Јанев е нов директор на БЈБ, Петрушевски нов државен секретар во МВР


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешната прва владина седница информираше дека е донесена одлука Александар Јанев да биде избран за нов шеф на Бирото за јавна безбедност (поранешно УБК), или општопознато како тајната полиција. Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и […]

Хоспитализирани нови 11 случаи со голема кашлица, вкупно 826 заболени во државава


Од 21 до 27 јуни, пријавени се 40 нови случаи на голема кашлица, за еден помалку во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, 11 се хоспитализирани, информира дирекеторт на на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети. -Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 27 или […]

Сиљановска Давкова на средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) Kристина Николовска. Сиљановска-Давкова, како што информираат од Кабинетот,  посочила дека имињата на предавачите и слушателите на претстојната 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, се од […]

Членови на планинарскиот клуб „Осогово“ од Кочани искачија три врва над 4.000 метри на Алпите


Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 […]

Со брошура ќе се алармираат жените за ендометриозата


Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката. Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника […]

Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните. Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски […]

Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер


Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Одбележана 103-годишнината од смртта на Ѓорче Петров


Со пригодна свеченост и положување цвеќе од бројни делегации пред споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк во скопската општина која го носи неговото име, денеска одбележана 103-годишнината од неговата смрт. Ѓорче Петров е убиен во 1921 година во Софија. – Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров кој поставил […]

Андоновски: Под надлежност на Министерството за дигитална трансформација ќе влезе и Управата за водење матични книги


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави денеска ресорниот министер Стефан Андоновски. За тоа, како што кажа, ќе биде консултирана и поранешната министерка за добро владеење Славица Грковска, која заедно со поранешното МИОА ја имаше таа надлежност. […]

Општина Центар распиша Конкурс за избор на идејно решение за нова општинската административна зграда


Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проектирање нова општинска зграда, соопштија од Општината. Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби […]

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром


На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески. Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет. Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека […]

Балансерот е прочистен – во него се само резидентните граѓани


Балансерот од денеска е прочистен. Од него се извадени сите лица кои се попишани во Италија, Швајцарија, Германија, а остануваат само резидентите жители на Македонија. Ова го соопшти новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој рече дека времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото, но со почитување на УСтавот кој гарантира соодветна […]

Владата денеска одлучува за зголемувањето на пензиите и за нови директори


Денеска на пладне, Владата ќе ја одржи  првата седница на Владата на Република Северна Македонија. На седницата меѓу другото ќе се дискутира за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции. По завршување на истата јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки, информираа од […]

По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново


Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме.  На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16  во општина Карпош, а утринава во 06:09 […]

Настап на Пајак и „Два бона“ во Кисела Вода


Во паркот „Расадник“ на втората фестивалска вечер од „Културнoто лето“ на Општина Кисела Вода синоќа настапија Пајак и „Два бона“. Како што соопшти денеска Општина Кисела Вода, имало над 10.000 посетители. – Покрај нивните хитови што се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна „Алиби“. […]

Втор ден од регионалниот форум „Постигнувањата ги исцртуваат идните патеки во СНЕ и РРР“


На вториот ден од регионалниот форум „Постигнувањата ги исцртуваат идните патеки во СНЕ и РРР“ што се одржува во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), денеска ќе бидат споделени резултатите во областа на спречувањето насилен екстремизам и борбата против тероризам во земјава, во Албанија и во Косово. Претставници на институциите и […]

Промоција на првата европска брошура за ендометријален карцином


 Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од Скопје и Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина М I Femina M , во рамки на одбележувањето на месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином (рак на ендометриум на матката), денеска на прес – конференција ќе ја промовираат првата европска брошура за ендометријален карцином. […]

И денес променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде […]

Заробен возач во заглавен камион, јавил на 112 очевидец на патот Росоман и Прилеп


На бројот 112 на Центарот за управување со кризи вечерва било пријавено дека на патот Росоман – Прилеп бил заробен возач во заглавен камион. Како што соопштија од ЦУК, преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот […]