ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“, по влезот во касарната „Илинден“ во Скопје


Центарот за управување на кризи вечерва извести дека на булеварот „Никола Карев“, по влезот во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва паднала карпа. За ова била добиена пријава преку повикувачкиот број за итни случаи 112 на ЦУК. Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што Градот ќе преземе мерки […]

ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет


Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, Тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, […]

„Има светло на крај од секој тунел изграден од ЈП ЖРСМ Инфраструктура“: Реакција на прес конференцијата на Николоски


Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје денеска со соопштение до медиумите потпишано од директорот Зоран Трифуновски ги демантира изнесените наоди во текот на вчерашната прес конференција на Министерот за транспорт и истите ги окарактеризира како манипулација на јавноста или непознавање на проблематиката. „Во однос на невистинитата спектакуларна констатација за цена […]

На 100 годишнината хотелот „Гарни“ во Штип оди на продажба


ШТИП – Хотелот „Гарни“ кој е лоциран спроти судската палата, на атрактивна локација речиси во центарот на градот, и е покрај реката Отриња, оди на продажба. Општина Штип која е сопственик на овој објект нема намера да го користи хотелот, а советниците во Општинскиот совет на денешната седница одлучија тој да биде продаден. Чинот на […]

МОН-СОНК: Зголемување на платите и подобрување на условите во училиштата


Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата и тоа денеска на работна средба го потврдија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска […]

Почна изградбата на првиот малопродажен парк во Гази Баба на Триангла


Официјално почна изградбата на првиот малопродажен парк во источниот дел на Скопје, „Фешн парк Триангла“ („Fashion park Triangla“) во место Триангла, општина Гази Баба. Тоа што го прави посебен е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нови начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа, се наведува во денешното соопштение. Според […]

Истражување: Средношколци не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет


Учениците не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет, покажува истражувањето на медиумска писменост кај учениците во прва и втора година средно образование, што беше презентирано денеска во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). На прашањето колку често ги правиш следниве активности на социјалните мрежи секој ден, 83 […]

Каков имот пријавил премиерот Мицкоски: Куќа вредна 450 илјади евра, два часовници од 53 илјади евра


Премиерот Христијан Мицкоски го објави својот анкетен лист. На свое име пријавил дека поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот […]

За Рустеми тврдењата на Николоски за ЈПДП се неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во писмена реакција до медиумите ги нарече „неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина“, тврдењата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски, за неправилности во работењето на ЈПДП. „Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а по наодите на Државниот […]

УХМР: Попладне повторно врнежи – внимавајте, почвата е заситена со вода!


Зголемување на водостојот на реките и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи попладнево, кои според синоптичарите, на повеќе места можат да бидат поројни. Особено да се внимава доколку овие интензивни врнежи паднат во предели каде веќе неколку денови врне и каде почвите се влажни и заситени со влага, предупредуваат […]

Протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции


По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите. Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот […]

Почна културното лето во Кисела Вода – вечер „2 Бона“ и Пајак


Покрај лошите временски услови, синоќа започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација. Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ “Кузман […]

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта


Подобро разбирање на проблемот и справување со булингот беше во фокусот на работилниците што „Макпетрол“ ги овозможи во над 150 училишта од сите делови на Македонија. Во секоја од 26 општини што се приклучија на општествено одговорната кампања на компанијата, учениците од психолог стекнаа најразлични знаења за врсничкото насилство. Според неофицијалните проценки, помеѓу 35,000 и […]

Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра


Штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт чие што прво рочиште денеска се одложи, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ. Според неа, случајот по многу нешта е специфичен и ќе се врши темелна истрага на преземените дејствија. – Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради […]

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови


Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од државава. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.  Минималната температура ќе биде од 13 до 21, а максималната од 23 до 33 степени. УХМР најавува дека за време на викендот времето ќе биде стабилно […]

Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС


 Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, […]

„Лајка“: Напуштањето домашни миленици интензивирано во летниот период


Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување, велат од Јавното претпријатие „Лајка“, појаснувајќи дека напуштањето миленичиња е интензивирано во летниот период. – Напуштањето домашни миленици е суровост и злоупотреба што мора соодветно да се превенира, а доколку се случи, најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. […]

Јаневска: Концепцијата за основно образование не дава резултати, па преку јавна дебата ќе биде изменета


 Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи […]

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на […]

Поплавени куќи, улици, прекини во снабдувањето со струја – хаос во Скопско, Кумановско и Тетовско


Поплавени се куќи, улици, имало пријави и за прекини во електричната енергија, по синоќешното невреме што ги зафати скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле пријавени, а сѐ уште и се пријавувале, поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, […]