МО: Подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker


Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на …

МО: Подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker Read More »

Почина Наде Проева, експертка по античка историја


На 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универзитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен …

Почина Наде Проева, експертка по античка историја Read More »

„Време е за чај“, од 14 до 17 ноември во Скопје Сити Мол


Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол. На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат …

„Време е за чај“, од 14 до 17 ноември во Скопје Сити Мол Read More »

Почина поранешниот функционер Тахир Хани


Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција. Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик-министер… Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил. – Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот …

Почина поранешниот функционер Тахир Хани Read More »

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 …

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење Read More »

Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода


Без електрична енергија денеска од 08.30 д0 14 часот ќе бидат корисниците на село Дељадровци во Оштина Илиден, соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН Македонија. Без струја од 09:30 до 13:30 часот ќе бидат и корисниците од село Горно Оризари, Фарма „Глуво“ село Голиево, Пречистителна Станица Бразда, Стопански Објект на „Гранит“, „Златомир“, „Данчо Ацков“ …

Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода Read More »

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква


Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.       Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви …

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква Read More »

Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје


Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје. Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, …

Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје Read More »

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина …

Сончево со студено утро Read More »

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година


Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири …

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 ноември 2024 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 53 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути. Денов трае 10 часа и 3 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе  изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Петгодишно девојче починало на Детската клиника


Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“. Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила …

Петгодишно девојче починало на Детската клиника Read More »

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање


Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува жителите на Кочани, кои неколку денови протестираат поради проблемот со депонијата, да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и …

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање Read More »

Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими


До 15 часот беа доделени над 80 отсто од предвидените 6.182 ваучера за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  Како што велат оттаму,  процесот се одвива непречено и ефикасно, благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на …

Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими Read More »

Искористени се дури 72 oтсто од вакцините против сезонски грип


Од вкупно 72.600 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип кои ги набави Министерството за здравство (во кои се вклучени и 2.600 комерцијални вакцини), искористени досега се 52.687, односно 72 отсто, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за состојбата со сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2024/2025 започна на 21 октомври и се …

Искористени се дури 72 oтсто од вакцините против сезонски грип Read More »

Лајка со повик: Стани инфлуенсер за да се вдомат нашите кучиња!


Јаното претпријатие „Лајка“ во потрага по нов начин да ги удоми кучињата од прифатилиштето промовира настан што ќе се одржи на 16 ноември, од 11 до 14 часот, во нивните простории. „Посетете нè, запознајте ги нашите преслатки кучиња и изберете го вашето куче што сакате да го промовирате. Фотографирајте се со кучето и објавете ја …

Лајка со повик: Стани инфлуенсер за да се вдомат нашите кучиња! Read More »

Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денеска учествувала на министерска тркалезна маса на тема „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“, организирана во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, одржана во Будва, Црна Гора. Како што информираат од Министерството, во присуство …

Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност Read More »

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените од градежниците, луѓето се иселуваат што не можат да си купат куќа или стан


Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола. „Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои …

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените од градежниците, луѓето се иселуваат што не можат да си купат куќа или стан Read More »

Уставниот суд не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи


Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната …

Уставниот суд не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи Read More »

Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ (Фото)


Скопје, ноември 2024 – Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“. „Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме …

Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ (Фото) Read More »