Без струја делови од Ѓорче Петров, Сопиште и Студеничани


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Света Петка во општина Сопиште. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14 часот струја ќе немаат и корисниците дел […]

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места


Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот.   Според податоците на […]

Во Скопје денеска и утре посебен сообраќаен режим поради лидерската средба ЕУ – Западен Балкан


Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен […]

Без вода корисници во Трубарево


Корисници од Трубарево во општина Гази Баба од 9 часот ќе немаат вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација-Скопје.  Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок на улица во населбата и ќе трае до завршување на работните активности.

На ГП Табановце за влез во државава утрово се чека до 45 минути, на ГП Богородица за излез околу 20 минути


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите […]

Сончево и ветровито со температура до 37 степени


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 30 јуни 2025 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Четири пожари денес во Македонија, во Јосифово огнот стигна до првите куќи


Во атарот на село Јосифово, Општина Валандово, избувна голем пожар на отворен простор, кој поради силниот ветар се прошири кон првите куќи во селото. Поради сериозноста на ситуацијата, по барање на градоначалникот, итно беше ангажиран полициски хеликоптер.Со брза интервенција на пожарникарите од Валандово, со поддршка од ТППЕ Гевгелија, пожарот бил ставен под целосна контрола за […]

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата


Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство. Во моментов, информациите околку пациентите […]

Јанева: Ако сакате добра оценка, мора да учите


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во однос на новите законски измени за основно образование кои предвидуваат на наставнички совет повеќе да не можат да бидат поправени оценки, на денешната прес-конференција нагласи дека тоа е една порака и до учениците и до наставниците – ќе морат да преземаат нешто за да се зголеми квантумот […]

Нови 300 слободни места за специјализанти во здравството


Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство. – Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но […]

Алиу ќе го преиспитува функционирањето на „Мој термин“


Во моментов 70 проценти од пациенти од терцијарно ниво треба да бидат на секундарно здравство, подвлече денеска министерот за здравство Азир Алиу, повикувајќи се на стручни медицински експерти во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.  Прашан за тоа како побрзо до термини кај стручни медицински лица и дијагностика, тој рече дека […]

ЦУК бара чуварски служби за депониите, се сомнева во подметнати пожари


Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и Општина Шуто Оризари поради двапати интервенираните пожари на дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во Визбегово на 28 јуни. Противпожарната бригада успешно го гаснеше огнот, но постои сомнение дека пожарите се подметнати, што создава сериозна опасност по здравјето на граѓаните […]

Во Скопје посебен режим на сообраќај утре и задутре


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре, понеделник, и задутре, во вторник, поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот […]

СДСМ: Експресниот пат од Дреново до Градско 90 отсто е наше дело


СДСМ се пофали дека патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско, што е завршен сега 90 отсто е дело на нивната влада, а не на актуелната иако, како што велат, се кити со туѓи перја. -Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само […]

Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината


Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот  утринава во 5 часот и 54 минути чиј […]

Судиите криво нека седат – право нека судат, порачаа роднините на настраданите од Кочани


На големи неправилности уште вечерта кога гореше дискотеката „Пулс“, укажуваа денеска на единаесеттиот Марш за ангелите во Кочани укажаа родителите и роднините на загинатите и повредените млади луѓе во март годинава.  Бараа да одговараат и полицајците кои вечерта интервенирале во дискотеката, но и директорот и медицинските лица кои работат во кочанската болница, затоа што работеле […]

Охрид е домаќин на 7. Балканска олимпијада по физика


Министерката за образование и наука Весна Јаневска се обрати на отворањето на 7.Балканска олимпијада по физика за средношколци, што од денес до 30 јуни се одржува во Охрид. На олимпијадата учествуваат над 60 ученици од 14 земји од Европа и 3 земји од Азија, со нивните професори-лидери. „Тоа што овие млади олимпијци се денес во […]

Арсовска: Внукот на градоначалникот на Студеничани градел објект кога имал 5 години, а го легализирал на 6


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот од Студеничани, на 5 години изградил објект, а на 6 години го легализирал. „Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу! На 20.05.2025 година ВИСАР […]

Од понеделник потопло со пораст на дневните температури


По преодното дестабилизирање на времето, од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура.  Дневните температури во четврток и петок ќе се движат од 32 до 39 степен. Синоптичарите за денеска и утре најавуваат сончево време со умерен до засилен северен ветер кој утре локално ќе дува со брзина […]