ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува учениците и нивните родители да го користат упатството што е доставено пред две недели во училиштата, кое треба да ги заштити најмладите од предизвиците на интернет.  По повод Денот на побезбеден интернет, што кај нас се одбележа првпат денеска во ОУ „Димитар Македонски“ во Лисиче, министерот рече дека упатството било […]

Пописот 2021 го намалува бројот на советници во повеќе општини – во Гостивар дури 8


  Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќе претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население […]

Зејнелов го призна убиството на Емилија Пешева, семејството бара доживотен затвор


Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари. Зејнелов денеска пред Судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство. Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор […]

Муртезани на настан за поголема заштита на европските пари


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска го отвори настанот „Заштита на јавните финансиски интереси на инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ“, што се одржува во Маврово во организација на УНОПС. Во своето обраќање, Муртезани ја нагласи клучната улога на довербата во институциите, владеењето на правото и одговорното управување со јавните финансии, соопшти Министерството за европски […]

Андоновски: Хибридни напади ќе има, важно е како институциите одговараат


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата. -Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со […]

Таравари најави разрешување на уште директори на ЈЗУ, засега сменети на „Козле“ и на гостиварската болница


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа. – Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники. Министерството за здравство […]

Со музичко-ликовен настан одбележан Меѓународниот ден за побезбеден интернет


За прв пат кај нас се  одбележува Меѓународниот ден за побезбеден интернет и тоа во Општина Аеродром, во ООУ „Димитар Македонски“. На настанот присуствуваше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и градоначалникот Дејан Митески. – Сакаме да ја поткренеме свеста на младите, особено на учениците за важноста на безбедното користење на интернетот, на модерните […]

Пожар изби во напуштена барака во Аеродром на улица „Коста Новаковиќ“ (видео)


Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром. Пожарот е ставен под контрола, информираа од Противпожарната бригада на Град Скопје. Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари.  

Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники


Компресорската станица за хируршките клиники во комплексот клиники Мајка Тереза, денеска официјално беше пуштена во употреба. Министерот за здравство, Арбен Таравари изрази задоволство што освен континуирани инвестирања во реновирања и опремувања во здравството, се решавале и долгогодишни наследени проблеми како овој со станицата. Тој истакна дека за среќа, функционира и старата компресорска опрема, со што, […]

Таравари: Болниците во Штип и во Кичево да бидат готови за две години


Болниците кои подолго време, а некои и со децении не се доградени, министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека ќе бидат готови за две години, а во меѓувреме најавува годинава да се завршат „Св. Еразмо“ во Охрид и болницата во Штип. Исто така, во план се обнова и реновирање на повеќе оддели и тоа […]

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа


Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам, соопштија од Општина Центар. – Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, […]

Најстудено во Берово, минус 11 степени, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР.  До 08:30 часот се измерени и -8 степени во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 е на Попова Шапка и во Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, […]

Детската клиника во Скопје не ги платила глобите за незаконско постапување по смрт на деца


Директорот на Детската клиника во Скопје и самата клиника сè уште не ги платиле двете глоби изречени по вонредните инспекциски надзори, спроведени поради смрт на деца. Според директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов, казната за незаконско постапување ќе биде побарана преку судска постапка. Во изминатите четири месеци, седум деца починале во […]

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март


Откако во петокот пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, според Деловникот, треба да ги достави до нив и во рок од десет дена да добие одговор дали […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден


Студено утро и денеска, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, исто така, се очекува наутро студено, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 10 февруари 2025 година, 41-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 324 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 17 часот. Денов трае 10 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а […]

Македонија целата беше во минус ова утро


  Целата држава утрово беше зафатена од минусни температура поради ведрото време и пробивот на студена воздушна маса. Најниска темепература од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени  Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во […]

Тошковски во посета на доброволни противпожарни друштва


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани. Како што соопшти МВР, на средбата Топковски се запознал со предизвиците со кои се соочуваат припадниците на ДПД и на ТППЕ, но и сугестиите за унапредување на системот […]