Изградбата на Универзална мрдна од место – избран изведувач


Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

Стојковски во сред изборна кампања почна изградба на детска градинка во Дексион


Актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров во Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бара уште еден мандат од своите сограѓани во недела, денеска почна со изградба на детска градинка, што е строго забрането со оглед на тоа што се наоѓаме во изборна кампања.  Тој денеска на социјалните медиуми се пофали со почеток на изградбата на […]

(Видео) Алпаките Фелиција и Кенди добија принова: црно-бел убавец во ЗОО Скопје


Пред неколку дена, во скопската зоолошка градина се родила нова алпака и тоа од тие ретките: црно-бели.  „Нашите алпаки Фелиција и Кенди станаа мама и тато на мал црно-бел убавец кој веднаш ни ги украде срцата.  Алпаките (Vicugna pacos) се припитомени животни од Јужна Америка, најмногу распространети во Перу, Боливија, Еквадор и Чиле.  Црнобелите алпаки […]

Без струја дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР


Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата од оваа улица, дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Од НОМАГАС бараат ЈСП Скопје да не се „вади“ на нив за проблемите со превозот. Снабдувањето со гас се нормализира утре


Испораката на гас до корисниците во земјава се очекува да се стабилизира утре, најавија денес преку соопштенито до медиумите од НОМАГАС. Од таму реагираат и на известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред, при што посочуваат дека ова јавно претпријатие веќе една година не е директен корисник преку станицата […]

УХМР со предупредување: Ноќва и утре обилен дожд


Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќва и утре особено во западните делови кога се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието, […]

ЈСП: Можно нарушување на возниот ред поради прекин во испораката на гас


ЈСП Скопје информира дека може да има редуциран градски превоз бидеќи е најавен прекин на испораката на природен гас. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени […]

Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја


Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје. Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар. Во периодот од 08:00 до […]

Без вода улиците „Ленинова“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар


 Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Ленинова“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар, а причина за прекинот е уличен дефект на улицата „Пиринска бр.45“. Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Водовод и канализација, информираат дека прекинот ќе биде од 09 часот се до остранување на […]

Започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“


  Депонијата „Дрисла“ почна да се оградува, односно да се дооградува, затоа што само мал дел од неа е оставен незаштитен, додека на другиот дел одамна има ограда.  Ова беше причина денеска таму да појдат првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и Орце Ѓорѓиевски кој е […]

Скопје удавено во ѓубре: Покрај какви контејнери ќе поминеме в недела за гласањето?


  Комуналниот отпад подолго време не се собира редовно, но последниот месец нема контејнер во Скопје што наутро не ве дочекува со грда слика. Преполн, прелеан, со отворени капаци, смрдлив и растечен… Јавна тајна е дека се работи за диверзија, но нејасно е кој кому подметнува. И едни и другите тврдат дека ѓубрето намерно се […]

Без струја корисници од неколку улици во Скопје и селото Долно Лисиче


ЕВН Македонија АД известување дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Скопје и селото Долно Лисиче.   Од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар), од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес […]

„Тоше, те сакаме“, музички настан на Детска улица во Ново Лисиче во четврток


На 16 октомври од 12 до 15 часот, на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче во Скопје ќе се одржи музички настан насловен „Тоше те сакаме“, во чест на Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007. Ќе настапат деца од градинките, училишни хорови и поп-пејачите Огнен Здравковски, Мартинијан […]

Железничката станица Скопје повеќе нема да биде големо рекламно пано и турбо-фолк хаб


  Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес-конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката […]

Нема метан за автобусите на ЈСП? Смислете како попладне ќе се вратите дома


Автобусите на ЈСП кои користат метан како гориво, попладневно најверојатно ќе се исклучат од сообраќај заради проблеми со дотурот на гас. Утрово во сообраќај беа зглобните автобуси од марката „МАН“, кои најчесто возат на долгите релации кои го поврзуваат источниот со западниот дел на градот, но попладне тие веројатно ќе бидат исклучени поради проблеми со […]

(Во живо) Ќе се реконструира Железничката станица во Скопје


Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска, ќе оджат прес-конференција на тема „Реконструкција на Железничка станица Скопје“.  Проследете ја во живо:

Без струја дел од Аеродром и Карпош


Без струја денеска ќе бидат жителите на неколку улици во Аеродром и Карпош. -На ден 14.10.2025 година (вторник ) без електрична енергија ќе останат: 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром); од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин (Општина Карпош) и од 09:00 до 14:00 […]

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Улицата „Белградска“ во Скопје од денеска е еднонасочна


Изминатиов викенд екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев”согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај. ЈП „Улици и патишта” Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да […]

Скопје повторно затрупано во смет, само Горан Герасимовски и Општина Центар чистат


И изминатиов викенд, додека целиот град беше затрупан во смет, само Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски повторно излегоа на терен и самостојно го исчистија сметот околу контејнерите, иако тоа не е нивна надлежност. Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“ не ја извршија својата работа, па Центар повторно мораше да ја преземе одговорноста и […]