Од понеделник МВР ќе ги известува за готови пасоши граѓаните што се фотографирале во МРТВ и во ПС Пролет


Од понеделник (19 февруари 2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС-порака дека документот им е готов за   да дојдат да го подигнат. Министерството за внатрешни работи соопшти дека го воведува овој начин на известување за да се олесни процесот за подигање готови патни исправи.  […]

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари. -Опожарен […]

Викендов ќе може да се скија на Попова Шапка – има снег!


Ски центарот Попова Шапка информира дека има двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар.  Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање. -Ги информираме љубителите на скијањето дека на […]

Пожар кај „Вип хотел“ во близина на Ист гејт


Утрово пожар избувнал кај Хотел „Вип“ во близина на Ист гејт. За среќа нема повредени лица, причинета е само материјална штета. На терен се противпожарни екипи. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата


Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.  – Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за […]

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи конститутивна седница. Новиот состав на ДКСК започна со работа пред една недела откако претседателката комисијата Татјана Димитровска и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, по изборот, во Собранието дадоа свечна […]

Без струја делови од општина Карпош и селата Буковиќ и Кучевиште


Без струја денеска од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од куќите околу пералната Smartwash на крстосницата на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и бараките до Факултетот за драмски уметности во општина Карпош. Како што информира РЦУК-Скопје, по известување дибиено од  ЕВН Македонија АД, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат […]

Сончево со северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус шест до два, а максималните ќе достигнат од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималните температури ќе се спуштат до минус три, а максималните ќе достигнат до 13 […]

ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се


Откако возачите на ЈСП најавиjа штрајк за утре, односно главниот град повторно да остане без градски превоз, од претпријатието велат дека за разлика од други претпријатија, платите кај нив не доцнат. – Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат […]

Грција се согласила за брза пруга Солун – Скопје – Белград – Будимпешта


  Брза железничка линија ќе ги поврзува Солун – Скопје – Белград – Будимпешта. Тој е дел од Трансевропскиот коридор 10. Грција последна се приклучи на проектот. Ова се случило за време на српско-грчкиот бизнис форум во Белград оваа недела, објавија српските медиуми. „Грчкото учество во изградбата на брзата железничка линија од Грција преку Северна […]

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата


Утре повторно нема да има јавен градски превоз во Скопје. Ова следува откако вработените во ЈСП не ја добиле платата за јануари. -Еве денеска е 15 февруари. Последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и директорот на ЈСП Скопје. […]

Граѓаните сакаат е-услуги кои ќе ги заштитат од корупција


Анализата на општинските е-услугите спроведена од страна на фондацијата Метаморфозис покажува дека се зголемуваат очекувањата и барањата од единиците на локалната самоуправа и дека граѓаните во суштина бараат електронски услуги кои ќе овозможат полесно извршување на услугите, а ќе ја намали нивната изложеност на корупција. На денешната презентација на Анализата беше истакнато дека недостасува стратешки […]

Коцевски ќе покренува истраги за сите пријави за кои има докази


Новиот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски вети дека ќе работи транспарентно, отчетно и ефикасно и оцени дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото кое што ѝ треба да биде единствениот орган кој се бори против корупцијата. Коцевски изјави дека Јавното обвинителство ќе покренува предмети за сите пријави за кои има докази и нема да […]

Нема 30 отсто повисоки плати за вработените во Министерството за финансии, одлучи Уставен суд


Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно […]

Истрефи: Само „Пошта“ доставува пратки и по селата, „брзите пошти“ само во градовите


Работиме нон – стоп. Можеби има некои проблеми, но не толку како што велите вие. Приватните „брзи пошти“ доставуваат пратки само во градовите, а ние и во селата, по планините. Ние сме единствениот универзален давател на поштенските услуги, рече денеска директорот на АД „Пошта“, Идри Истрефи. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со поплаките на […]

Демири: Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка, 34 случаи на голема кашлица досега


 Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот […]

Слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд


Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд за лични карти, возачки дозволи и пасоши и толку предмети се веќе оформени. Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои се уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, рече денеска претседателката на […]

До крајот на неделава сончево, од понеделник слаб дожд


До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.  Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж […]

Арсовска повторно не се појави на денешната седница за советнички прашања


Градоначалничката Данела Аросвска, денеска повторно ја нема на седницата за советнички прашања. Советниците прашуваат до кога ќе закажуваат седници без да има кому да ги постават прашањата. На градоначалничката ѝ забележуваат советниците од сите политички партии. – И ова не е само денеска, а како што видовте и денеска, овој совет изгласа дневен ред со […]

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола


Учениците од 12 основни училишта во Општина Битола ќе имаат можност да учествуваат во работилници против врсничко насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминативе денови, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија на активностите на „Крени глас против врсничко насилство“, а денес и Битола. За поефикасна реализација, градоначалникот Тони Коњановски и членката […]