Ангелов: Од вкупно 30 пожари вчера, се уште се активни девет пожари


Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив се уште се активни девет пожари, под контрола (пожари кои не можат да се шират но се уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи […]

Користете ја водата рационално: ЈП Водовод и канализација – Скопје со апел до граѓаните


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на […]

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува […]

Делата на кумановскиот уметник Кашавелски презентирани во светските метрополи, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот


Летово беше исклучително успешно за уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски за кого кумановци со гордост велат дека е светско, а наше. Речиси и да не постои награда, меѓународно призната која не ја освои, ниту пак салон во кој не беше презентирано негово дело во светските метрополи. Како врвен уметник, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во […]

И понатаму многу топло, попладне локална нестабилност, од вторник пад на температурата


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне […]

СДСМ: Мицкоски се прикажува како државен полицаец и покажува дека не знае како се увезуваат лековите


  Опозициската СДСМ денеска оцени дека премиерот Христијан Мицкоски покажал целосно непознавање за тоа како функционира фармацевтскиот пазар и увозот на лекови. „Или е неук, или пак поопасната можност е да планира да увезува лекови од паралелен увоз, како што тоа се правеше во времето на Груевски. Пазарот на лекови е најрегулираниот пазар во земјата. […]

Марјан Доказ не вршел рекет и уцена, пресуди Апелацискиот суд


  Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, е ослободен од обвинението дека вршел рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои […]

(Видео) Запознајте ги пилотите од Црна Гора и Србија што гасат пожари низ Македонија


Пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, веќе неколку дена помагаат во справување со огнената стихија. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија. Ангелов разговараше со двајца од нив, а Црногорецот Ненад […]

Попладне се очекува дожд, дотогаш многу топло


  Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално на многу места ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 […]

Весна Митевска назначена за в.д. директор на НУ „Танец“, Мартин Вучиќ побарал разрешување


Весна Митевска е назначена за в.д. директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни – „Танец“. Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор на „Танец“ шест години, од 2018-та. Митевска е вработена во НУ „Танец“ и досега ја имаше позицијата на истакнат играч од […]

Високите температури ризик за земјоделството, максимално да се активират системите за наводнување


Топлото време негативно влијае врз земјоделството. Почвата поизразено ја губи влагата, а културите се принудени интензивно да транспирираат. При недостиг на вода во текот на нивниот раст и развој може да дојде до намалување на приносост и квалитетот, предупредуваат агрометеоролозите. Поради тоа, се препорачува максимално активирање на системите за наводнување. -Високите температури кои деновиве во […]

Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица


Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.  Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица. – Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува […]

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско


Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења. Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град. – Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени […]

Иницијатива од Битола: Собранието седниците да ги почнува со македонската химна


Независната советничка од групата „Поинаку“ во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска денеска побара Советот да поднесе иницијатива седниците во Собранието на Македонија да започнуваат со македонската химна. Таа исто така, бара химната да се интонира и пред секоја седница на Владата. „Доколку оваа иницијатива не ја потпише градоначалникот, бидејќи редовно ни ги враќа, ги […]

Пожар кај „Пашин мост“, сообраќајот во прекин


Опожарена е сува трева на регионалниот пат Велес – село Извор, кај место викано „Пашин мост“, информираат попладнево од АМСМ. – Поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин, се појаснува во соопштението. Прекинот во сообраќајот е евидентиран во 15:25 часот. 

ТАВ Македонија: Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови


 Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, информираат од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми. Оттаму велат дека не се соочуваат со прекини или технички проблеми на нивните системи. – Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние преземавме […]

Штетата што ќе ја претрпи планината Серта од пожарите е епохална за неа


Будно се следи состојбата, има доволно ресурси, доволно луѓе на терен и се надевам дека во текот на денот ќе се стави под контрола пожарот на планината Серта во штипскиот дел, вели заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кирил Михаилов кој претпладнево беше во селото Селце. Посочува дека за овој пожар лошо е што […]

Изгаснат пожарот кај „Бисер“ во скопски Аеродром – вчера се поплави, денеска се запали


По брзата интевенција на противпожарната бригата, изгаснат е пожарот во подрумските гаражни простории. Во текот на денот ќе се утврдува штетата за пожарот. Не се исклучува причина да биде и проблем со електричната инсталација. Имено, како што извести ТВ 24 пред половина час избил пожар при што беа зафатени гаражни простории под трговскиот центар „Бисер“. Две екипи на […]

Нови 26 случаи на голема кашлица, вкупно 931 случај во државава


 Нови 26 случаи на пертусис, позната како голема кашлица, се пријавени во периодот од 12 до 18 јули, што претставува намалување од 35,4 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 10. Пријавени се и седум случаи од Куманово, по два во Кратово и Тетово и по […]

Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот. Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на […]