Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница


 На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ утре во 11.00 часот ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни […]

Велес доби пари од унгарскиот кредит за еден проект, сега аплицира за 16


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, […]

Кисела Вода доби паметна и еколошка платформа – ќе функционира ли долго?


За првпат во Македонија, ,,City and me” – паметна, еколошка и граѓански ориентирана платформа, најавува Општината Кисела Вода од денеска, а преку неа граѓаните на оваа општина што ќе ја косритат добиваат ваучери за билети за кино, попусти на кафе во одредени кафулиња и друго.  – Денес го одбележавме почетокот на еден навистина иновативен и […]

За справување со последиците од пожарот во Кочани помагаат Доброволното противпожарно друштво и Амбасадата на Германија


Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Кочани во текот на оваа година ќе реализира заеднички проект за справување со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во рамки на иницијативата на потпишани се договори за донации како дел од Фондот за мали проекти на Амбасадата, а партнери во спроведување […]

Таткото на Вања: Пропуст на полицијата е што не го барала возилото „ситроен“ на Панче


  Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кого обвинителите го гонат дека помогнал со информации на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, одговараше на прашањата поврзани со денот на грабнувањето на Вања. Прашанзошто не излегол од автомобилот која  отишле на локацијата каде што бил последно сигналот на Вања, обвинетиот Ѓорчевски вели дека […]

Алијансата на Таравари го исклучи од партијата притворениот директор на Геријатрија


  Одлучувајќи според етичкиот кодекс на пртијата Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари го исклучи притворениот директор на Геријатриската болница Мухсин Арифи. Директорот Арифи е осомничен дека побарал мито од 20.000 евра за да прими пациент во болницата. Арифи досега беше претседател на огранокот на АА во Сарај.  Во соопштението […]

Реконструкција на улицата „Дебарца“ во Центар


Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни. „Продолжуваме со реконструкција […]

Вандализирана новата неотворена градинка во Бутел


Новата детска градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември годинава е вандализирана, искршени се прозорци, врати, оштетени се хидрантите, а по ѕидовите е чкртано. МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка, соопштија од градинката. […]

Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени. Во Скопје, сончево со мала до […]

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот со трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени.  Тошковски очекува дека Обвинителството во разумен рок ќе поднесе обвинителен акт.  – Според […]

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, во тек тендерските процедури


Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што […]

Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров


На инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда во општина Ѓорче Петров ќе му биде изречена соодветна казна согласно законските прописи и без никакво одлагање ќе биде задолжен да ја санира штетата, информираа попладнево од Општина Ѓорче Петров. Дел од медиумите денеска објавија дека случајот е пријавен утринава околу 10 часот откако дел од станарите […]

Седум години стоеле во библиотеката, сега ќе бидат поделени 1.000 Правописи во сите училишта


Сите основни училишта во Македонија ќе добијат примероци од македонскиот Правопис, откако примероци биле најдени во депото на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје.   Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски бил на средба со директорот на библиотеката Јовица Никчевски, на која разговаралее за спроведување на една заедничка акција за дистрибуирање на Правописот на македонскиот јазик […]

Сѐ уште висок број заболени од грип за овој период од годината


 Во текот на 14. недела од 2025 година – од 31 март до 6 април, во Република Северна Македонија се пријавени 319 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 37,6 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 14. […]

Судски совет: Ферати не згрешил со пресудата од две години затвор за Пајазити


Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои постапувале во случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие таксативно наведуваат кој суд како постапил, па на крајот посочуваат дека судијата Елмедин Ферати не згрешил кога возачот Менсур Пајазити кој го усмрти девојчето, го осудил на 2-години затвор. Оттаму […]

Кои се 24-та кандидати за Програмскиот совет на МРТ? Некои бараат и трет мандат


  Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седницата ја заврши проверката на кандидатурите за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. Согласно гласањето на членовите на Комисијата, од пријавените 37 кандидати, поминаа 24, додека на 13 од пријавените кандидатурите им беа одбиени поради немање на комплетна документација. Меѓу кандидатите кои се […]

Лимани: Постапката за физичко обезбедување на социјалните работници е во завршна фаза


Немилиот нстан во Прилеп и изложеноста на социјалните работници на предизвици додека ги вршат своите работни задачи, беа некои од темите на денешниот работен состанок на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски со директорите на центрите за социјална работа и установите за социјална заштита. На состанокот, како […]

Ферати донел законска одлука, оценува поддржницата на Здружението на судии од Тетово


Тетовскиот судија Елмедин Ферати, кој го осуди на две години затвор обвинетиот што пред речиси три години смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, донел законита одлука, велат од поддржницата на Здружението на судии на РС Македонија, при Основниот суд во Тетово. Од подржницата на Здружението денеска испратија соопштение до медиумите, во кое велат дека судијата […]

„Дижонска“ доби фекална канализација, следно е нов водовод


На улицата „Дижонска 17“ во Општина Чаир успешно е завршена изградбата на новата фекална канализациона мрежа во должина од 180 метри, со што значително се подобрува инфраструктурата за 35 домаќинства во овој дел од општината. Во моментов се во тек подготвителни активности за наредната фаза – инсталација на нова водоводна мрежа, која ќе овозможи стабилно […]

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан


Европската унија денеска објави повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан со цел да се поддржи економскиот раст на регионот и интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европска Економска Зона (ЕЕЗ) и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти, со краен рок до 21 мај. Европската […]