Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска, утре и во петок


 Денеска, утре и во петок на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5-ти до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република […]

Предавање „Карцином на дојка“


Во Деканатот на Меицинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи  предавање „Карцином на дојка“. На отворање на настанот поздравен говор ќе има Милица Кузманоска потпретседател и менаџер за комуникации ХЕМА-ОНКО, а воведно обраќање од д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, која ќе говори за […]

Без вода дел од Општина Гази Баба, повеќе скопски општини без струја


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Шеснаесетта македонска бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ бр. 8/2. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање […]

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло


Времето денеска – утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од – 5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. […]

Сашо Дранго не е веќе заменик-директор на „Македонијапат“


  БИТОЛА – Демирхисарецот Сашо Дранго не е веќе заменик-директор на „Македонијапат“ . Од денеска на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен. Дранго за „Независен“ на  СМС порака дали е разрешен напиша дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ . „Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, […]

ЈП „Паркови и зеленило“: Дрвото не беше обележано за сечење


Откако градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски повика ЈП „Паркови и зеленило“ да си ја врши работата, затоа што врз дете паднало дрво што се скршило и тоа во близина на просториите на ова претпријатие, од таму велат дека дрвото не било обележано за сечење. „Во врска со денешниот немил настан во општина Карпош кога […]

Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација


Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје.  – Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна […]

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство


Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Како што информира Јавното обвинителство, Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1976 година. По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредувал до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина. […]

Што сè треба да направи еден матурант за да заврши средно образование и да се запише на факултет?


Завршувањето на средното образование во Македонија е регулирано со закон и вклучува повеќе обврски кои средношколците-матуранти мора да ги исполнат за да стекнат сертификат или диплома и евентуално да продолжат на високо образование. Според Законот за средно образование, на учениците им претстојат задолжителни испити, проектни задачи и административни постапки кои се клучни за добивање на статусот […]

Подгответе се за три дена метеж во сообраќајот во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР […]

Дрво паднало врз малолетник во близина на „Паркови и зеленило“ – Карпош повикува да не се игра со безбедноста на децата


За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај е повреден еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот […]

Поради дефект на водоводна цевка, без вода населбата 11 Октомври


Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф 200мм на ул.„Борис Трајковски“ бб , кај маркет ТИНЕКС, денеска без вода се корисниците од населбата „11 Октомври“. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 до завршување со работните активности.

Операции за намалување на тежината на 40 пациенти ќе се направат на државен трошок


Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување. Клиниката за дигестивна хирургија е подготвена до крајот на месецот или на почетокот на следниот да почне со операции. За операција ќе бидат издвоени пациенти што веќе […]

На ред дојде и претседателот на ССМ: Жесток напад на ВМРО-ДПМНЕ врз Слободан Трендафилов


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбра нова цел за отстрел. Досега се занимаваше се политичките противници, сега на нишанот го стави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Пратеникот Бране Петрушевски, кој е задолжен за вакви тиради во партијата, денеска изјави дека Трендафилов настапувал усогласено со СДСМ и бил незаконски избран. И дека само глумел […]

Одложено е повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа


Во Тетово денеска повторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски. – На 3 март 2025 од сопругата на […]

АХВ: Најдени колиморфни бактерии во минерална вода увезена од Косово


Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Од АХВ […]

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција


Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за […]

Минусни температури утрово, преку ден до 16 степени


Утрово во целата држава имаше минусни температури.  Најстудено беше во Берово каде се измерени -8 степени Целзиусови, -7 се измерени на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови и Битола, -4 во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија и Гевгелија, -2 во Крушево, Велес, Охрид, Виница и Кавадарци и […]

Туристичкиот потенцијал на нуркањето огромен, но многу малку искористен


Нуркањето бара дисциплина, подготвеност, голема инвестиција во обуки, опрема, тренинзи и постојани усовршувања и надградувања. Тоа е специфичен спорт, кој бара откажување од многу задоволства и е начин на живот кај љубителите на подводните авантури. Овој уникатен спорт е одлична можност за промоција на државата и привлекување туристи, кој треба да е дел од севкупната […]

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар


Општина Центар денеска организира Архитектонска изложба за идејни решенија за новата општинска зграда. Изложбата ќе се одржи во КСП Центар – Јадро со почеток во 19 часот.  Како што соопштуваат од Општина Центар, на изложбата ќе бидат презентирани различни архитектонски решенија кои имаат за цел да создадат современ и функционален простор за граѓаните и општинската […]