Столбот на мостот на Црна река преку кој сообраќа возот ќе се прави околу два месеци


 Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од вторникот попладне од 15:25 часот и патнички и товарен се одвива со префрлање на патниците од воз на автобус. Како што информираат за МИА …

Столбот на мостот на Црна река преку кој сообраќа возот ќе се прави околу два месеци Read More »

Малолетник се однесувал насилно кон соучениците во Охрид, прекршочна за родителот поради занемарување


СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид. „Пријавениот, како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште“, додаваат од СВР …

Малолетник се однесувал насилно кон соучениците во Охрид, прекршочна за родителот поради занемарување Read More »

Почна мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица


Општина Струмица почна со мерење на квалитетот на воздухот во затворен простор и веќе десетина денови мерењата се вршат во ООУ „Никола Вапцаров“ и Клон 6 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Томислав Андреев, раковител на Одделението за заштита на животната средина, ваквото мерење се спроведува прв пат во Општината и државата. -За да …

Почна мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица Read More »

Утре во Битола од 08 до 18 часот посебен режим на сообраќај


По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и  поради присуство на владини  делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот. Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање …

Утре во Битола од 08 до 18 часот посебен режим на сообраќај Read More »

Најстудено во Берово со минус 5 степени, Дојран најтопол со шест


Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица – 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во …

Најстудено во Берово со минус 5 степени, Дојран најтопол со шест Read More »

Црвен крст одбележува Недела на стари лица


Црвен крст на Град Скопје го започнува одбележувањето на Неделата на грижа на стари лица, која ќе трае од денеска до 26 ноември. Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. -Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и …

Црвен крст одбележува Недела на стари лица Read More »

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето


По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември,  Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Северна Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава  Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат …

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето Read More »

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до …

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник Read More »

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола


На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен …

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола Read More »

Администрацијата пак на штрајк за поголема плата


Административните службеници во Фондот за здравство се пред штрајк поради ниските плати, соопштија денеска од УПОЗ. Тие ќе излезат на предупредувачки протест во петок заедно со вработените од уште неколку државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од УПОЗ  предупредуваат дека Владата подготвува план со кој би се поништиле постигнатите договори и не би …

Администрацијата пак на штрајк за поголема плата Read More »

Се е супер во Советот за јавни обвинители, за критиките од ЕК чекаат превод


Нема никакви влијанија при изборот и унапредувањето јавни обвинители, вели новата претседателка на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Според неа, таков бил случајот и при последниот избор на јавни обвинители од кандидатите кои ја завршија Академијата за судии и јавни обвинители со кој во обвинителствата влегоа блиски роднини …

Се е супер во Советот за јавни обвинители, за критиките од ЕК чекаат превод Read More »

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември


На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе …

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември Read More »

Уставниот суд ги прифати иницијативите на Лога, укинати три правилници и 8 прописи со пречекорен рок


Министерството за правда извести дека Уставниот суд , по  20-те иницијативи да се оцени  уставноста на повеќе прописи објавени во спротивност со членот 52 од Уставот, донел одлука со која се  укинати  три правилници. За нив од страна на судот е “оценето дека при објава на истите недвосмислено произлегува дека е пречекорен уставниот рок за …

Уставниот суд ги прифати иницијативите на Лога, укинати три правилници и 8 прописи со пречекорен рок Read More »

Универзална сала уште не е предадена на Министерството за култура, нешто е закочено


  Иако од одлуката има поминато два месеци Градот Скопје никако да ја предаде Универзалната сала на Министерството за култура за да се заврши нејзината реконструкција. „Универзалната сала  сѐ уште е под надлежност на Град Скопје. Се надевам дека одложувањето на предавањето на правото на реконструкција на Министерството за култура, не е предмет на политички …

Универзална сала уште не е предадена на Министерството за култура, нешто е закочено Read More »

ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден


Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае со сигурност, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден, информира Центарот за управување со кризи. …

ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден Read More »

БЕСА му возврати на Ангелов, најави дека „законски“ ќе го урне крстот


„Однесувањето на владин фукционер како Стојанче Ангелов само уште еднаш потврдува дека поставувањето на крст на Попова Шапка не е во чест на верата туку политичка провокација. Само политички очајници и губитници можат да се обидуваат да печалат поени со предизвикување етнички тензии на верска основа. Ова е на штета на православните верници кои некој …

БЕСА му возврати на Ангелов, најави дека „законски“ ќе го урне крстот Read More »

За Бујар Османи крстот на Попова Шапка е предизборна игра


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека поставувањето крст на Попова Шапка е „предизборна игра“ која, рече, најверојатно е договорена помеѓу „националистички сили кои се обидуваат да ги злоупотребат верата и верските чувства во предизборен натпревар“ и да предизвикаат меѓуетнички и меѓуверски тензии. Тој рече дека опозициската Беса нема капацитет да понуди подобар …

За Бујар Османи крстот на Попова Шапка е предизборна игра Read More »

Николоски вели дека е добра идејата на Спасовски, но тој немал кредибилитет


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоским вели дека идејата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, компаниите на црната листа да не можат да учествуваат на јавни тендери. Но… Спасовски немал кредибилитет тоа да го предлага „Се сложувам. Мислам дека тоа е нешто за што треба сериозно да се размисли. Еве во првиот дел мислам …

Николоски вели дека е добра идејата на Спасовски, но тој немал кредибилитет Read More »

Во Тетово воведени рестрикции за вода


  Во Тетово од денеска ќе има привремен прекин во водоснабдувањето секојдневно по вкупно шест часа поради рестрикциите што ги воведе јавното комунално претријатие. Причина е дефектот на филтрите во пречистителната станица на новиот водоснабдителен систем. „Недостатокот на вода е резултат на дефект на филтрите од пречистителната станица на изворите во Лешница, кои што моментално …

Во Тетово воведени рестрикции за вода Read More »