МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“


Министерството за внатрешни работи (МВР) се вклучува во кампањата „Помисли двапати“ (Think Twice) на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ. Кампањата, како што информира МВР, е за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. Кампањата вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми […]

Магла на планинскиот превој Буково


Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково.  АМСМ во утринскиот извештај информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Возраста за одење во пензија, засега, останува иста, но како да се пополни дупката во ПИОМ


Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос […]

Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од […]

Завршен настан во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“


Во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ кој УНДП го спроведува со финансиска поддршка од Јужна Кореја, денеска во Скопје ќе се одржи завршен настан. Како што соопшти МВР, на настанот ќе се обратат помошник министерот за внатрешни работи Муамет Реџепи, раководителката на сектор за меѓународна правна соработка во […]

Без вода утре дел од населба Маџир Маало


 Дел од населбата Маџир Маало утре ќе биде без вода за пиење, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради водоводен приклучок, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување со работните активности. 

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките


Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да ги променат лозинките за да можат да се најават во системот. Фото: Од е-дневникот на клас во „Коле Неделковски“, Велес Како што дознава Мета, […]

Коцевски бара дисциплинска против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи


Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител. Од Јавното обвинителство информираат дека јавниот обвинител на Северна Македонија ги разгледал записникот и конечниот извештај […]

Во училиштето за глуви и наглуви предаваат наставници кои не го знаат знаковниот јазик


Да се најде системско решение за долгогодишниот проблем во наставата на знаковен јазик за учениците кои се глуви или имаат оштетен слух во единственото средно училиште во земјава за нивна едукација „Партениј Зографски“ во Скопје – укажува Народниот правобранител кој денеска доставил препораки до Министерството за образование и наука. Главната меѓу нив е за вработување […]

Коцевски ги задолжил сите јавни обвинители итно да дадат приоритет на кривични дела од областа на корупцијата


Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска преку писмено соопштение информира дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на ЈО во борбата против корупцијата. – Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои […]

Фатмир Лимани: Пред секои избори се зголемува бројот на корисници на „туѓа нега“, имало и злоупотреби


 Во Министерството за социјална политика, демографија и млади, во тек се контроли за да се утврди дали имало злоупотреба на доделувањето на услугата „туѓа нега“. Ова го кажа министерот Фатмир Лимани при неговата посета на Гостивар, одговорајќи на новинарско прашање дали се планира покачување на гарантирана минимална помош со оглед на тоа дека трошоците растат. – […]

Татјана Димитровска: Нема притисоци од политичари врз ДКСК


Притисоци од политичари немаме. Ние сме независна институција и нема да дозволиме каква било форма на притисок, изјави деенска во Битола претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Во изјава за медиумите Димитровска нагласи дека борбата против корупцијата не зависи само од една институција и потребно е заедничко дејствување. -Борбата против корупцијата не зависи само од една […]

Штипјанката Јована Гуњова, која студира во Словенија, ја доби Прешерновата награда за уметност


  Вчера во Љубљана на штипјанката Јована Гуњова свечено ѝ беше врачена Прешерновата награда за уметност. Оваа награда на Гуњова ѝ ја додели нејзиниот Факултет по природни науки и инженерство оддел за текстил, графичка уметност и дизајн, пишува „Истокпрес“. Факултетот на кој Јована е втора година на мастер студии е во состав на Љубљанскиот универзитет […]

„Робусната акција“ на Мицкоски не била притисок врз судството


Робусната акција во правосудството што ја најави премиерот Христијан Мицкоски, владината портпаролка Марија Митева вели дека не ја оценуваат како притисок кон судиите и обвинителите.Конкретно, ставот на Владата што Митева денеска го сподели со медиумите беше одговор на прашањето дали вчерашната неотповиклива оставка на, сега веќе поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева и сè […]

Коалиција „Менуваме“: Да се реши проблемот со исплатата на персоналните асистенти


Коалицијата „Менуваме“ на Денот на лицата со попреченост бара од Министерството за социјална политика, демографија и млади да се реши проблемот со надоместокот за персоналните асистенти и бара зголемувањето на додатокот за попреченост да биде за сите лица, а не само, како што најавил министерот, за лицата со квадраплегија и со оштетен слух и говор.  […]

Возачките дозволи со старото уставно име заменете ги до 31 декември


 Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Сите граѓани, се навдува во денешното соопштение од МВР, кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, […]

„ЕУ за чист воздух“ донира речиси 1.000 дрвја на Скопје


Акција за урбано зазеленување во Скопје за подобрување на квалитетот на воздухот Скопје, 3 декември 2024  – Во рамки на тековните напори за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на урбаните зелени површини, оваа недела, на Град Скопје му се испорачуваат 956 дрвја од 16 различни видови, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран […]

Голем снег на Пелистер, Копанки ја почнува новата скијачка сезона


  БИТОЛА – Голем снег падна на Пелистер овој викенд, над 1 метар, а ски центарот Копанки веќе се подготвува за почеток на новата сезона. Снегот направи проблеми околу проодноста на патишта, ама затоа донесе радост кај вљубениците во скијањето. Како течат работите на терен се очекува битолчани и посетителите од регионот првото скијање да […]

Владата, во овој момент, не размислува за зголемување на возраста за пензионирање


Владата, во овој момент, не размислува да ја зголеми возраста на која вработените ќе одат во пензија, изјави денеска на прес конференција владиниот портпарол Марија Митева. Митева, одговарајќи на новинарско прашање, како Владата размислува да ја пополни дупката во Фондот за пензиско осигурување, со оглед на тоа што таму состојбата е сѐ полоша, рече дека […]

На 10 декември протест за чист воздух во Скопје


Независната коалиција Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември организира протестен марш за чист воздух.Како што соопштија од ЗХГ, маршот ќе почне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и завршува пред Владата. -Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои […]