Пак дојави за бомби, евакуирани шест училишта во Скопје и две во Штип


Рано утрово евакуирани се шест училишта поради дојави за бомби, јавија повеќе портали. Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани. Исто така, медиумите пренесуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба, а дојави за бомба имало и во училиште во Бутел, јави ТВ21. Според првичните информации, меѓу евакуираните […]

Национална работилница за управување со ризикот од поплави во Скопје


 Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) и Центарот за управување со знаење (ЦКМ) се домаќини на првата национална работилница за управување со ризикот од поплави. Како што информираат од ЦКМ, станува збор за дел од проектот „Urbanfloods“, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата „Interreg IPA ADRION“. Како што се појаснува, работилницата што ќе се […]

Итно копче за старите лица и во Центар


Градоначалникот на Општина Центар со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје, потпиша договор за реализација на проектот „Итно копче“. Со овој проект, локалната самоуправа воведува нова услуга за повозрасните жители над 65 години, со која им се обезбедува помош во итни ситуации во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година. „Итно копче […]

Нова он-лајн апликација за увид во статусот на барањата до Катастарот


Агенцијата за катастар на недвижности, во согласност со најавите, продолжува со дигитализација и модернизација на услугите, со цел целосна дигитална трансформација на институцијата. Од денес, официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот. Со новата апликација, се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните […]

Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба


 Без вода денеска од 9 часот се дел од корисниците од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-400 на улица „Џон Кенеди“.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Горно Нерези во Општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја […]

Без вода дел од корисниците на ул. „Максим Горки“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Максим Горки“ во Центар. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. „Максим Горки“ бр.13. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Математиката може да биде забавна – погледнете како учат дечињата од градинката „Орце Николов“


Малите истражувачи од ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје успешно реализираа eTwinning проекти Децата од групата „Јаболчиња“ при ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје, под водство на воспитувачот Лилјана Илиевска. Изминатата година активно учествуваа во два едукативни проекти преку онлајн платформата eTwinning – JOYFUL MATH и LET’S LEARN THROUGH ART. Со голема посветеност и радост, малите истражувачи […]

Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, а без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат објектите во кругот на поранешниот стопански објект на „Велурфлок“ во населбата Хром, општина Ѓорче Перов. Од 09:00 до […]

Панел-дискусија во Скопје по повод Светскиот ден за борба против рак


 Панел-дискусија ќе се реализира денеска во Скопје по повод Светскиот ден за борба против ракот. Со наслов „Обединети по единственост“ – „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава – предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот […]

По два месеци чекање пуштени во употреба шесте нови еко-автобуси, донација од ЕУ


Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да сообраќаат на […]

До крајот на 2025 година Пинтија го добива најголемиот ритејл парк – уште еден во Скопје?


Скопје го добива најголемиот ритејл парк, во Кисела Вода, најави денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а од фотографиите може да се види дека објектите се во фаза на карабина.   – Изградбата на Home Retail Park, најголем и прв трговски парк од ваков вид во Македонија, претставува значаен економски импулс за нашата општина – вели Ѓорѓиевски. […]

Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад


Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади со асистенција на униформирани полициски службеници. Во акцијата е одземена голема количина на различни видови отпад и извршено е уривање на три […]

Без вода дел од Центар


Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец. „Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците […]

Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај


Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.  Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот […]

Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова


Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.  Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка […]

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова


Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето. Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти. […]

Прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“


Прекин во водоснабдувањето денеска од 12:30 часот до завршување на работните активности имаат корисниците од улицата „Борис Трајковски“ од Стаклара до Цементара и уличките број 11:13 и 15, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Ве известуваме дека на ден 01.02.2025 г. поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 300мм. на улица „Борис Трајковски“ 73 […]

Ограничен сообраќаен режим на автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино поради симулациска вежба на МВР


На автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино денеска во 10 часот во организација на Министерството за внатрешни работи се изведува симулациска вежба, поради што на овој дел од од автопатот има ограничен режим на сообраќај. МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот.