Разрешен директорот на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, Илјази останува


По скандалите кои ја тресеа Клиниката за токсикологија, дека на работа доаѓале луѓе чиј договор завршил уште кон крајот на минатата година, јавноста очекуваше да биде разрешена економската директорка Бесија Илјази, но министерот во заминување реши да го разреши медицинскиот директор д-р Данил Петровски. -Ве информираме дека денес на 14.5.2024 година е разрешен медицинскиот директор […]

Потребни се сѐ повеќе експерти за сајбер-безбедност, но како да ги задржиме?


Безбедноста во електронските комуникации во услови на забрзан развој на технологиите секако е прашање што е од огромент интерес и предизвик во областа. Оттаму тоа тоа е едно од прашањата високо на агендата на агендата на годинешната 20-та по ред Меѓународна регулаторна конференција што во организација на Агенцијата за електронска комуникација се одржува во Охрид. […]

До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата


До четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој ќе достигне и над 60 километри на час. Како што соопшти Управата за […]

Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори


Приватните специјализанти и денеска ја искористија паузата за да се соберат пред интерните клиники на Клиничкиот центар во Скопје и да побараат повисоки плати, здравствено и пензиско осигурување. Очекуваат новиот министер за здравство, веднаш по назначувањето, да ги повика во Кабинетот и да ги реализира нивните барања. – Во исчекување на формирањето на новата влада […]

ИРИ: За членство во ЕУ се 68% од македонските граѓани


Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Анкетата е спроведена во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија […]

Викендов најголема еколошка акција во историјата на Македонија


Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери „Пивара“ Скопје и „Пакомак“, четврта година по ред ја организираат масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND. Оваа година ќе се чисти во сите 81 општини и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од […]

Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра


Во првите три месеци од годинава општините во државата пријавиле вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра. Во однос на декември 2023 та долгот е намален за 2,3 милиони евра , пишува Порталб.мк. На новата должничка листа годинава има “ротации“ на позициите на најзадолжени општини. Помали локални самоуправи испливуваат со милионски […]

Со проекција на „Домаќинство за почетници“ ќе се одбележи Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија


Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија (IDAHOT), ќе се одбележи со проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. Филмот ќе се прикажува со почеток од 20 часот во кино „Фросина“, информираат од Коалиција Маргини, која е организатор на настанот заедно со „Лист продукција“ и МКЦ. Филмската приказна на Столевски, како што се појаснува […]

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи


ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска  во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за […]

Прв фестивал за женско здравје во Скопје


 Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. – Примарната цел на проектот е да ги […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 13 мај 2024 година, 134-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 232 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина нема да изгрее, […]

Усвоени приговори за уште три избирачки места – едно во Охрид и две во Крушево


Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото […]

„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект


Во врска со прашањето дали ЈП „Паркови и зеленило“ има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП „Паркови и зеленило“ е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на […]

ДИК одлучи да има прегласување во Желино


Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија. Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има […]

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“


Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да се испразни стационарот и да се вдомат овие кучиња кои најчесто биле одминувани, малтретирани или пак напуштени од газдите. „Имаме повеќе од 40 кучиња, секое уникатно […]

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети: Високото образование е клучно за просперитетот


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје. Во соопштението до медиумите се вели дека на средбата на којашто присуствуваа ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот проф. д-р […]

Висока функционерка на САД доаѓа во Македонија


  Потсекретарот за јавна дипломатија Лиз Ален ќе оствари посета во четири земји во регионот меѓу кои и во Македонија во периодот од 12 до 20 мај,  со цел да ги продлабочи партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапреди „заеднички цели за регионална соработка и европска интеграција“.  „Ален ќе ги нагласи основните […]

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на пертусис до 9 мај


Нови 15 случаи на пертусис – народски кажано голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на […]

Во Вински музеј Кавадарци 13 илјади посетители за три ипол години


Вкупно 13 илјади посетители го имаат посетено Вински музеј Кавадарци за повеќе од три ипол години, соопшти денеска директорката Весела Честоева, информирајќи дека вчера, музејските експонати имале можност да ги видат и посетители од познатиот вински регион Алзас од Франција.  – Вински музеј за регион Тиквеш од Кавадарци, станува се поинтересна дестинација за туристите. Од […]