Загадувањето предизвикува здравствена криза


Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика на апликациите, туку реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада – хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош.„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а …

Загадувањето предизвикува здравствена криза Read More »

Турско знаме подигнато пред општина Кичево


Покрај македонското и албанското знаме, од вчера официјално се вее и турското знаме пред зградата на Општина Кичево. Свечената церемонија на подигнување на знамето се одржа во пресрет на 21 декември, Денот на наставата на турски јазик. На настанот присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, …

Турско знаме подигнато пред општина Кичево Read More »

За помилувањата ќе решава само претседателката на државата


Министерството за правда да нема право да дава мислење дали одреден осуденик треба да се помилува или не, туку одлуката да ја носи претседателот на државата. Ова е една од важните новини кои се вградени во варијантата на предлогот на целосно новиот закон за помилување, кој наскоро ќе биде ставен на увид на јавноста. Законското …

За помилувањата ќе решава само претседателката на државата Read More »

Грчките земјоделци ќе празнуваат, нема да ја блокираат границата за Нова Година


Голем број на македонски државјани во изминатите недели се соочија со проблеми при одењето или враќањето од Грција поради штрајк на земјоделците, поради што беа затворени граничните премини. Како што пренесуваат грчките медиуми, во текот на празничната сезона нема да има блокади кон Грција, се со цел на граѓаните да им биде овозможено патување. Земјоделците …

Грчките земјоделци ќе празнуваат, нема да ја блокираат границата за Нова Година Read More »

Целосно завршенa демонтажата на стариот и неупотреблив радар на скопскиот аеродром


М-НАВ инфомира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот …

Целосно завршенa демонтажата на стариот и неупотреблив радар на скопскиот аеродром Read More »

До пладне откажани 20 лета од скопскиот аеродром


Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да …

До пладне откажани 20 лета од скопскиот аеродром Read More »

Грипот зема замав во Македонија


Во периодот од 8 до 14 декември, во Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 31,3% во однос на претходната недела. Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30), Куманово (20) и Македонски Брод (18), додека во Скопје се пријавени 15 случаи. Највисока инциденца од 178,0 на …

Грипот зема замав во Македонија Read More »

Денес e најкраткиот ден во годината


Денес започнува зимското годишно време на северната полутопка на Земјата, а во исто време тоа ќе биде и најкраткиот ден во годината. Зимата започнува во 16:03 часот, а во исто време за жителите на јужната полутопка на Земјата започнува летото. По 21 декември, деновите почнуваат постепено да се продолжуваат.

Алиу ќе прави национален центар за закажување прегледи


Мминистерот за здравство, Азир Алиу,најави дека наскоро ќе создадат национален центар кој ќе се фокусира на системот „Мој преглед“, за пациентите да можат што побрзо и полесно да стигнат до закажаниот преглед кај специјалист. „Исто така, отворивме процеси за создавање национален „Центар за податоци“, центар во кој ќе имаме сè фокусирано, и информации и процеси …

Алиу ќе прави национален центар за закажување прегледи Read More »

Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти


Над 22.000 килограми киви, увоз од Србија, кои требеле да се увезат во земјава ќе бидат уништени заради тоа што имале ларви и инсекти. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна го забранил увоз на кивито, кое било наменето за индустриска …

Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти Read More »

Утрово откажани сите летови од Скопје


Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту …

Утрово откажани сите летови од Скопје Read More »

Скопје утрово е најзагаден град во Европа


Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.  Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево. -Кога ќе донесеш закон каде деловна тајна е што горат фирмите во печки, резултатот е ова, прокоментира …

Скопје утрово е најзагаден град во Европа Read More »

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – …

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата Read More »

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“


Академијата за странски јазици ЕЛА (English Language Academy ELA) денеска во „Погон бар“ организира хуманитарен Божиќен базар. -Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со …

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“ Read More »

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти …

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди Read More »

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови


 Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за …

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови Read More »

34. Марш за ангелите: Предметот за пожарот во „Пулс“ да се преиспита од почеток, побараа родителите на починатите


Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител – да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од …

34. Марш за ангелите: Предметот за пожарот во „Пулс“ да се преиспита од почеток, побараа родителите на починатите Read More »

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување


Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат за …

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување Read More »

Во Русиново одбележана 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев


Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година …

Во Русиново одбележана 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев Read More »

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година


Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“.  Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, …

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година Read More »