Српски хеликоптери повторно помагаат во гаснењето на пожарите


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Северна Македонија во […]

Во прекин патниот правец с. Пирава – с. Јосиво, Валандовско


Патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско е во прекин, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на […]

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти


Конкурсот за прием на студенти во студентските домови низ државава, кои се запишани на додипломски студии од втора до шеста година или се апсолвенти во учебната 2024/2025 година, завршува денеска на полноќ.   Од 15 јули, кога беше отворен конкурсот, до вчера попладне во Министерството за образование и наука пристигнале над 2100 електронски пријави.  Студентите кои се пријавуваат […]

Сончево и топло, до 38 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе […]

Рекорден ден со пожари – 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села


На територијата на државава денеска Центарот за управување со кризи евидентирал рекорден број пожари на отворено – 54, од кои активни се 19, а oстанатите се целосно изгаснати или ставени под контрола. Пoжарот кој беснее на територија на општина Пехчево, го загрозува селото Негрево. Сериозен пожар има и на територија на општина Куманово. Тој загрозува […]

Димитриевски: Не сме суштински подготвени да се справиме со пожарите, срамота е веќе да бараме помош


 Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека […]

(Фото) Половина Македонија во чад, во Стар Дојран едвај се дише


Пожарите што зафатија голем дел од државата оставаат сериозни последици, не само поради изгорените куќи и шуми, туку го оневозможуваат и секојдневниот живот во многу места, поради чадот кој се прошири речиси на половина територија од земјава.  Фоторепортерот на Независен, Борис Грданоски денеска беше во дел од краиштата зафатени со пожари, меѓу другото и во […]

Пожар го зафати новиот трговски комплекс „Блис“ во Битола, шест дена пред отворањето


  Пожар изби попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, додека објектот се подготвува за големото отворање на 5 август. Пожарот го зафати северисточниот дел од објектот и веќе интервенира противпожарната единица од Битола. Трговскиот комплекс е приватна инвестиција и е во непосредна близина на трговскиот маркет „Лидл“ во изградба. Токму денес се асфалтираше […]

Горел балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче


Од седум часот утрово, досега, Територијалната противпожарна единица во Скопје интервенирала на 16 пожари, од нив, еден во зграда  во Ново Лисиче. Информацијата вечерва за МИА ја потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески. – Опожарен беше балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче, интервенирано е со две возила и седум пожарникари. […]

Пожарот кај Негрево, Пехчевско повторно активен – камбаните бијат за тревога (видео)


Пожарот над пехчевското село село Негрево, за кој утрово јавивме дека е изгаснат повторно се разгоре од силниот ветар. Таму вчера попладне гореше борова шума, а денеска повторно се јавија пламените. Во гаснењето се вклучени Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово, месното локално население и вработените во ПШС „Равна Река” -Пехчево. […]

Седум лица евакуирани од опожареното Светиниколско село Строиманци


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека седум лица кои беа заглавени во куќа во село Строиманци, во Општина Свети Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со […]

Одбиен амандманот на СДСМ за парична награда на пожарникарите


  Владејачкото мнозинство го одби амандманот на СДСМ во расправата за ребалансот на Буџетот со кој се предлагаше награда на пожарникарите, полицајците, војниците и сите кои учествуваа во гасењето пожари. „Сега кога имаме прогласено кризна состојба во државата, а сè уште беснеат пожарите, само вчера имавме пожари на 12 населени места, а ја имаме за […]

МВР и одговори на Венецуела: Појавувањето на македонски IP адреси не значи дека мора да потекнуваат од Македонија


Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите  се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси,  Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани, но досега […]

Пет луѓе заробени од пожар во куќа во село Стројменци – повторно се бара помош од ЕУ за воздухолови


Пет луѓе се заробени во куќа во селото Стројменци во Светиниколско, затоа што околу нив беснее пожар, а упатен е еден хеликоптер, кој треба да фрли вода врз куќата, за да можат луѓето да се евакуираат. Во попладневната изјава, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, апелира до жителите кои живеат во полунапуштени села, да заминат од […]

Стојковски: Постапките за езерото „Младост“ и хаваријата во Градско се во тек


 Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски денеска информираше дека анализите од инспекцискиот надзор покажале дека водата во Велешкото езеро „Младост“ е лоша, а за хаваријата во Биогасната централа во Градско се очекува решението да биде доставено до правното лице.  – Направен е инспекциски надзор на сите правни субјекти кои егзистираат таму како […]

Со хеликоптер се гаси пожарот над Дојран


Еден хеликоптер дејствува на пожарот во близина на Стар Дојран, кој избувна попладнево, а притоа беа зафатени и објекти. Пожарот се наоѓа на десната страна при влезот во Дојран, но ова подрачје е опасно за гасење поради неиспукани стари гранати од војните во минатото.  Другите објекти се одбранети, а претходно беше евакуирано населението од куќите […]

Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември


Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и […]

Муртезани не знае дали има вработени Албанци во МАНУ, но перцепцијата била дека нема


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на коалицијата „Вреди“ да се формира Албанска академија на науки и уметности, рече дека станува збор за изборно ветување на коалицијата на последните парламентарни избори. – Станува збор за изборно ветување, истото е напишано и ветено пред граѓаните. На овој проект не треба […]

Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски


Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот.  Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче […]

Евакуација во Дојран: Пожарот зафати три куќи


Службите ги евакуираат жителите на Дојран откако пожарот кој од депонијата стигна до градот зафати три куќи. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени. -Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, вели Ангелов. Тој се упати од Пониква кон Дојран, а информира […]