Бесплатна работилница за млади фотографи


Би сакал/а твоите фотографии да ги види целиот регион? Вон рамката. Пријави се на бесплатна менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје и разви го својот фотограафски стил! Ако си млад(а) фотограф/ка од Северна Македонија (21-35 години), амбициозен/на да развиеш своја професионална кариера во полето фотографијата, бараш квалитетно менторство, контакти и видливост-тогаш оваа програма е […]

Герасимовски: Аплицирај за субвенции за велосипед, јавниот повик е во тек


Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции за велоспеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и за дополнителна опрема. На повикот можат да се пријават сите граѓани кои имаат живеалиште во Центар, а проектот се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите центарци да аплицираат и да […]

УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа. – Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање […]

Се јави девојката за која се споделуваше дека е исчезната – тоа е лажна тревога


Девојката Симона Стојкова од Скопје, за која се појави објава на страницата „najdime.org.mk“ дека е исчезната, никогаш не била пријавена како исчезната во полициска станица. Таа самата ја демантираше информацијата преку објава на својата „Фејсбук“ страница. „Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека […]

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје


МВР вчера во центарот на Скопје презеде 20 мерки за непрописно паркирани возила. -Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што […]

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Сопиште


 Денеска без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Сопиште.  -Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат делл од корисниците на ул. „100“ и ул. „21“ во Волково, општина Ѓорче Петров, информираат од РЦУК.  Според информациите од АД „ЕСМ“ кои ги пренесува РЦУК, во периодот од […]

Променливо облачно со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 25 април 2025 година, 115-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 250 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без размислување влегле во запалена куќа: Две момчиња од Дебарско херои во Италија, спасиле неколку лица


Две момчиња по потекло од дебарскиот крај се херои во Италија откако не двоумејќи се влегле во куќа која горела во Виа Паролини, Басано дел Грапа и спасиле четири животи. Според италијанските медиуми „Македонците – херои се Алмир Иљази и Орхан Емро кои спасиле две постари жени кои се гушеле во чад, уште една жена […]

Затворен базенот во „Борис Трајковски“ – паднал дел од таванот


Од спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека пливачкиот базен привремено да нема да работи. – Поради изведба на технички зафати од поголеми размери, пливачкиот базен нема да работи од 22.04.2025. За повторно отпочнување со работа, навремено ќе бидете известени на веб страната, како и на фејсбук страната. Интензивно работиме на отстранување на дефектот и на […]

Одземен пасошот на актуелната претседателка на ДКСК за предметот “Адитив“


Судот го прифати предлогот на обвинителството и определи мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена во рамки на истрагата за предметот „Адитив“. -Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во […]

Крстевски: Собранието покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани


Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски упати реакција во која како скандалозна ја оценува изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта кон настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан. – Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во […]

Со европски пари ќе се направат 87 пречистителни станици


За Република Северна Македонија, најголемите предизвици за Поглавјето 27 остануваат во областа на управувањето со води и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивите за отпадни води и вода за пиење предвидува вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година. Со овие средства е предвидена изградба на 87 пречистителни […]

Битолчани ќе добијат бесплатни WiFi зони


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за […]

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската ЗОО


Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна добросостојба. „Она што го видов не беше само разочарувачко – беше вознемирувачко“, пишува Мокошеин. Таа додава дека смета оти „условите во кои се чуваат […]

Во сабота се навршуваат 40 дена од трагедијата во Кочани – Студентското пленумско движење повикува на мирен собир


Студентското пленумско движење повикува на мирен собир со почеток во 17.00 часот во петок на платото на УКИМ, по повод 40 дена од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Студентите потоа ќе се упатат кон Основен кривичен суд каде ќе се започнат 62-минутен молк. „Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот […]

Општина Битола со 59 апликации за 36 објекти на јавниот повик за финансирање на локалните самоуправи


Општина Битола до Министерството за локална самоуправа достави 59 апликативни формулари за 36 различни објекти, за кои општината во изминатиот период изготви проектна документација за аплицирање на новиот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти во локалните самоуправи. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека со апликациите ќе се обезбеди финансиска […]

Одбележани 82 години од востанието во Варшавското гето (фото)


Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје денеска беа одбележани 82 години од Јом Хашоа – национален комеморативен ден во Израел посветен на херојството на заробениците во Варшавското гето кои се побуниле против нацистичкиот терор кревајќи востание во април 1943. Беше отворена и изложба на ликовни дела од ученици од основни училишта која се организира […]

Настов: Во Клиниката за хируршки болести има четворица пациенти од пожарот во Кочани – тројца се пуштени на викенд


Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ моментално се хоспитализирани четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, информираше денеска директорот на Клиниката Небојша Настов. Истакна дека нивната состојба е максимално подобрена и веќе на почетокот од следната недела […]

Реализирана донација од четири милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лајф обложувалници


Денеска, беше претставен  комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата Спорт Лајф обложувалници. Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните […]