За приредбата со униформи на УЧК и пластички пушки одговорност ќе понесе една од наставничките


Извештајот за надзорот е готов. Просветните инспектори утврдиле неправилности и одговорност ќе поднесе една од наставничките која била организатор на приредбата. За тоа ќе информиран и директорот и градоначалникот на општината за да постапат по закон, кажа денеска министерката за образование, Весна Јаневска за приредбата со децата во основното училиште во Челопек кои носеа униформи […]

УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност


Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски […]

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев


Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри денеска му додели титула „Почесен витез од орденот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Универзитет Американ колеџ,Марјан Бојаџиев, како признание за неговиот придонес за поттикнување на меѓукултурен дијалог и унапредување на образовните стандарди помеѓу Северна Македонија и Италија. -Ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), проф. Бојаџиев е успешен економист, едукатор […]

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако


Денеска на плоѓтадот „Македонија“ стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот нема.  Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за […]

Перински не се откажува од иницијативата за смена на градоначалниците со референдум


 Една од најважните иницијативи за локалната самоуправа е можноста за референдумско изјаснување за отповикување на градоначалниците, што ќе ја зголеми одговорноста на локалните лидери и ќе овозможи поголема контрола од страна на граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Перински, во гостување на ТВ Алфа, истакна дека ова решение било присутно и во Законот […]

Уставниот суд укина одредби од деловници на неколку општини


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-ва седница на која беа разгледани десет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и четири предлози за одлучување. Меѓу отфрлените иницијативи беа оние за оценување на уставноста на членови од Законот за даноците, Законот за управни спорови и Законот за организацијата и методологијата […]

ВМРО-Народна партија бара укинување на приватниот пензиски фонд


ВМРО-Народна партија смета дека дупката во пензискиот фонд, како и барањето за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката е резултат на создавањето на ориватниот пензиски фонд.  -Во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и […]

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“


Откако и родителите на учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром се заканија дека нема да ги донесат децата на настава од утре, затоа што во училиштето се врати третоодделенецот кој беше проблематичен, Весна Јаневска, министерката за образование и наука се прогласи за ненадлежна за решавање на проблемот. Вели дека има систем, но поголеми ингеренции […]

Потпалувачите на знамињата добија прекршочни пријави


Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад […]

Скијачката сезона во Нижеполе почнува денеска, во Маврово утре


  Во ски-центарот „Стрежево“ на Нижеполе на Пелистер започнува ски сезоната.  Денеска од 11 часот центарот најавува промотивно скијање за посетителите. На Нижеполе ќе има и дневно и ноќно скијање. „Стартува претстојната скијачка сезона. ЈП ‘Стрежево’ ги спроведе сите технички подготовки и активности за непречен и успешен почеток на скијачката сезона. Патот е прооден, паркинзите […]

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, Собранието ќе постапи како што смета


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  оцени дека интерпелацијата што ја поднесе за неговата работа опозициската ДУИ  е „низок обид за манипулација на јавноста“, истакнувајќи дека Собранието ќе постапи како што смета.  На новинарско прашање Тошковски рече дека тезите коишто се поставувале во изминатиот период од страна на опозицијата, а особено од страна на […]

ДУИ: Во Клиничката болница во Тетово директорот склучил договор со роднина


ДУИ реагира на информациите дека во Клиничката болница во Тетово  директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, што според нив е јасен доказ за „невидена морална деградација“. -Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, […]

На ТИМСС тестирањето македонските ученици на 44 место од 58 држави


Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место.  Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено  во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик […]

Променливо време со повремен дож и ветер до крајот на неделава


 Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд, соопшти УХМР. Од недела […]

Ангелов домаќин на делегација на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA)


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска беше домаќин на делегација на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA – „Џајка“), предводена од Ичиро Мимура, заменик на генералниот директор и директор на групацијата за заштита на шумите и природата од главната Дирекција (на JICA) од Токио. Како што информира ЦУК, на […]

Си наплаќал 50 денари паркинг на државно земјиште зад поликлиника „Бит пазар“


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – […]

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција


Со одлука на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. -Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност […]

И СДСМ е против зголемување на старосната граница за пензионирање


  За СДСМ идејата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.  „Овие најави совршено се надоврзуваат на основните принципи на функционирање на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски: експлоатирањето на трудот на работниците без никакво најави за зголемување плати, накалемувањето […]

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат


Соучениците на проблематичниот, насилен ученик во трето одделени од ООУ „Лазо Ангеловски“ денеска ја напуштаат наставата, откако родителите го донеле ученикот на часови. За вечерва, свикан е состанок на Советот на родители во „Лазо Ангеловски“, на кој треба да се одлучи за бојкот на наставата од сите одделенија, што би почнал од утре, доколку ученикот […]

Општина Куманово избра сувенир на градот


Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.   -За изработката користев […]