Здравствен дом Неготино доби дигитален рентген апарат од Јапонска амбасада


Здравствен дом Неготино доби дигитален рентген апарат од Јапонска амбасада, информираа попладнево од оваа неготинска здравствена установа.   – ЈЗУ Здравствен дом ,, Неготино “ – Неготино изразува огромна благодарност до Јапонската амбасада, кои во знак на пријателство помеѓу народите на Јапонија и Северна Македонија го реализираа грант проектот, ,,Дигитален рентген апарат” за потребите на […]

ЦУК дислоцирал рој пчели од населбата Аеродром


Центарот за управување со кризи информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, покрај секојдневните 1500 до 2000 пријави кои ги добиваат, изминатото деноноќие добиле две невообичаени пријави. Како што соопштуваат од Регионалниот ЦУК Скопје, едната пријава се однесува на рој пчели на височина од 10 метри пред зграда на бул. „АСНОМ“ во […]

Двојно зголемен бројот на итни случаи во клиниката „Св. Наум Охридски“


Двојно е зголемен бројот на итни случаи на кои им се пружа медицинска помош во Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Директорот на Клиниката Љубен Арсенков во изјава за медиумите денска рече дека поради ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кај примени се околу 170 итни пациенти […]

АХВ: На македонскиот пазар нема сендвич со шунка контаминиран со листерија


Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни  (RASSF),  дека на македонскиот пазар е пласиран сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, лот број 1413100, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, кој според пишувањата […]

Арсенков: Двојно зголемен бројот на итни случаи, зајакнати хирирушките екипи


Двојно е зголемен бројот на итни случаи на кои им се пружа медицинска помош во Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Директорот на Клиниката Љубен Арсенков во изјава за медиумите денска рече дека поради ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кај примени се околу 170 итни пациенти […]

Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година


Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.  Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба […]

Се гради затворениот базен во Кавадарци


 Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.   – Продолжува изградбата на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат сите останати жители на кавадаречката општина, […]

Земјотрес претпладнево во Скопје


 Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистиран денеска во 10:48 часот во Скопје и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 21 километар северозападно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот […]

Конститутивна седница на 11-от парламентарен состав (во живо)


Во Собранието се одржува конститутивната седница. Седницата може да ја проследите на следниот линк  Собрание на Република Северна Македонија – Живо (sobranie.mk)   Според Деловникот, кој беше изгласан при крај на претходниот состав, седницата ќе трае најдолго три дена, а со неа до изборот на нов спикер ќе претседава највозрасниот пратеник. Тоа е 66 Мерита […]

Во Битола пронајдени 1.408 пушки од Балканските војни


Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1 408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола. Според полицискиот билтен, во понеделникот, во СВР Битола било пријавено дека во 14.30 часот во […]

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, во државава вкупно 631 случај


 Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени. Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен изутринава. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел […]

Најстудено утрово во Лазарополе


Утрово најниска температура од 3 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 4 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 во Тетово, Охрид и Претор, 9 во Скопје кај Петровец, Струмица, Прилеп и во Крушево, 10 во Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 во Скопје кај Зајчев […]

Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Шуто Оризари, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Воин Драшковиќ“ во Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот […]

Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 мај 2024 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 217 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во 6 минути по […]

Кавадарци субвенционира купување велосипеди


 Кавадарци субвенционира купување велосипеди, со цел да ги стимулира кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувување на животната средина и физичкото здравје на жителите во општината. Тоа значи дека локалната самоуправа ќе обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед.  Одлука за определување на максимален износ […]

Се подготвува конститутивната седница на Собранието, претседателот од коалицијата Вреди


Во Собранието се вршат последните подготовки пред утрешната конститутивна седница на Собранието по парламентарните избори на 8 мај. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда […]

Се подобрува водоводната мрежа во Гази Баба


Почна втората фаза од изградбата на водоводна мрежа во Гази Баба за подобрување на водоводната мрежа за подобро водоснабдување.   Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и планирање и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, денеска извршија увид на отпочнување на изградбата на водоводна мрежа на втората фаза […]

Нема кој да одговара за хаваријата со хируршките сали – ни еден директор не понудил оставка


Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела. Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици […]

Стоилковски: Одговорност ќе има за случувањата на Хирургија


Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во врска со прес-конференцијата на министерот за здравство, Илир Демири, за случувањата со хируршките сали на Универзитетската Клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Според Стоилковски, министерот не побарал одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, а […]