Разрешен е директорот на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во системот


  Разрешен е медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, во клиниката и натаму има нарушени меѓучовечки односи. „170 лица не биле внесени во ‘Мој термин’. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот […]

Демири ги поучи новинарите со кои теми треба да се занимаваат во здравството


Здравствениот систем е поставен на криви нозе, смета актуелниот министер за здравство Илир Демири, а ги поучи новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, туку со незавршените објекти, да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, затоа што не им се продолжени договорите, туку со тоа кој ги оставил без […]

Исчистена депонија од паркингот на гробиштата „Бутел“


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како […]

Жителите на Новаци го блокираа патот до РЕК „Битола“


  БИТОЛА – Голем број од жителите на пелагониското село Новаци, денеска по втор пат излегоа на протест и го автомобили и товарни возила го блокираа патот кој од Битола води до термоцентралата РЕК „Битола“, откако минатата недела во тешка сообраќајка загина тракторист при судир со камион кој превезуваше јаглен за РЕК „Битола“. Излезот од […]

Паркинг услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ


Општина Центар ги известува корисниците на мобилниот оператор МТЕЛ дека паркинг услугите на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за нив. Директорот на ЈП ПОЦ Душко Коцевски минатата недела потпиша договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија МТЕЛ преку кој ќе се овозможи наплата на паркинг услугите со СМС пораки […]

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев


Со испитување на сведок на предлог на Јавното обвинителство во Основен Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за Жан Митрев. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со […]

Во прекин сообраќајот на патот Штип – Кочани поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања […]

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт


Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот […]

Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција


Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат. Во меѓувреме, од Mинистерството за здравство за овој проблем се уште немаат став, додека за денеска закажаа прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема. Од ОЈО […]

Честа појава на пороен дожд и грмежи до четврток, стабилизирање на времето од петок


 Честа појава на пороен дожд и грмежи ќе има до четврток, особено во попладневните часови. Како што соопштија од УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 27 мај 2024 година, 148-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 218 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути. Денов трае 14 часа и 55 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Булеварот „Кочо Рацин“ веќе неколку дена без улично осветлување


Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради. Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките […]

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец


Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча. -Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, […]

Ангелов неуморен: Од спасување на Пчиња, на ревијален натпревар во стрелаштво


Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во знак на поддршка на спортското стрелаштво во нашата држава, ревијално учествуваше на 18-етиот Меѓународен отворен стрелачки турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ 2024 (18-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2024). Ова годишно традиционално интернационално натпреварување во повеќе стрелачки дисциплини го организира и реализира Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), […]

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“


Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната […]

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион


Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар. – Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме.  Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион […]

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.  Во Скопје променливо облачно, попладне во […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 26 мај 2024 година, 147-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 219 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Четворица планинари со седумгодишно дете залутале меѓу селото Кожле и Велес


Четворица планинари, меѓу кои има и едно седумгодишно дете го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, односно на место познато и како Манастирски мост. Оваа информација поладнево ја соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочуваат дека добиле пријава за овој случај добиле на […]