вода денеска  уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата […]

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен


Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари.   -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба […]

Скопје е најголем загадувач на Вардар, затоа треба да се доврши колекторскиот систем и пречистителната станица


Само преку активна и посветена вклученост на сите засегнати страни ќе го заштитиме од загадување и нерационално користење сливот на реката Вардар и ќе изградиме одржлив и ефикасен систем за управување со сите подземни и површински води во државата, е главната порака од настанот „Денови на Вардар 2025“. Преку дискусии, работилници и тренинзи, првиот настан […]

Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци


Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје и тоа на затворање на ударните дупки на коловизите, а паралелно се редат столпчиња, со кои ќе се отворат тротоарите за движење на пешаци, а не да бидат паркинзи за автомобили. „Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на […]

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование. „Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од […]

Со 70.000 евра новогодишно ќе се украсува Скопје – 13 метарска елка, светлосни декорации…


Скопје одвојува 70.000 евра за празнично украсување и новогодишна програма. Нови декорации, елка од 13 метри и големи светлосни инсталации ќе го разубават градот оваа зима. Градот Скопје и годинава влегува во трка со времето за да успее навреме да го подготви главниот град за празничниот декор кој традиционално се поставува во декември. Само пред […]