„Паркови и зеленило“ ја демантира Општина Аеродром


ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешната објава на Општина Аеродром со наслов ,,ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило“.  „ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, на булеварите, на собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град […]

Мицкоски ја прифаќа понудата на Данела Арсовска за соработка


 Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен  за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“. Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на […]

Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.Активностите се реализираа на улицата Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада. „Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (пластичарската улица) – на […]

Општина Аеродром се жали на исушените тревници, прстот го впери во „Паркови и зеленило“


Општина Аеродром ја информира јавноста дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, на  ЈП „Паркови и зеленило“, но  ова претпријатие не ги извршува квалитетно своите обврски. -Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова […]

Институциите мора да ни излезат во пресрет за ЈСП да биде самоодржливо и за обнова на возниот парк, вели директорот Кушовски


 За да стигнеме до самоодржливост мора институциите да ни излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење тековно да можеме да ги сервисираме нашите обврски, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Драги Кушовски во интервју за МИА. Кушовски додава дека ЈСП има обврски, но и свои побарувања од […]

Без вода дел од Добри Дол


Поради уличен дефект на водоводна цевка, без вода од 08:00 часот ќе бидат улиците број 2 и 4 во населба Добри Дол, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот. 

„Карпошово Културно лето 2024“ со македонски поп-пејачи


Културно-уметничката манифестација „Карпошово Културно лето 2024“ по 15 -ти пат ќе почне во понеделник на  19 август и ќе трае до 27-ми август. За оваа намена, Општина Карпош  издвои средства во висина од 2,5 милиони денари, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Стевче Јакимовски. Тој порача  дека оваа година, плоштадот „Делфина“ во Влае, девет дена ќе […]

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје: Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопските општини


ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Веќе се реализирани активностите во општината Ѓорче Петров, каде што беа подигнати и транспортирани околу 130 кубни метри кабаст отпад, како и во општината Карпош, каде што граѓаните одложиле вкупно 170 кубни метри стар мебел и покуќнина. Во моментов акцијата се […]

СДСМ објави што се блокирале ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје – од автобуси до еколошки програми


Изминати се точно 1.018 денови од кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја востоличија Арсовска за градоначалник на Скопје како „најуспешна менџерка“. Над 1.000 денови како ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседател на Советот и бројни членови на управните одбори во градот. За сите изминати катастрофални денови за нашето Скопје, изгубени за скопјани и пропадната шанса за […]

Ќе има бесплатни ранци за првоодделенците во Општина Центар


Општина Центар трета година по ред доделува бесплатни ранци за сите првоодделенци запишани во сите осум основни училишта во општината. Овојпат средствата се одвоени од општинскиот буџет. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во пресрет на новата учебна година им посакува среќен и успешен старт, примерно поведение и многу нови другарчиња. „Почетокот на новата учебна година секогаш носи големи исчекувања, возбуда и среќа особено за […]

Без струја делови од Визбегово и село Долно Лисиче


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел и Аеродром. Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН, од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населба Визбегово, поточно објектите лоцирани на стариот Качанички Пат, во […]

Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран


Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени […]

Две згради на улица „Јуриј Гагарин“ во Карпош добија нови фасади


Општина Карпош ги реконструира фасадите кои не се обновени уште од 1980 година, изјави денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој образложи што се работи во моментов и што е планирано да се реконструира во иднина. – На улицата ,,Јуриј Гагарин” се реконструирани две станбени згради со број 47 и 49, а претходно беше реконструирана фасада на […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци в петок и сабота во Скопје


Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот […]

(Видео) Изјави на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на ЈП за комунална хигиена и паркови и зеленило


Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило. Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање […]

Без вода корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир


 Корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир од 7.30 часот ќе немаат вода. Како што соопшти утрово ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на таа улица бр. 9 и ќе трае до негово отстранување. 

Без струја неколку скопски села


 Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град


На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници. Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во главниот град.  Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја […]

Повеќе скопски села утре без струја


Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

И Мицкоски се срами од Скопје полно со ѓубре


  „Да се случи тоа, Градот Скопје не успеа да ја врати навремено ратата која што беше дел од обврските за набавка на автобусите во минатото, таа е во висина нешто од над 50 милиони денари основен долг. Основниот долг е некаде околу 42, 43 милиони денари, другото е камата“, вели Христијан Мицкоски, претседател на […]