Еко-настан „Заедно за почиста општина“ во паркот „Авионче“ во општина Аеродром


Еко-настан „Заедно за почиста општина“ ќе се одржи денеска напладне во паркот „Авионче“ во општина Аеродром. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Најавени се и настапи на дуото ДНК, детскиот хор „Поточиња“ и танц групата „Аква […]

Без вода населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар


Без вода вечерва од 08.45 часот се корисниците од населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар. Причина за прекинот е дефект на ул.„Ордан Поп Јорданов“ 5 во населба Маџари и во тек е негово санирање, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Карпош е најзелена општина во главниот град, порача Јакимовски


Денеска, по повод роденденот на општина Карпош, трети ноември, на плоштадот „Кузман Јосифовски Питу”, се засадија првите садници во рамки на есенското зазеленување. Во оваа еко акција, предвидени се да се засадат вкупно 346 садници на територија на општината, и тоа листопадни и зимзелени дрвја од видот : горски јавор, каталпа, црвенолисна слива, албиција, црн […]

„Илинденска“ без вода во недела


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваaт дека на ден 03.11.2024 г. (Недела) поради дефект на улична цефка од ф 300мм на булеварот „Илинден“ бб-пред Влада без вода ќе останат корисниците на дел од булеварот „Илинден“ и дел од булеварот „ВМРО“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување на интервенцијата, се истакнува […]

Отворена манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“


Над 300 изложувачи и педесетина здруженија денеска ги претставуваат своите земјоделски производи и преработки од храна на манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ која ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ја отвори министерот Цветан Трипуновски кој истакна дека МЗШВ оваа година поддржува 56 вакви настани низ целата држава и дека доделило […]

Голем еко-настан „Заедно за почиста општина“ на 3 ноември во паркот „Авионче“ во Аеродром


Непрофитната компанија која управува со отпад од пакување и соработува со компании од голем број индустрии, „Еуро-Екопак“, заедно со општина Аеродром на 3 ноември (недела) во 12 часот ќе организира настан во паркот „Авионче“ во Скопје. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за […]

Герасимовски се пофали со проектите во Општина Центар во неговиот досегашен мандат


Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, […]

Дел од Аеродром утре без струја


Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре, без електрична енергија ќе биде дел од Аеродром. Во период од 9 до 14 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, „Тодор Александров“ и „Славејко Арсов“ во општина Аеродром ќе немаат струја.

Нема мораториум за нови животни во ЗОО, но ни одговор што понатаму


Советниците во Град Скопје, Драгана Велковска и Горјан Јовановски од Зелен хуман град поднесоа иницијатива за мораториум за внесување на нови животни во скопската Зоолошката градина која ќе се разгледува на седницаta на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток. Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град […]

В сабота во паркот „Авионче“ ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“


В сабота, во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче, ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Настанот почнува во 11 часот, а  ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ. „Со оваа […]

Роденденска крводарителска акција во Карпош


Во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември, Општина Карпош денеска организира традиционална крводарителска акција. Граѓаните од општина Карпош, но и други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даруваат крв, тоа ќе може да го сторат денеска од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Јан Амос Коменски“ […]

Промоција на стрипот „The Jitters“ од Стефан Николовски


Во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ денеска ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип во боја, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња, […]

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Арачиново. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Пандо Кљашев“ и дел од ул. „Стрмешево“, Пржино. Додека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја […]

Почнува 14. фестивал на виното „Виноскоп“


Фестивалот на виното „Виноскоп“, што ќе се одржува од денеска до 2 ноември годинава на плоштадот „Јадран“ во центарот на Скопје, ќе понуди врвни вина од над 30 винарии и врвни деликатеси. Најавена е и богата музичка програма со акцент на поддршка на македонската музичка сцена. На фестивалот ќе настапат: Куку Леле, Фолтин, Brass Brothers, […]

Се гради градинка за 100 деца во Стопански Двор


Во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров денеска официјално беше означен почетокот на градбата на нова детска градинка која ќе има капацитет за згрижување на над 100 деца, на површина од 415 квадратни метри на приземје и 483 квадратни мерки на прв кат. Проектот е со вредност од 60 милиони денари и е финансиран […]

Општина Аеродром спроведува анкета за зонско паркирање во Мичурин


Општина Аеродром по барање на граѓаните и во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин. Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за […]

Трет голем парк се гради во Хиподром 2


Започна со изградба најголемиот мега парк на територија на општина Гази Баба кои се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2. Изградбата на мега паркот ја објави градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во видео обраќање на социјалните мрежи. Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. […]

Дел од Општина Аеродром утре без струја


Без струја утре од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од жителите од булеварот „Јане Сандански“, околу бензинската пумпа на „Окта Петрол“ во Општина Аеродром.  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН. 

Автобуски билет со мобилен, без доближување до валидаторот


Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација ”Skopjebus”, промовираа од Град Скопје. Како што појаснуваат од понеделникот, 28.10.2024 година, стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака. Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ. […]

ДЗР: ЈСП „Скопје“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на Град Скопје


 Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ ‘‘ Скопје, за 2023 година, во кој даваат неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ЈСП и се заклучува дека јавното претпријатие не е во состојба да обезбеди квалитетни […]