Скопјани маскирани прошетаа во сопствена режија – Градот ништо не организира


Речиси традиционално стана во Скопје за 1 Април – Денот на шегата плоштадот да биде полн со маскирани деца, а луѓето да се расположат со музика.  Но, годинава, тоа отсуствуваше. Оние кои маскирани се прошетаа низ плоштадот „Македонија“ тоа го направија по навика. Како што ја преспа Нова година, така градоначалничката Данела Арсовска го преспа …

Скопјани маскирани прошетаа во сопствена режија – Градот ништо не организира Read More »

Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време


Јавното сообраќајно претпријатије-Скопје ( ЈСП) известува дека од утре, вторник жичницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Од таму додаваат дека согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот …

Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време Read More »

Ќе се реконструира спортското игралиште во Нерези


Општина Карпош презеде иницијатива за целосна реконструкција и проширување на фудбалското игралиште кое се наоѓа на улица „Козле 8“, во реонот на населбата Нерези. Станува збор за спортски терен кој зафаќа површина од 540 м2, во чии рамки е поставена подлога од вештачка трева. За да се постигне поголема функционалност и безбедност бидејќи се наоѓа …

Ќе се реконструира спортското игралиште во Нерези Read More »

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно


Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе …

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно Read More »

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција


Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа. На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во …

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција Read More »

Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во Рамстор Мол


Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО маски! Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2024, …

Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во Рамстор Мол Read More »

Без вода дел од Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ѓорче Петров“, „Борис Сарафов“ и населбата Јурија, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“


 ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради промена на вентил од 1 во шахта на ул. „Букурешка“ бр. 31, без вода ќе останат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“


ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“. ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на …

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“ Read More »

Скопје доби нов мурал – како потсетник на солидарноста во општеството


Почнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, кој ќе се одвива во текот на целата година во организација на здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Ќе бидат промовирани повеќе мурали на кои работат тројца млади уметници, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државата, опфаќајќи тематики …

Скопје доби нов мурал – како потсетник на солидарноста во општеството Read More »

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби


Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им …

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби Read More »

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон


Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани.  – Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, …

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон Read More »

Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата


Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два. Како што информира за МИА Илина Додева, денеска им било ветено дека средствата ќе им бидат исплатени. – Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни …

Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата Read More »

„Макстил“ една година ќе се грижи за едно семејство со пет деца од СОС Детско село


Макстил е новиот стратешки партнер на СОС Детско село и станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Со потпишувањето на договорот меѓу компанијата и организацијата, Макстил започнува стратешка соработка со СОС Детско село, а кумството на куќата ќе значи поддршка на петте деца заедно со нивната згрижувачка. …

„Макстил“ една година ќе се грижи за едно семејство со пет деца од СОС Детско село Read More »

Што значи јавното-приватно партнерство за воведување „Смарт Аеродром“?


Проектот „Смарт Аеродром“ се спроведува со модел на јавно – приватно партнерство, а почетната инвестиција за набавка на целокупната опрема е трошок на приватниот партнер. Ваква најава за проектот општината пушти пред повеќе од една година, а пред две недели беше финализиран и потпишан договорот со компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“. Како општината нема да плати …

Што значи јавното-приватно партнерство за воведување „Смарт Аеродром“? Read More »

Зградата на поранешната фабрика Купром треба да биде културна оаза на Скопје, велат од Зелен Хуман Град


Зградата на поранешната фабрика Купром треба да биде културна оаза на Скопје, сметаа од Зелен Хуман Град. – Дозволувањето на вакви објекти да останат запуштени сред градска средина, или уште полошо, да се претворат во нови бетонски џунгли , ќе претставува уште еден пораз за Скопје. Локација совршена за културен центар, од настани, до галерии, …

Зградата на поранешната фабрика Купром треба да биде културна оаза на Скопје, велат од Зелен Хуман Град Read More »

Се реконтруира пешачкиот мост зад Владата


Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.   Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се …

Се реконтруира пешачкиот мост зад Владата Read More »

Делови од Батинци и Карпош без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе бидат дел од жителите од скопското село Батинци.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на улица „1“ без број во Батинци. Во истиот временски период без вода ќе бидат и дел од корисниците од општина Карпош, лоцирани на …

Делови од Батинци и Карпош без вода Read More »

Арсовска заедно со вработени од „Водовод“ чистеа на кејот – тоа е далеку од решение


Заедно со вработените на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација” реализиравме акција за чистење на кејот на Вардар, соопшти градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Во акцијата  учествуваа 70 вработени на претпријатието кои со собирање на ситните отпадоци во зелениот појас по должината на Вардар, пренесоа порака дека секој поединец преку своето совесно однесување може да …

Арсовска заедно со вработени од „Водовод“ чистеа на кејот – тоа е далеку од решение Read More »

Универзална сала доби нова купола


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Фејсбук, објави дека Универзална сала добила нова купола која ја замени старата. Таа напиша дека непречено се одвива првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала која ќе ја обликува надворешноста на зданието. „Ја крунисавме Универзална сала со поставување нова покривна купола. Во тек е реконструкцијата на препознатливиот елемент …

Универзална сала доби нова купола Read More »