Утрово без вода дел од Центар, кај МНР


 Утрово  од 08:20 часот вода нема да имаат корисниците од булеварот „Филип Втори Македонски“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Причина е водоводен дефект од ф 150 мм на булеварот „Филип Втори Македонски“ бб во Центар, а прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата.

„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје


На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и […]

Аеродром се фали дека по 15 години набавил механизација за зеленило – барем да ја употребат


Општина Аеродром, по цели 15 години, набави нова современа механизација за одржување на урбано зеленило, објави денеска општината, а сега се очекува и да ја употребат.   Користењето на оние машини што ги има се случува од ретко поретко. Ако претходно се користеа барем сезонски, во некој период од секое годишно време, сега тоа не […]

Арсовска на ново градилиште во Чаир, до Ганиу: Сите те знаат што човек си (видео)


Градоначалничката на Град Скопје, замина на втора дивоградба во Чаир и го прозва чаирскиот градоначалник, да дојде и да објасни зошто се гради и на ова градилиште. „Не ни се заканувај, не ни ги праќај овие со „поршиња“ да ни се закануваат“, му порачува во живо Арсовска на Висар Ганиу. Заклучува дека тие што ќе […]

Отворена регистрацијата за „Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици


Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина. […]

Данела Арсовска на терен на изградба на дивоградба во Чаир: Се расправа со работници и газди (во живо)


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен со половина од функционерите на градот, за да провери на едно градилиште кој поставил подвижен тоалет.  Речиси еден час, градоначалничката стримува во живо на Фејсбук, како се расправа со работник, возач на камион, за тоа дали има налог или не.  Стигна и газдарицата која му дава работа […]

Општина Центар повикува студенти на практикантство за 15.000 денари


Општина Центар објави јавен повик за практикантство, отворен од 19 до 29 мај 2025 година. Право на пријавување имаат студенти и апсолвенти од државни, приватни или меѓународни факултети, кои се жители на Општина Центар. ,,Со овој повик им даваме на младите можност за практично искуство и директен увид во работата на локалната самоуправа. Ова е […]

Дело од украинскиот скулптор Дроздовски во паркот во Чаир


Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година. На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот […]

Промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ на Милева Лазова


Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер во 18.30 часот ќе биде промовирана книгата  „Зборовезница на едно новинарско перо“ на авторката Милева Лазова. Промотори на книгата на Лазова, новинарка во „Македонско сонце“, се Валентина Георгиевска Парго и Лилјана Стоилковска, а модератор е Оливера Јовановски.  Настанот ќе биде збогатен со музички гости, Васил Атанасов на обоа, […]

Во јуни ќе се промовира новата генерација пожарникари


На Свечена академија на почетокот на јуни ќе се промовира новата генерација пожарникари и премиерно ќе се изврши презентација на иновативните средства со кои членовите на бригадата ќе отпочнат да делуваат на терен, беше кажано денеска на одбележувањето на Денот на македонските пожарникари во Скопје.    Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, беше одбележан […]

Се подобрува водоснабдувањето со главниот цевковод на бул. „Александар Македонски“


Градот Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот „Александар Македонски“, што во оваа фаза претставува изградба на подземната инфраструктура дел од големиот проект булевар „Хрватска“. Увид во работата на терен изврши тимот од Секторот за технички работи и развој, заедно со директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопјe, […]

Се обновува Паркот на езерата во Аеродром


Општина Аеродром периодов интензивно работи на комплетна реконструкција на Паркот на езерата, што се наоѓа покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“. Станува збор за прва голема реконструкција на овој парк од неговата изградба. Во паркот деновиве се поставува нова урбана опрема, односно клупи за седење и канти за отпадоци. Во […]

Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци – продолжува помошта за старите


Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија. Герасимовски, потенцира дека во изминатите години, во соработка со Црвениот крст се подобри квалитетот на живот […]

Јавна трибина со граѓаните на општина Ѓорче Петров за одговорно управување со био-отпадот


 Во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, ќе се одржи јавна трибина/средба со граѓаните на тема: „Одговорно управување со био-отпадот – чекор поблиску до циркуларна економија“. Целта на трибината е да се отвори јавна дебата за тековните состојби и проблеми со кои се соочува општината во управувањето со био-отпадот од домаќинствата и да се […]

Пожарот бил во ресторан во Лисиче – повреден сопственикот


МВР со детали за пожарот кој се случи доцна синоќа во скопско Лисиче. – На 18.05.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот […]

Отстранети над 130 кубни метри кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми од територијата на општина Ѓорче Петров


Во рамки на тековната акција за отстранување на кабаст отпад и еколошки ризични материјали, од територијата на општина Ѓорче Петров веќе се собрани и безбедно транспортирани над 130 м³ кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми. „Отпадот е депониран на соодветна локација – депонијата Дрисла, во согласност со еколошките стандарди. Акцијата опфати повеќе локации, […]

Повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик


Општина Центар ги поканува сите креативци, уметници и културни здруженија од територија на Центар да учествуваат во новиот јавен повик за изработка на мини мурали и графити на јавни простори. Овој повик е дел од Програмата за култура за 2025 година и има за цел да го разубави визуелниот изглед на општината и да го […]

Без струја делови од Центар, Аеродром и Сарај


Без електрична енергија денеска од 06:00 до 08:00 часот се корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2, како и објектите околу бизнис центарот во општина Центар, соопшти ЦУК. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот струја ќе немаат корисниците од село Крушопек во општина Сарај, од 08:30 до 15:30 […]

Поради пад на мрежа, пола Македонија утринава без струја


Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. -Станува збор за […]

Најмногу дожд наврна во Скопје


Во изминатото деноноќие најмногу дожд 6 литри на квадратен метар наврна во Скопје на мерното место кај Петровец, по што следи  Тетово со 4, Крушево со 3, Крива Паланка и Штип со по 2, а 1 литар на квадратен метар наврна во Охрид, Прилеп, Берово, Виница и Куманово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според […]