Астрономски календар


Денеска е среда, 19 јуни 2024 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

65 години ФЕИТ, родното место на информатиката и на техничките системи (фото)


Вечерва во Скопје се одржа Свечена академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротхеника и информациски технологии (ФЕИТ), при што беа промовирани магистри и дипломирани инженери за 2024. На Академијата, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, […]

Владата со препораки до граѓаните и работодавачите по најавите за нов топлотен бран


Владата, на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава, откако од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на УХМР се добиени информации дека од утре до 23 јуни (недела), целата територија на Република Северна Македонија ќе биде зафатена од […]

Утре ќе бидат промовирани резултатите за отвореноста на извршната власт


Настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи утре, среда, со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје. На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на отвореноста на извршната власт изведена преку Индексот на отвореност на национално ниво, и ќе се споредат со […]

Темата со финансирање на општините е болка за голем број градоначалници


Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) – Штип денеска трет пат ја организираше конференцијата за децентрализација. На конференцијата „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“ учествуваа претседатели на Советите на општините, советници и граѓански организации. Борис Шарковски од ФРЛЗ-Штип истакна дека на денешнава дебата се споделуваат искуства како општините ги консултираат граѓаните, кога зборуваат за […]

Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење


Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа. -Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената […]

Без вода дел од Автокоманда поради дефект во паркот Гази Баба


Корисниците од населба Автокоманда (висока зона), се без вода од 12.40 часот поради уличен дефект во Парк шума Гази Баба, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст


Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието. „Преку оваа соработка сакаме да им […]

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури


 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. – Според прогнозираните и пресметаните гранични […]

Собранието ги избра составот на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал


Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал. За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа […]

Не е убиство со умисла – туку самоодбрана: Жената што ги уби свекорот и сопругот во Кратово 13 години трпела ќотек


Акт на самоодбрана, а не убиство со умисла како што тврди Обвинителството, сметаат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство што го изврши жена во Кратово врз сопругот и свекотор, пред една недела. Оттаму се повикуваат на соопштението на Обвинителството во кое се наведува дека на убиството му претходела вербална расправија, а оти потоа […]

Почина познатиот новинар Иван Андреевски – Маче


На 17 јуни на 76 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско. Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и […]

Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни


Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, […]

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп


Сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран од синоќа од 23:45 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 18 јуни 2024 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 196 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Цела армија административци ќе се селат од едно во друго министерство во следните пет месеци


Со реорганизација на министерствата, односно со новите четири министерства и со трансформацијата на дел од останатите министерствата, се отвораат голем број прашања за тоа како ќе функционира државниот апарат, дали и колкаво зголемување ќе има на бројот на вработените во јавниот сектор, но и колку време ќе биде потребно за да се стабилизира и усогласи […]