Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци


Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино. За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале […]

Завршна церемонија на осмата летна програма Birthright Macedonia


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и нејзиниот локален партнер во земјава, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска во Скопје ќе одржат прес – конференција по повод завршувањето на осмата летна програма Birthright Macedonia (Родум од Македонија!) за културно сплотување и професионална практична работа. Четворица студенти од Канада и Нов Зеланд беа на тринеделен студиски престој […]

Дел од пет скопски општини без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Сарај, Илинден, Аеродром, Центар и Зелениково, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 06:00 до 09:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов“ бр.66 во Општина Центар. Во периодот од 06:00 […]

Сончево и многу топло, до 42 степена


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 23, а максималните ќе достигнат од 35 до 42 степена. […]

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип поради пожар


Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

ДКСК ќе ги испитува тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за непријавена хациенда од Петровска


Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена […]

Ангелов смета дека гаснењето пожари треба да се централизира


Нам не ни требаат реформи. Нам ни треба трансформација на системот за гаснење на пожарите. Меѓутоа, јас сум поборник за централизација. Ова го истакна вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма посочи дека ако системот би бил централизиран, според него, многу […]

Перински: Секој предлог или забелешка од локалните власти ќе бидат сериозно разгледани


Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие […]

Машко лице се самозадоволувало на Кеј, случајот во полиција го пријавила скопјанка


Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје 47-годишна скопјанка пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје, на територија на Карпош, забележала машко лице на возраст од околу 20 години како се самозадоволува, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од полицијата во денешниот билтен. 

Повреден жител на Сирково при гаснење на пожар


Повреден бил жител на росоманското село Сирков, при гаснење на пожар. Тој се здобил со изгореници на рацете и едната ногаи, информираше попладнево Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. – Лицето се здобило со изгореници на лице и рака на десната страна. Препратено е на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко […]

Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите


Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта. – Групата која во текот на вчерашниот ден се вклучи во ставање под […]

Верижната катастрофа на Балканот на 21 јуни започна со прекини на два далноводи


Европската мрежа на оператори на системи за пренос на електрична енергија (ENTSO-E) објави дека верижната катастрофа се случила на 21 јуни, откако два далноводи прекинале со разлика од 13 минути. Нејзината експертска група го истражува овој инцидент, кој три часа ги остави без струја Босна и Херцеговина, речиси цела Албанија и Црна Гора и Далмација […]

Повторно отворен граничниот премин Богородица


  Министерството за внатрешни работи информира дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувнал на грчка страна. Во моментов граничниот премин функционира нормално. Претходно, поради пожар на страната на Грција, во прекин беше сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваа на граничниот премин […]

Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер


Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили кои беа заробени од пожарот на планината Огражден и кои преку драматично обраќање преку Фејсбук побараа помош, пред малку се евкуирани со словенечки хеликоптер. Веста ја споделија струмичките пожарникари со видео на кое се гледа како се упатуваат кон хеликоптерот. Неколкуте пожарникари од ТППЕ Струмица, заедно со градоначалникот […]

Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили се заробени од пожарот на планината Огражден


Во драматично обраќање преку фејсбук градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов заедно со тим на пожарникари од ТППЕ Струмица и неколку цивили побара помош да бидат евакуирани од местото на пажарот над селото Бадилен каде од сите страни се заробени од огнената стихија. -Од сите страни околу нас гори и очекуваме двата хеликоптери кои го […]

Кисела Вода обезбедува бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани


Општина Кисела Вода е првата општина која обезбеди бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани за децата кои имаат ваква потреба, како и психоедукација и стручна поддршка за нивните семејства. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска потпишал Меморандум за соработка со Центар за психофизичко здравје „Гаспар”. Согласно договореното, во новоотворените простории на оваа институција во Припор, кои ги […]

Полицијата шест дена не може да ги најде вандалите од Центар


  Полицијата интензивно работи на откривање на малолетните вандали, кои пред речиси една недела кршеа реквизити на детско игралиште во скопски капиштец, а видео-снимката ја сподели градоначалникот на Општина Центар. – Во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. […]

Пожар го затвори преминот „Богородица“ кон Грција


  Високите температури предизвикаа пожари речиси низ цела Грција, а еден избувна и близу граничниот премин „Богородица“. Македонското Министерство за внатрешни работи ги извести граѓаните дека поради пожарот кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку граничниот премин „Богородица“. Грчките пожарникари се борат со огнот за да голокализираат и по неговото […]

На Владата не ѝ се брза за минималната плата, прво ќе прави функционални анализи во институциите


Институциите се задолжени да достават функционална анализа врз основа на која ќе се согледаат состојбите и паралелно ќе се одлучува што ќе се прави со минималната плата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Одговорајќи на новинарско прашање дали Владата најде средства за зголемување на минималната плата, министерката истакна дека секако требаше да има […]

Климатските промени ќе го чинат Западен Балкан милијарди долари


Шесте економии од Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за адекватна заштита на граѓаните и имотот од се поштетните влијанија на климатските промени, се заклучува во регионалниот извештај за климатски промени и развој (CCDR) на Светска банка објавен денеска. Спроведувањето соодветни мерки за одговор на климатските промени може […]