За шест месеци во функција акцелераторот во ГОБ „8 Септември“


Акцелераторот во ГОБ „8 Септември“ се очекува да профункционира за шест месеци откако ќе завршат потребните подготовки, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – За акцелераторот ни треба време, најмалку околу три месеци за да се направат одредени контроли од специјалисти по таа област, да ни кажат што недостасува и што треба да се […]

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори


Синдикатот на УПОЗ реагира на заклучокот на Владата со кој се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да бараат мислење од Министерството за финансии.  – Некој повторно сака да го ограничи преговорите и потпишувањето на Колективни договори!!! […]

ВМРО-ДПМНЕ без прекин го напаѓа „Рејтинг“. Од агенцијата велат дека тоа е хајка


  Веќе неколку дена владејачката ВМРО-ДПМНЕ со прес-конференции или партиски соопштенија постојано ја напаѓа агенцијата за истражување јавно мислење „Рејтинг“ и нејзиниот дирекотр Никола Спасов. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува агенцијата дека прави пропагандна промоција на СДСМ и неговиот нов лидер Венко Филипче и дека Спасов добил дозвола за градба на фотоволтаична централа. „Рејтинг“ на овие напади […]

Туристи од Европа доаѓаат по парче воздух на Пелистер


  БИТОЛА – „Овде е многу убаво, планината е прекрасна, планинскиот воздух неверојатен, водата… ќе дојдеме повторно, тука се дише со полни гради, доаѓаме за парче воздух“, вака вели туристка од Чешка која овие денови престојуваше со група планинари во хотелот „Молика“ на Пелистер. Бројни гости од Европа и посебно од Балканот ова лето одмараат […]

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара


Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да […]

Откако на Математичката олимпијада освоија златен и бронзени медали, МОН ќе обезбедува буџет за талентираните ученици


 Менување на политиките за талентираните деца и обезбедување поголем буџет за нив, промени што ќе се случат наскоро, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска по новиот успех на македонски ученици на меѓународен натпревар. Од штотуку завршената 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024) во Велика Британија, шест македонски ученици се враќаат со еден златен […]

Платите во здравството нема да се зголемат до крајот на годината, вели Таравари


До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.  Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите. „Се надевам дека […]

Вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна


Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби […]

Со обуки се мотивираат младите да останат во руралните средини


Со цел да се намали одливот на младите од земјава, особено од руралните средини, Здружението на жени менаџерки „ЕЛИТ“, заедно со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер, „Рурална коалиција“ и „Џуниор Ачивмент Македонија“ во изминатите две години интензивно работеше на подобрување на квалитетот на животот на младите во локалните заедници. Преку поттикнување […]

Активни седум пожари, изминатото деноноќие регистрирани 29 пожари на отворено


Центарот за управување со кризи утринава информира дека изминатото деноноќие имало вкупно 29 пожари на отворено од кои седум се уште се активни. Активен е пожарот меѓу селата Селце и Пухче во општина Штип каде гори мешана шума и пожарот во реонот на армискиот полигон Криволак кон Пенуш каде има многу голема „фронтова“ линија и […]

Потрошувачката на вода зголемена за 30 отсто: Апел од Водовод за рационално користење


  Топлотниот бран што го зафати главниот град ги натера скопјани да се разладуваат на секаков можен начин. Изминатиот период беше значително зголемена потрошувачката на вода, бидејќи оние граѓани кои не заминале да се разладуваат на езеро, планина или море, во домашни услови се разладуваат наводнувајќи ги дворовите, полнат базени… Но, само оние кои имаат […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи, пад на температурата од среда


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме.  Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 јули 2024 година, 204-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 162 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 14 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Утре без струја делови од Драчево и Кондово


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа утре без  електрична енергија ќе бидат делови од населбите Драчево и Кондово. Како што инфомира Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сердарот“ 2 и 4 во населба Драчево, а од 08:00 до 11:00 часот […]

Пожарот на планината Серта се шири – во гаснењето ангажирани припадници на АРМ, МВР и ДЗС


На територија на државата има девет активни шумски пожари и пожари на отворено, соопшти денеска преку видео обраќање директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Вкупно на територијата на државата ангажирани се 150 припадници на Армијата, 30-тина припадници на МВР, како и 40 припадници на ДЗС. Засега во гаснењето на пожарите, како што […]

Прекинато па нормализирано влегувањето во Грција преку Евзони и Дојрани, паднал системот на грчка страна


На граничниот премин Богородица без проблеми и со вообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истото се однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на кратко паднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информации дека се создадени долги километри за […]

Уличен дефект остави без вода дел од Ѓорче Петров


 Поради уличен дефект на ул. Николај Островски 50, по старо Бертранд Расел во населба Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село, Волково, Стопански Двор и Орман. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 до санирање на дефектот. 

Од среда позначајно намалување на дневните температури


Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.  Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и […]

Српската хеликоптерска единица ја заврши мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари


Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари […]

ЦУК: Пожарот зад армиското стрелиште Пенуш се движи во насока кон Брегалница


Пожарот што се разви вчера далеку зад армиското стрелиште Пенуш кај Штип, како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Ќе се обидеме да го сопреме на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна.  Гори пред се […]