Ѓорѓиевски и Ристовски се зафатија со салата „Расадник“


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата „Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја […]

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина


Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок, како предупредување, ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, […]

Поради уличен дефект, без вода селата Батинци и Љубош


Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот. 

Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, […]

Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба


Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје. – Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што […]

Паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери – ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје


 Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице.  Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и […]

Пожар кај мостот „Близнак“ и кај Кванташки – зафатени се и куќи


Повеќе штети и пожари се пријавени попладнево во Центарот за управување со кризи откако Скопје беше зафатено од силни налети на ветар.  Добиена е пријава во врска со три покрива од магацинските објекти на фабрика „Славија“ лоцирани на улица „Жил Верн“ во скопската населба Кисела Вода за кои постои опасност да се откорнат. Во моментот […]

На телефон пријавете штети и паднати дрвја во Општина Аеродром


Откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме мобилни екипи на Општина Аеродром излегоа на терен и почнаа со расчистување на јавните површини. Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе […]

Дрво падна врз жена во Скопје


Силен ветер откорна дрвја во центарот на Скопје. Eдно дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21. Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците. Паднати голем […]

Поради најавите за врнежи „Водовод“ ги чисти шахтите и сливниците


Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, изведуваат засилени акции за одржување на атмосферската канализација поради најавените врнежи од дожд и засилен ветер. Покрај редовните активности, во текот на изминатите денови и од утрово, тимовите се на терен за расчистување на сливниците и шахтите, особено на критичните точки во градот. Распределени по реони, тимовите […]

Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини


Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината. Како што соопштија од општината, склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад. – Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на […]

Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини


Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје реализираше вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во Скопје. – Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на aрената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина […]

Прекинато водоснабдување за дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево


 Поради дефект на приклучна цевка од Ф – цол на ул. „Солунска глава“ 8 во Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево. ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Платете ги долговите кон „Водовод“ до 31 јули и нема да имате камата


„ЈП Водовод и канализација“ – Скопје спроведува акција за отплата на долговите за вода. Ако граѓаните ги платат сметките до 31 јули нема да им се пресметува камата за задоцнето плаќање „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати […]

Град Скопје доби 50.000 долари за младите да рециклираат


Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности.   Град Скопје е добитник на награда од 50.000 […]

Без вода неколку улици во Автокоманда


Поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (парк Шума Гази Баба), денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев, во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санација на дефектот. 

Pоденден на Кисела Вода: Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица со незаборавен концерт


По повод прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, вечер од 19 часот во паркот во Расадник ќе се одржи забава со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век  и многу други. Kако […]

Откажано уличното дефиле на француската трупа „Кидам“


Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето со жалење и со големо разочарување ве известуваат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани. Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, […]

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности


  Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. „На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има […]

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети


Слободни места за упис од гимназиите кои се наоѓаат на територија на Скопје и тоа за вториот уписен рок има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. Од МОН објавија дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“. Тестирање за […]