ЦУК: Патот кон манастирот „Св.Ѓорѓија“ исчистен од снег, а загрозените лица кои немале лекови пренесени во Прилеп


  Регионалниот ЦУК (РЦУК) Прилеп извести дека во 15.20 часот, вчера, преку Единствениот повикувачки бројот за итни повици е пријавено од страна на Управа на Манастирот „Св. Ѓорѓија“ од Прилеп дека патниот правец кон манастирот во должина од два (2) километра е со навеви од снег и бил непрооден. Во манастирот во тој момент се …

ЦУК: Патот кон манастирот „Св.Ѓорѓија“ исчистен од снег, а загрозените лица кои немале лекови пренесени во Прилеп Read More »

Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје


На Плоштад Македонија во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи 10-тата Coca-Cola Дедомразовска трка.  Стотици учесници облечени како Дедо Мраз ќе трчаат два километри низ градот.  Како што соопштуваат организаторите „Прв до врв“, на настанот ќе има награди за најбрзите учесници, лотарија со новогодишни желби, новогодишни пакетчиња за децата под 10 години, музичка …

Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје Read More »

Прекин на водоснабдувањето на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези


 Корисниците на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези од крак 1, 3, 5 и 7 денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што информира ЈП Водовод и канализации – Скопје прекинот ќе трае се до санирање на уличниот дефек Ф-300мм. Поради специфичноста на дефектот, се вели во соопштението, затворени ке бидат и …

Прекин на водоснабдувањето на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези Read More »

Во понеделник протест пред српската амбасада во знак на солидарност со граѓаните на Србија


Во понеделник, 30 декември, пред Амбасадата на Србија во Скопје ќе се одржи протест за солидарност со српските граѓани. Протестот е закажан за во 12 часот, а го организира Здружението за едукативен развој Еквалис. „Еквалис го организира овој протест за да испрати силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој …

Во понеделник протест пред српската амбасада во знак на солидарност со граѓаните на Србија Read More »

Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени


Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро со услови за …

Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени Read More »

Нови моменти за ексдиректорот на ТИРЗ: Судот му одреди мерки на претпазливост на Деспотовски


Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, му определи мерки на претпазливост одземање на патната исправа и повремено јавување во судот, потврдија од Кривичен за МИА. Претходно, од Обвинителството соопштија дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната …

Нови моменти за ексдиректорот на ТИРЗ: Судот му одреди мерки на претпазливост на Деспотовски Read More »

Без вода утре жители на Нерези


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека утре (29.12. 2024) поради уличен дефект Ф-300мм на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на истата улица од крак 1, 3, 5 и 7.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј


Случај на мошне заразната болест африканска чума кај свињите вчера е детектиран на приватно стопанство во охридското село Лакочереј. Станува збор за прв потврден случај на болеста во охридскиот регион. Согласно превентивните мерки за спречување на ширењето на болеста, уништени и соодветно третирани се осум маторици и 20 прасиња од односната фарма. Засега нема индикации …

Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј Read More »

Деспотовски: Не сум приведен


Екс директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека бил приведен. „Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. …

Деспотовски: Не сум приведен Read More »

„Фокус“: Приведен е Јован Деспотовски, поранешен директор на ТИРЗ


Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознава „Фокус“. Деспотовски, неофицијално, бил уапсен од страна на Управата за финансиска полиција, се вели во веста на „Фокус“.

„Од смогот не се гледа иднината“: Протест против загадувањето


Во Скопје денеска се одржа вториот протестен марш против аерозагадувањето, организиран од иницијативата „Зелен хуман град“. Граѓаните маршираа од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Собранието и Владата, до бараките на Град Скопје, носејќи транспаренти со пораки како „Сакаме чист воздух“ и „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“. Тие ги повторија …

„Од смогот не се гледа иднината“: Протест против загадувањето Read More »

Македонските мировници и нивните семејства на предновогодишно дружење преку видео-конференциска врска


Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство. Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека …

Македонските мировници и нивните семејства на предновогодишно дружење преку видео-конференциска врска Read More »

Македонски активисти ги израдуваа децата од Голо Брдо со новогодишни пакетчиња


 Поранешниот градоначалник на општина Пустец и голем поборник за правата на Македонците, Едмонд Темелко, заедно со македонските активисти, Елена Симоновски од Тирана и Бесник Хасани од Голо Брдо, денеска го посетија Требиште, најголемо село во областа и ги израдуваа најмладите со новогодишни пакетчиња. Темелко не го крие задоволството од, како што вели, реализираната заедничка цел …

Македонски активисти ги израдуваа децата од Голо Брдо со новогодишни пакетчиња Read More »

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето


Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје. Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни …

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето Read More »

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка


На предлог на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Советот на Општината донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно Дојран за првпат обезбедува таква социјална услуга за сите дечиња согласно капацитетот на градинката. Според градоначалникот Ангов, ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација …

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка Read More »

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти


 Советот на Општина Центар на 43. седница со 18 гласа „за“,  два „воздржани“ и ниеден „против“, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000 денари. Од овој износ, дури 45 проценти се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55 проценти ќе се користат за тековно и оперативно …

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти Read More »

„Вино и винил“ денеска на Сараиште во Охрид


На месноста Сараиште во стариот дел на Охрид за денеска е закажано третото издание на Новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”. Покрај останатото, за посетителите се обезбедени греано вино и …

„Вино и винил“ денеска на Сараиште во Охрид Read More »

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со …

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови Read More »

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци


 Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен е и превоз од Кавадарци, од страна на  јавното претпријатие „Градски превоз”, по официјален возен ред што ќе биде објавен деновиве.  Градоначалникот Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, овде ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина. …

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци Read More »

Прекинато водоснабдувањето за корисниците на ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“


 Корисниците од ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-60мм на ул. „Атанас Бабата“ 10 во населба Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.