Црвен крст ги повика македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ


Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10 000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки …

Црвен крст ги повика македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ Read More »

ЦУК: 2.028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  имало вкупно 2 028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од …

ЦУК: 2.028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено Read More »

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска


Во Тетово вчера беше промовирана книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, фотограф и филателист кој живее во Нашице, Хрватска. Книгата е збир на разгледници кои биле праќани од Македонија кон Хрватска. – Најстарата разгледница датира од 1914 година кога со Прва светска војна започнала допишувањето со заробените и ранети војници …

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска Read More »

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир


Официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот. На настанот ќе се обратат претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на Светска банка, Масимилијано Паолучи и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. 

Најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе, 65 литри на метар квадратен


Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен. До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 …

Најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе, 65 литри на метар квадратен Read More »

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово


Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин утрово од 06:40 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. 

Натпревар „Инструментите на моите предци“ во ДКЦ „Карпош“


„Инструментите на моите предци“ е насловен натпреварот на класични и народни традиционални македонски инструменти кој денеска од 9 часот ќе се одржи во Детскиот културен центар „Карпош“. Наменет е за деца и млади од 10 до 18 години кои ќе натпреваруваат во свирење на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан. -Со овие натпревари ДКЦ „Карпош“ …

Натпревар „Инструментите на моите предци“ во ДКЦ „Карпош“ Read More »

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“


Четврто издание на Фестивалот на биодиверзитет ќе се одржи денеска во „Јавна соба“ во организација на „Слоу фуд Водно“ и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect. Насловен е  „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ и ќе може да се посети од  10 до 17 часот. …

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“ Read More »

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка


Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“. Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како …

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка Read More »

Дваесетта „Бела ноќ“ во Скопје


Во Скопје вечер ќе се одржува јубилејната, 20-та „Бела ноќ“, која Град Скопје секоја година ја организира во првата сабота од октомври. Институциите од културата ќе бидат отворени за публиката која ќе може бесплатно да посети изложби, концерти, перформанси, проекции, работилници… Традиционално, по повод манифестацијата „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и јавниот градски превоз од …

Дваесетта „Бела ноќ“ во Скопје Read More »

Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од …

Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер Read More »

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина


Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова преку „Твитер“ испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе. „Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо …

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина Read More »

(Видео) Пороен дожд во Тетовско: Пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе и маж од автомобил


Интензивниот повеќе часовен дожд во Тетово, денес, е причина повторно да има поплавување на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици. Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени …

(Видео) Пороен дожд во Тетовско: Пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе и маж од автомобил Read More »

Водата од гостиварскиот водовод повторно не е за пиење


Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, попалднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење. Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување. Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи. – Поради контаминација предизвикана од …

Водата од гостиварскиот водовод повторно не е за пиење Read More »

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025


Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта  Спортска академија и  Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука. Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година. За двата конкурса кандидатите треба да пополнат електронска пријава и да …

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025 Read More »

Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон


Утре 5 октомври, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“. Превозот ќе биде бесплатен од 18 до 2 часот по полноќ. ЈСП Скопје информира дека во недела на 6 октомври од 7 до 14 часот поради одржување на „Виз Ер скопскиот маратон“, дел од автобусите ќе …

Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон Read More »

One Stop Shop концептот и на Ќафасан-Ќафтане


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. „Со министерот Хоџа разговаравме …

One Stop Shop концептот и на Ќафасан-Ќафтане Read More »

Владата нуди помош за проблемот со водата за пиење во Струмица


Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, на заедничка прес- конференција со директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, директорот на АД Водостопанство Филип Филиповски и директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска, соопшти дека Владата и нуди помош на Општина Струмица за решавање на проблемот со водата за пиење. …

Владата нуди помош за проблемот со водата за пиење во Струмица Read More »

Мисајловски: Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување


Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме како Влада, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици и да се направи посебна анализа од Генералштабот, па потоа да се размислува за вакво прашање. Прашан дали можеби …

Мисајловски: Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување Read More »