Рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“, со порака за здрави животни навики


Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, […]

Повик за „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика на 21 јуни


Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката. „Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии […]

Расте револтот меѓу сточарите – си ги бараат субвенциите за ланската година по грло добиток 


  БИТОЛА – Расте притисокот од македонските сточари кон власта за доисплата на субвенциите по грло добиток за кравите, овците и козите за 2024 година. Во нив има уште револт за намалените субвенции по грло со програмата за годинава, иако за разлика од лани ќе добијат денар повеќе за предадено литар млеко во млекарниците. Но, […]

ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа


Над 3.300 учесници во седум града се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 9 мај – Денот на Европа. Оваа година, одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што […]

СДСМ прашува кој е интересот на Мицкоски да ги штити дивоградбите во Чаир


  Координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска изјави дека власта наместо да спроведе истрага, санкции и одговорност за еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија со 150 дивоградби во Чаир таа молчи. „Власта ја штити урбаната мафија“, рече таа и запраша: „Кој интерес стои зад заштитата на овие […]

Отстранети се недостатоците на новата градинка во Кочани, Општината бара согласност од МФ за новите вработувања


 По неколкумесечни активности санирани се сите недостатоци при градбата кај новиот објект „Детелинка“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани и со потпис од официјалниот надзор подготвен е да почне со работа. Општина Кочани испрати известување до Министерството за финансии за новата состојба, а в.д. градоначалникот Венко Крстевски бара средба со министерката Гордана Димитриеска Кочоска, […]

Тигрите денес „спасуваа“ заглавени на скопската жичница


  Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи.   Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што […]

Асмир Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд


Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА. Јахоски, како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата. Во соопштението се наведува […]

СДСМ: Клековски подготвува зголемување на придонесите за здравство!


СДСМ бара оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски бидејќи, според нив, за само 11 месеци го испразниле  Фондот за здравство во бездна, болниците не функционираат,  здравствениот систем е на колена.  Според опозицијата, судејќи по последната изјаба на Клековски, се подготвува и зголемување на приддонесот за здравствено осигурување. -Здравството се распаѓа пред очите на граѓните, […]

Пробиштипскиот Аквапарк почнува со работа, во Скопје ваквиот парк е затворен веќе втора година


Задутре својата сезона за посетителите ја отвора еден од најголемите и најпзонатите аквапаркови во земјава – Аквапаркот во Пробиштип. Скопјани и претстојнава летна сезона, најверојатно, ќе останат со затворен Аквапарк. Станува збор за Аквапаркот при Спортскиот центар Борис Трајковски, кој и минатото лето беше затворен за разладување и забава. Иако, претходните сезони овој Аквапарк се […]

Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица


 Во пештерата Свинска стрна забележана е дива мачка со редовниот мониторинг на пештери во Националниот парк Галичица, соопшти денеска Црвен крст Охрид. Дивата мачка е загрозен вид, а редовниот мониторинг е во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“. -Редовниот мониторинг во пештерите и надвор […]

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на крап и црна мрена


Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на крап и црна мрена. -Во согласност со одлуката на Федерацијата на рибари, на нашето езерото во тек е забрана за риболов и тоа на крап што ќе трае до 30 овој месец, до […]

ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто со нова зграда од септември 2026 година


До септември следната година се очекува да заврши изградбата на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба, кој по цели шест децении ќе ги замени дотраените бараки што сега се користат за настава. Увид во изградбата денеска извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и […]

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците треба да чекаат законски измени за да добијат плати


Не може да се исплатат платите на Инспекторатот за употреба на јазиците пред да биде донесен Законот за организација и работа на органите на државната управа. Затоа и бевме на таа средба пред два дена. Законот ќе биде пред пратениците, со што согласно измените во Законот познат во јавноста како ЗОРОДУ, Инспекторатот ќе биде дел […]

УХМР: Нѐ очекува потопло и посушно лето


Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува […]

Газдата на „Пуцко петрол“ на свадба во Истанбул, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите


Откако медиумите објавија дека Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера бил забележан во Истанбул, Турција, каде што присуствувал на свадба, со реакција се јави владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ.  -Асмир Јахоски, кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра […]

Јаневска: Десетина ученици препишувале на матурата, биле отстранети


Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.  -Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот се уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме […]

Ќе се менува прагот на репрезентативноста на синдикатите – ќе биде пет отсто


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека никаква политичка агенда во намалување на прагот на репрезентивноста на синдикатите, туку дека тоа било резултат од разговорот на последната средба со сите синдикати. Мицкоски даде одговор на новинарско прашање, зошто со законски измени се намалува условот за репрезентативност на синдикатите. Откако истече рокот во кој ССМ е […]

Стефковски очекува да биде кандидат за градоначалник на Скопје


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците и советниците од општината направија увид на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште Крсте Мисирков. На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски по однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат […]

ДЗС: Пилоти нема, пари нема, авионите на сервис…


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, на ТВ Сител изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори. -Се чувствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата […]