Над 110 повредени во пожарот во кочанската дискотека биле примени во штипската болница


Два месеца по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани здравствените работници од Клиничка болница во Штип велат дека иако немале искуство при вакви големи трагедии на 16 март успеале да извршат тријажа на над 110 млади луѓе, кои биле транспортирани на Клиниките во Скопје, а потоа и по болниците во странство. Билјана Рогожарска, одговорна сестра […]

Герила акција на „Кој е следен?“ пред Обвинителството


  Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на Јавното обвинителство, на кое беа испишани имињата на сите загинати и повредени во пожарот, како и имињата на сите кои животот го загубиле […]

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје заради велосипедска трка


На 18.05.2025 (недела) во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и […]

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри


Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. – Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се […]

По една година и шест месеци затвор за одговорните директори околу пожарот во модуларната болница


Поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми осудени се на една година и шест месеци затвор за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во тетовската модуларна болница во кој во 2019 година загинаа 14 пациенти. Клиничката болница во Тетово, која е обвинета како правно лице, доби казна од 1 […]

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025


Отворен е конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025, соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Рокот за поднесување апликации е 16 јуни до 00:00 часот, а наградниот фонд за Република Северна Македонија изнесува 10 000 евра. Како што наведува ССНМ, целта на наградата е да ги препознае извонредните достигнувања во […]

Support Kocani објави изгореници на настраданите


Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице и екстремитети, со цел – како што велат од иницијативата – „надлежните конечно да сфатат колку се сериозни последиците од оваа трагедија“. Од иницијативата претходно упатија и критики за несоодветните […]

„Гласот на традицијата во детската душа“ концерт на детскиот хор „Крешендо“ од Тетово


Детскиот хор „Крешендо“ од Тетово вчера вечер одржа концерт насловен „Гласот на традицијата во детската душа“, односно хорска изведба на македонски народни песни. Ова е четврти концерт на хорот кој постои од март 2024 година, а го водат диригентките м-р Фотини Георгиадис Кировска и проф. Марија Пулковска Здравковска. – Вечерва хорот се претстави со песни […]

Скопје домаќин на CASSINI Хакатонот


Македонија од денеска до 18 мај прв пат ќе биде домаќин на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon што ќе се одржи во ИТ хабот Netaville во Скопје, под покровителство на Европската комисија и Агенцијата на ЕУ за вселенска програма (EUSPA). Овој хакатон паралелно се одвива во 10 европски држави, а е […]

Облачно и свежо со дожд, температурата до 16 степени


Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон […]

Дојава за бомба во СЦ „Јане Сандански“


Само неколку часа пред почетокот на најавениот музички концерт, салата „Јане Сандански“ во Скопје беше испразнета по дојава за бомба. Во 18:49 часот, непознато лице се јавило во СВР Скопје и тврдело дека во објектот е поставена експлозивна направа. Публиката и сите присутни биле веднаш евакуирани, а полицијата започна антитерористичка проверка на просториите. По проверката, […]

Се трошат милиони евра за побезбедни патишта, но бројот на сообраќајќи и жртви расте


Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, нотирале државните ревизори во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). И покрај тоа што се потрошиле милиони евра за нови стратегии и побезбедни патишта, сепак […]

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади


Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави јавен повик наменет за акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за средношколци, со цел покривање на трошоците за котизација и пат, односно за учество на една од 15-те меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad). Како што појаснува МОН, едно акредитирано здружение може да добие финансиски […]

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик


Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој […]

Педесет нови случаи на грип во државава


Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до 11 мај, во Република Северна Македонија се пријавени 50 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 31,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, информираат денеска од Институтот за јавно здравје. Бројот на пријавени лица оваа […]

Беким Ќоку стана нов координатор на пратеничката група на „Вреди“


  Пратеникот Беким Ќоку е новиот координатор на пратеничката група на „Вреди“, согласно официјалното известување доставено до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Како што соопштуваат од Собранието, за заменици-координатори се именувани пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи. Ажурираниот состав на групата вклучува девет пратеници: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, […]

Продолжува реконструкцијата на улицата Волково


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Градот Скопје ја реконструира улицата Волково, која се протега од раскрсницата со улицата „Шарпланинска“ до крстосницата со патот за Кучково и за Орман. Со оваа реконструкција значајно се подобрува инфраструктурата на траса во должина од 1.700 метри.  Клучните елементи на проектот вклучуваат реконструкција на површина од 13.240 […]

Тројца граѓани кои се против депонијата во Пелагонија се вклучуваат во заедничка општинска комисија за проектот


  БИТОЛА – Тројца протестанти против депонија во Пелагонија се вклучуваат во заедничка општинска комисија за подготовка на предлог актите за меѓуопштинска соработка за формирање на регионална депонија, за да имаат директно увид во сѐ што ќе се случува со реализацијата на овој проект. Во заедничката комисија, тројцата граѓани ќе учествуваат заедно со двајца административни […]

Говорот на дијалект на новинарите го открива недоволното познавање на вокалниот и фонетскиот систем на македонскиот јазик


Јазичниот израз во медиумите е исклучително специфичен. Се придржува и ја промовира нормата од една страна, а сепак е отворен за нови решенија. Јазикот во медиумите е важен затоа што влијае и на развојот на стандардниот македонски јазик, и затоа е потребно да покажеме свесен елемент во јазичната политика. Да се обидеме да го зачуваме […]

Се коси тревата во Кисела Вода


Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и […]