Јакимовски: Пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска” е политичка


Пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска”  е политичка, оцени денеска на прес-конференција, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со судскиот предмет за кој беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци. Јакимовски претстави, како што рече, уште еден доказ за невиност во осудителната пресуда. Овие докази, нагласи, се […]

Општина Карпош започна со поставување на „репелент“ против змии


Oвластената фирма која ја ангажираше Oпштина Карпош која се занимава со поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии, започна со поставување на средството околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквените места на територија на Карпош. Станува збор за природен производ кој е […]

Ќе се сечат 113 дрвја во Градски парк во Скопје


Од иницијативата Зелен Хуман Град алармираат дека во Скопје ќе се сечат 113 дрвја во Градскиот парк. – Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или […]

Се воведува нов систем за рана интервенција за деца од 0-6 год со доцнење во развојот или попреченост


На панел дискусијата посветена на имплементацијата на гаранцијата на деца во ЕУ – од рана интервенција за еднаков пристап до социјална и здравствена заштита, претставничката од Министерство за здравство, Диана Ристовска Додевски се осврна на постапката за воведување на нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството (РИД) за деца од 0 до 6 години […]

ДЗР: Од 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последици, загинале 457 лица


Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија. – Јавно достапните податоци од веб […]

Документи се чуваат во руинирани депоа – потребен е нов објект за тетовското одделение на Државен архив


 Архивскиот материјал што се чува во објектот на Државен архив – Одделение Тетово е во опасност од уништување поради несоодветните услови во кои се функционира оваа установата. Директорката Климентина Ивановска ја алармира целокупната јавност од потребата да се најде нов објект за тетовското одделение на Архивот, затоа што зградата во која работат е од 1929 […]

Отворен хаб за собирање и селекција на пластичен отпад во рамки на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“


 Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип отвори Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад лоциран во „Нетавиле“ во непосредна близина на кампусот на технички факултети. Оваа активност е дел од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“ кој што се реализира преку програмата „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan […]

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел


 Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот Центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај. Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и […]

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството


Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи настан посветен на значењето и улогата на семејната едукација во современото општество. Во рамки на програмата ќе се одржи панел-дискусија „Потребата од семејна едукација во Република Северна Македонија“, а ќе биде презентирана и истражувачката анализа „Потребите […]

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Од УХМР соопштуваат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Во болницата во Кочани има нова хипербарна комора, нема кој да ја стави во функција


Иван Ивановски od „Support Kocani” во вечерешната Топ Тема се осврна на проблемите во кочанската болница. И покрај донацијата која успеале да ја набават за болницата во која донеле хипербарна комора која би помогнала на повредените од пожарот, сепак таа стои надвор од употреба. „Ние од „Support Kocani” однесовме во болницата во Кочани една машина […]

Семејството на Фросина бара дисциплинска постапка за судијката


Од Универзалната сала до Основниот кривичен суд Скопје, семејството на Фросина Кулакова изрази револт поради вчерашната пресуда од 12 години затвор за возачот кој ја прегази нивната ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, побара максимална затворска казна за возачот и дисциплинска постапка и времено суспендирање на […]

Обвинителството бара мерката „притвор“ да се замени со „куќен притвор“ за Крешник Бектеши


 Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Обвинителството не прецизираат за кој поранешен министер за економија и […]

Кредит од еден милион евра од ЕИБ заглавен во Советот на Битола


  БИТОЛА – Мнозинството советници во битолскиот Совет гласаше воздржано за кредит од 1 милион евра од Европската инвестициска банка наменет за седум проекти за Битола. Со овие пари треба да се реконструираат водоводните мрежи и канализации на пет улици меѓу кои и Булеварот „1 мај“, изградба на водноснабдителен систем за село Лисолај и изградба […]

Независните советници доставија до Собранието предлози за амандмани на измените на Законот за локална самоуправа


 Претставници на Здружение O2 Иницијатива, Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош денеска до Собранието поднесоа 20 предлози за амандмани на измените на Законот за локална самоуправа, во прво читање, кој во среда е ставен на дневен ред на пленарна седница.  Невена Георгиевска, независен оратеник во […]

Нов Организациски одбор на Струмичкиот карневал треба да се избере до средината на јуни


Нов Организациски одбор на Струмичкиот карневал треба да се избере до средината на идниот месец откако преку јавни дебати ќе се утврдат критериумите за избор на нови членови, а одлуката треба да ја донесе Советот на Општина Струмица. Ова е заклучокот од денешната прва јавна дебата за избор на членови на ОО на Струмичкиот карневал. […]

Филков до СДСМ: Не носиме закони во интерес на „фамилии“ и по налог на штабови


  СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството. Од страна на СДСМ денес повторно слушнавме празна политичка реторика, препакувана во обвинувања кои немаат никаква врска со реалноста. Иронично е токму партијата која со децении го партизираше правосудството – и преку инсталирани кадри, и преку клиентелизам, и преку селективна правда […]

Почна да се гради спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче


Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2. Изградбата на спортската сала е финансирана од Министерството за образование и наука, во вредност од 31.989.202,00 денари, а рокот за изведба е 10 месеци. В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески истакна дека станува збор […]

Компанијата „Мармарис“ донираше 10 столици за вадење крв на Гинекологија – Чаир


Денес, во просториите на Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир беше реализирана вредна донација од страна на компанијата „Мармарис“, преку  со цел подобрување на условите за пациентките и поддршка на работата на медицинскиот персонал. Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, кои ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури. […]

Ученик во „Јан Амос Коменски” го тепа цело одделение, ја нападнал и гризнал наставничката


Речиси цела паралелка во четвртото одделение во основното училиште ,,Јан Амос Коменски” во Карпош ја бојкотира наставата поради насилен ученик. Како што велат родителите на децата тие не се безбедни поради однесувањето на ученикот. Во петокот ситуацијата ескалирала откако насилниот ученик ја нападнал наставничката која била гризана по раката и удирана по главата при што […]