Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест


Вработение од ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска повторно протестираа блокирајќи го булеварот „Илинден“ од 10 до 12 часот поради се уште неисплатената плата за август, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на […]

Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП


До понеделник 6 октомври 2025 година доколку не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска опственикот на „Јофи Бус“, Јовица Зафировски. – Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ кои […]

Владата се правда за немањето греење, имало дефекти


Владата денес испрати соопштение во кое објасни зошто одредени региони во градот немаат греење иако температирите се многу ниски во Скопје. „Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално започнува на 15 октомври. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да започне и порано – конкретно, од […]

Мултимедијален спектакл и диџеј сет „Скопје-Берлин-Париз“ на Бела ноќ во Сули ан


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Универзална Сала и град Скопје имаат чест да ве поканат на затворањето на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кое ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, од 20:00 часот, во Сули Ан, Стара чаршија, Скопје. […]

Арсовска: Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска обвинува дека локалните власти од Гази Баба, сами ствараат нелегални депонии, затоа што, тврди, комуналните општински камиони го одлагаат отпадот во близина на Јурум,лери. Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Возила со општински ознаки, […]

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на „Скопскиот маратон 2025“


На 05.10.2025 (недела) со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи „Скопскиот Маратон 2025“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и […]

(Фото) Сообраќаен хаос во Скопје


Попладнево сообраќајот во Скопје е во целосен хаос. Автомобилите се движат со брзина на полжав, а на крстосниците речиси е невозможно да се помине. Дождот, но и најавениот протест на граѓаните во Аеродром против Вардариште, придонесоа за речиси целосна сообраќајна блокада на метрополата. Тие како што беше најавено денеска протестираат од 15 до 18 часот […]

Рекорден број пријавени учесници за „Виз ер“ Скопски маратон 2025


 Повеќе од 14.000 тркачи се пријавени за 21.издание на Виз Ер скопски маратон што ќе се одржи в недела (5 октомври). Генерален покровител на оваа спортска манифестација е Министерството за спот. -Секогаш давам поддршка на манифестации кои промовираат спорт и вистински вредности. Вредности кои треба да ги вратиме како највисоко нешто во нашето општество, вредности […]

Герасимовски: Не потрошив ниту денар за непродуктивни трошоци


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски, што МИА го пренесува интегрално. Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот […]

Без вода делови од улиците „Женевска“, „Јоаким Осоговски“ во Карпош и „Салвадор Аљенде“ во Кисела Вода


Без вода неколку часа денеска ќе бидат делови од улиците „Женевска“ и „Јоаким Осоговски“ во општината Карпош и „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода. Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок, соопшти ЈП Водовод и канализација. Прекинато водоснабдувањето од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улиците […]

Без струја дел од Бардовци и Долно Лисиче


Без електрична енергија денеска во периодот од 06.00 до 16.00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани кај викенд населбата во Бардовци во општина Карпош, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 08.00 до 15.00 часот ќе немаат и корисниците од село Долно Лисиче лоцирани на потегот од Чатал кон Јурумлери.

Утре сообраќаен хаос во Скопје – Аеродромци протестираат од 15 до 18 часот


Утре, граѓани на Аеродром ќе протестираат против Вардариште со променета саатница. Односно, како што велат од иницијативата „Стоп за Вардариште“, поради игнорантскиот однос од инситуциите, протестите се интензивираат! Речиси еден месец дел од жителите на Аеродром, Ново Лисиче, а понекогаш поддржани од жители од Маџари, ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини […]

Нема решение за проблемите во „Флораком“ и „Луна“, утре протест поради неисплатена августовска плата


Трет ден, од 10 до 12 часот вработените од  ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова претпријатие, протестираа бидејќи во текот на вчерашниот ден не им беше исплатена августовската плата. Најавуваат протест и утре, на булевар „Илинден“, кај Матично.  – Се пристапи […]

ЕСМ: Поради студеното време од утре почнува грејната сезона


Ја информираме јавноста дека од 2 октомври започнува грејната сезона  за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е […]

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а. Водоснабдувањето во овие населени […]

Од 1 октомври почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од среда, 1 октомври 2024 година, ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско. Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – во сабота – од 07:00 до 14:00 часот. […]

Саем за деца викендов во „Борис Трајковски“ – запознајте ја жирафата Жижи, спортувајте, танцувајте


Детскиот саем Kid Expo 2025 ги отвора вратите за највозбудливиот забавен викенд за деца и возрасни, овој викенд – 4 и 5 октомври во големиот СЦ Борис Трајковски. Два дена исполнети со игра, музика, танц, спорт, креативни работилници и многу изложувачи. Посетителите ќе можат да уживаат во богата програма која се одвива на пет локации: […]

Bработените во ЈП „Паркови и зеленило“ протестираа – не зеле плата


Поради неисплатени плати и додатоци за плати денеска протестираа вработените во „Паркови и зеленило“, но и подфирмите „Флораком“ и „Луна“, кои бараат навремена исплата на нивните плати и останати бенфиции од договорите за работа. Протестот се оджа на булеварот „Илинден“, од каде испратија порака дека не се откажуваат од своите барања за исплата на се […]

Ѓорѓиевски ќе ja пробива улицата „Есенинова“ до „Шампионче“


Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“. -Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не […]

Герасимовски најавува бесплатен оброк за сите ученици


„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар […]