Поради дефект без вода болницата „Жан Митрев“


Поради дефект на ППХ (против пожарен Хидрант) Ф 80мм. на Бул. 8-ми Септември пред влезот накај болницатa „Жан Митрев“, со прекинато водоснабдување ќе биде болницата „Жан Митрев“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности. Цистерна со питка вода ке има на паркингот пред […]

„Дедо Мраз дојде со воз“ – Мултимедијален новогодишен настан на Железничката станица во Скопје


„Дедо Мраз дојде со воз“ е насловот на мултимедијалниот новогодишен настан, што ќе се одржи денеска на музејската поставка и перонот бр.1 на Железничката станица во Скопје. Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со јавните претпријатија Македонски железници АД Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура. -Најмладите, но и сите возрасни […]

„Водовод“: Водата во Скопје е безбедна за пиење


  Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење, соопшти надлежното јавно претпријатие откако вчера (21 декември) се изврши сериозен зафат за санација на водоводната мрежа во главниот град.   „Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет […]

Во среда, македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада


Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано […]

Скопје во следните три часа ќе добие вода – заврши санацијата


  Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата. „Би сакала да им се заблагодарам на техничките и […]

За неколку часа ќе има вода во Скопје – во завршна фаза санацијата на главниот градски водовод


 Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што посочуваат, операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа. Акцијата започна денеска во раните утрински […]

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа


 Откако Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода, денеска преку соопштение дава препораки за граѓаните откако ќе биде пуштена водата во водоводната мрежа. – Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано […]

Предновогодишна музичка програма „Аеродром пулсира vol.3”


Четиричасовна музичка предновогодишна програма со настап на домашни музички ѕвезди организира вечерва Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје. Настанот ќе почне од 18:30 часот пред платото на трговскиот центар, а како што најавуваат организаторите, ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара и Каролина Гочева. Покрај музичките настапи, организаторите најавуваат и […]

Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника


 На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.  Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани […]

Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа


Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат дека санацијата ќе заврши за најмногу 15 часа, а Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Поради најавената санација, изминатите денови беше забележана зголемена продажба на вода по маркетите. Според информациите од „Водовод […]

Амбициозниот план за Расадник во Кисела Вода доцни една година, ќе влезе во изборната 2025


  Реализирањето на големиот проект за новата амбициозно најавувана населба во скопската општина Кисела Вода би требало да почне да се спроведува во 2025, последната година од работата на овие општински власти. Попрецизно кажано, да почнат „техничките подготовки“ за помпезно најавуваниот проект. Со задоцнување од една година од најавеното, Општина Кисела Вода најавува дека на […]

Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси


Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил […]

Гази Баба објави Јавен повик за најубаво новогодишно украсување!


Општина Гази Баба објави Јавен повик за најубаво новогодишно украсување!  – По повод новогодишните и Божиќните празници ги повикувам жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме со свој придонес во новогодишното украсување, порача градоначалкникот на Гази Баба Бобан Стефковски.  За таа цел, општината обезбеди парични награди за најубаво […]

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит


Новото обележје на градот, „Гранд Скопје“, само оваа празнична сезона нуди единствена можност за нов дом во престижната „Grand View“ зграда. Во моменти кога најмногу размислувате за вашите најблиски и нивната сигурна иднина, обезбедувањето на удобно и квалитетно место за живеење е највредната инвестиција што можете да ја направите. „Grand View“ нуди разновиден избор на […]

Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на […]

Нема да дозволиме Скопје да ја изгуби титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, вели Љутков


Важно е со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Веќе стигнуваат интересни иницијативи во однос на програмите, иако загубивме година дена без помош од градот Скопје, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека е во комуникација со […]

Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа


Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска  ЈП „Водовод и […]

Скопје десетти најзагаден град во светот, прв во Европа


 Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во […]

Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15


Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија,  КСОМ.