Пилот проект на ЈПДП „Снимање на сообраќајната сигнализација“


 Јавното претпријатие за државни патишта изминатите седум дена започна пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 километри патишта во државата. Со специјалното возило ангажирано во рамки на адаптивното одржување на РАМС системот, соопштија денеска од ЈПДП, се собираат податоци за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за […]

Клековски: Сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини пред велигденските празници


Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини. – Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради […]

Борисов: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани


Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и дека се постапува по изјавени жалби на судии на претходна постапка во врска со пожарот во дискотеката во Кочани која се случи на 16 март и во која животот го загубија 61 лице, а беа […]

Презентирана Стратегијата за образование на возрасните 2025-2030


Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните (ЦОВ) денеска ја презентираа Стратегијата за образование на возрасните 2025-2030, која треба да овозможи поголема продуктивност на населението и развој на општеството. Министерката Весна Јаневска истакна дека стратегијата се базира на концептот на доживотно учење што, рече, е многу важно за активирање на возрасното […]

Земени мостри од реката Кумановка, што е црвеникавиот испуст?


Земени се мостри за испитување од реката Кумановка во близина на месноста Проевце, резултатите се очекуваат да пристигнат утре и да ја покажат причината за евентуалното загадување на реката, соопштија денеска од секторот за инспекциски надзор од општината. Граѓаните веќе извесен период алармираат дека во водата истекува непозната материја во црвеникава боја од див испуст. […]

Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство


Уште еден од повредените лица во пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, соопшти Министерството за здравство. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.  Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментов се […]

Утврдени кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ: Од пријавените 37 кандидати, поминаа 24


Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седницата ја заврши Проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025). Согласно гласањето на членовите на Комисијата, од пријавените 37 кандидати, поминаа 24, додека […]

Мисајловски на вежбата „Seven Stars 25“ во Велес


Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска (10 април) присуствуваше на Денот на високи гости на вежбата „Seven Stars 25“ која се реализираше во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ каде порача дека оваа е мултинационална вежба во која учествуваат шест држави и дека таа е […]

Николоски на средба со ЗЕЛС за нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија работна средба со претставници на ЗЕЛС.   На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката […]

Објавен е првиот пакет на претстојни повици од програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година


 Од 3 април до 14 мај е отворен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ на Европската комисија за 2025 година кој се однесува на дигиталните иновациски хабови. Министерството за дигитална трансформација денеска го распиша Повикот за дигиталните иновациски хабови од земјава кои се заинтересирани да станат дел од мрежата Европски […]

Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за соработка меѓу МВР и ЈО


Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка. Министерот Тошковски […]

ДЗР: Несоодветните услови во затворите и безбедносните ризици, основни проблеми во пенитенцијарниот систем


Пренатрупаноста, недоволната инвестиција во инфраструктурата, нецелосно воспоставен видео надзор, недостатокот на медицински персонал и несоодветната техничка опременост влијаат негативно врз обезбедувањето хумани услови за лицата лишени од слобода. Дополнително, ограничената примена на пробациски мерки и недоволната постпенална поддршка ја намалуваат ефикасноста на ресоцијализацијата, додека нерегуларниот надзор ја доведува во прашање усогласеноста со препораките за подобрување […]

Либералниот институт со дискусија по зачестените насилства врз животни


Утре,  во младинскиот центар „Матично“ при Општина Центар, во организација на Либералниот институт Скопје, ќе се одржи панел-дискусија на тема: „За посигурна иднина на животните: Законски промени сега“. Панел-дискусијата доаѓа по сѐ позачестените случаи на злоупотреба и насилство кон животните, но и недоволната ангажираност и реакција на надлежните институции кои треба да ги штитат истите, […]

Роднини, пријатели и РЦУК Штип пет дена во потрага по исчезнато лице од Степанци


Пед дена надлежните служби, како и доброволци од РЦУК Штип, негови родинини и пријатели трагаат во околината на селото Степанци, каде на 5 април пријавен е како исчезнат еден човек. Потрагата по исчезнато повозрасно лице од с. Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Едиствениот […]

Поддршка за нови енергетски проекти – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка


Во рамките на ESG Adria Summit 2025, што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски, оствари работна средба со Клаус Милер, директор на КфВ банка за Југоисточна Европа и Турција. Средбата беше фокусирана на напредокот и […]

ДОМ: Зошто не се применува платформата Е-инспектор?


Во Инспекциски совет постои платформа Е-инспектор за водење на редовните и вонредни инспекциски постапки и сите државни  инспекторати завршија обука за користење на системот кој е интероперабилен со Централен регистар, Агенција за вработување, Службен весник и други институции во државата но, некој треба да види зошто не се применува во пракса! Државните испекторати во 2024 […]

СДСМ прашува зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истрагата


Речиси четири недели по огромната трагедија во Кочани, истргата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата?, реагира СДСМ. Иако беше најавено, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на […]

Градоначалникот на Дојран демантира дека има помор на рибата и бела пена на брегот на Дојранското Езеро


Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги демантира вчерашните информации дека на брегот на Езерото, на потегот од Нов до Стар Дојран, се појавила бела пена, мртви риби и ракови. Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на […]

Зелен хуман град со протестен марш во сабота за труењето од рудникот Тораница


Зелен хуман град најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање поради, како што велат, алармантниот молк и неодговорното постапување на надлежните институции во врска со хаваријата и истекувањето на токсични материи од рудникот Тораница во Крива Река. „По хаваријата, ЗХГ […]

Менче Андреева назначена за директорка на Инспекторатот за македонски јазик


После цела година откако беше изгласан Законот за употреба на македонскиот јазик, Владата ја назначи Менче Андреева за директорка на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик. Андреева е дипломирана лекторка на Филолошкиот факултет, катедра за македонски јазик и литература, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Таа досега беше вработена како професорка […]