Јаневска: Ако цената за студентско легло порасне како што бара ДЗР на 14.680 денари, тоа ќе биде шок


Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија …

Јаневска: Ако цената за студентско легло порасне како што бара ДЗР на 14.680 денари, тоа ќе биде шок Read More »

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“


Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице поради оддавање службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ се лишени од слобода и против нив е донесена наредба за спроведување на истражна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. -Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во …

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ Read More »

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури. Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот …

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци Read More »

Лимани: Зголемена поддршка за ранливите граѓани и воведување парична помош за лицата без горни екстремитети


Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични …

Лимани: Зголемена поддршка за ранливите граѓани и воведување парична помош за лицата без горни екстремитети Read More »

Ќе се загради депонијата „Дрисла“


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Ненад Јосевски, ја посети депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата со цел таа да биде целосно функционална и …

Ќе се загради депонијата „Дрисла“ Read More »

Меџити: Со мерките кои ги преземаме ќе влијаеме за почист воздух и почиста животна средина


Загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе мерки. Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина, порача денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Како позитивен пример го оцени последниот проект …

Меџити: Со мерките кои ги преземаме ќе влијаеме за почист воздух и почиста животна средина Read More »

Пепелта од депонијата на РЕК „Битола“ не била радиоактивна


  БИТОЛА – Пепелта од депониите на РЕК „Битола“ не е радиоактивна, вели професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски по извршеното мерење на терен. Во Битола деновиве стручната јавност  дискутира на тема колку е возможно откажувањето на јагленот како примарен ресурс за производство на струја од РЕК „Битола“ и модернизација на битолскиот комбинат …

Пепелта од депонијата на РЕК „Битола“ не била радиоактивна Read More »

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство


Едукативна работилница за врсничко насилство, наменета за родители, утре (вторник, 5 ноември), ќе се одржи во младинската канцеларија „МКЦ” во Кочани. Почетокот е закажан за 18 часот, а настанот е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Средбата е отворена за сите заинтересирани и од Виница и од Берово, како …

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство Read More »

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско


Полициски службеници од СВР Тетово синоќа над тетовското село Пршовце, во добра здравствена состојба, ги пронашле 12-те планинари кои се изгубиле во тетовско.  -Синоќа во 22:10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, …

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско Read More »

Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите


Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури поради недоволно врнежи, велат агрометеоролозите. Тие препорачуваат и полевање на зеленчуковите насади, бидејќи, како што објаснуваат, може да дојде до засушување во раните етапи од развојот. Останува препораката да се применуваат правилни агротехнички мерки: наводнување, обезбедување на потребните количества хранливи материи …

Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите Read More »

Сончево со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, со можна појава на магла по одделни котлини во утринските часови. Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, додека минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до …

Сончево со мала локална облачност Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 4 ноември 2024 година, 309-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 57 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 10 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе  изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Два од земјотресите со епицентар во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци


 На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од …

Два од земјотресите со епицентар во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци Read More »

Утре без струја делови од Зелениково, Ѓорче Петров, Аеродром и Центар


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.  Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја …

Утре без струја делови од Зелениково, Ѓорче Петров, Аеродром и Центар Read More »

Невладините бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид


Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од …

Невладините бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид Read More »

Јаневска: Утврдени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид, Струга, инспекцискиот надзор не е завршен


Во процесот за контрола на работата на универзитетите и високообразовните установи се утврдени одредени проблеми и недостатоци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека процесот се уште не е комплетиран туку постепено утврдуваат „една по друга нерегуларност“. Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, таа посочи дека има нелегален избор на двајца наставници …

Јаневска: Утврдени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид, Струга, инспекцискиот надзор не е завршен Read More »

Зградата на Општина Струмица светна во боите на српското знаме


 Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Во објавата на неговиот фејсбук профил се наведува дека Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад. – …

Зградата на Општина Струмица светна во боите на српското знаме Read More »

Карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите, лекарите препорачуваат редовни прегледи и скрининг


Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите, се препораките што лекарите и психолозите ги упатуваат по повод месецот на машкото здравје. Карциномот на простата е втората причина за смртност кај мажите и затоа лекарите препорачуваат барем еднаш годишно да се прави преглед.   Во разговор за МИА, тие нагласуваат дека со …

Карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите, лекарите препорачуваат редовни прегледи и скрининг Read More »

Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два


Во Гевгелија утрово со измерени 14 степени Целзиусови е најтопло, а во Берово со минус два е најстудено.  Во Лазарополе нула степени, 1 на Попова Шапка, 2 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Маврови Анови, 4 во Прилеп, Штип, Струмица и Крушево, 5 Охрид и Претор, 6 Куманово, 7 степени во Виница, 8 во …

Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два Read More »