Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава


 Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри. -Позначителна снежна покривка (над 20 …

Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава Read More »

Сообраќајот во зимски услови, по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Од ЈП Македонијапат информираат дека …

Сообраќајот во зимски услови, по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин Read More »

Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце


 Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот …

Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце Read More »

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума


По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат 30 проценти додаток на плата, министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека протестот е демократско право.  Во интервју за ТВ 24, тој кажа дека тоа прашање треба да се разговара со повеќе министерства, пред …

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума Read More »

Извршени дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село


Стручњаци од Градежниот факултет при УКИМ од Скопје, предводени од деканот проф д-р Горан Марковски денеска извршија наменско испитување на мостовската конструкција на мостот на реката Вардар кај Башино Село, кој поради влошената состојба на носечките столбови од 4 јануари годинава е затворен за сообраќај. Целта на ова испитување е да ги потврдат постапките кои …

Извршени дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Од ЈП Македонијапат информираат дека …

Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин Read More »

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков


Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Мијалков. – Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото …

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков Read More »

Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип


Амбулатните речиси полни, граѓаните со сиптоми на грип и заболувања слични на грип. Пикот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, иако бројката на заразени и пациенти кои барале лекарска помош веќе се зголемуваат. Валентина Митрова специјалист по општа и семејна медицина во ПЗУ ,,д-р. Миташев” вели дека единствена позитивна работа …

Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип Read More »

Од вечерва врнежи од снег, снежната покривка ќе достигне и над 20 сантиметри


Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено …

Од вечерва врнежи од снег, снежната покривка ќе достигне и над 20 сантиметри Read More »

Во понеделник во Струга ќе му биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо


Во понеделник, 13 јануари, во Струга ќе биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо. Роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Бајо уште од млади години го има посветено својот живот на пишувањето и новинарството. Како член на Друштвото на писатели на Македонија, Бајо има оставено длабок белег во македонската …

Во понеделник во Струга ќе му биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо Read More »

Во Маврови Анови измерени – 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег


Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени – 3 степени, на Попова Шапка – 2 и во Крива Паланка – 1 степен, во Виница и Тетово се измерени еден степен, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово и Прилеп два степени, Скопје-Петровец, Велес и Кавадарци три степени, во Битола, Демир Капија и Крушево четири степени, …

Во Маврови Анови измерени – 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег Read More »

Спас од насилство побарале 35 жени во Регионалниот центар во Кавадарци


Спас од насилство минатата година побарале 35 жени во Регионалниот советувалиштен центар во Кавадарци. На 240 припаднички на понежниот пол им биле потребни услуга или совет од социјалната работничка, 35 ја користеле помошта од психолог психотерапевт, а 93 жени побарале бесплатно правно советување. Од Регионалниот советувалишен центар во изјава за МИА посочуваат дека семејното насилство, …

Спас од насилство побарале 35 жени во Регионалниот центар во Кавадарци Read More »

Облачно и студено, во текот на ноќта со врнежи од снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал …

Облачно и студено, во текот на ноќта со врнежи од снег Read More »

Град Скопје најавува вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари


Градот Скопје соопшти дека од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општината Шуто Оризари со цел, како што велат оттаму, спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината предизвикани од градоначалникот Курто Дудуш. – Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат …

Град Скопје најавува вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари Read More »

Кабинет на претседател на Собранието: Интерпелацијата за Даути не значи нејзино разрешување


Откако попладнево со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути, од Кабинетот на претседателот на Собранието испратија соопштение во кое се нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата, велат од Кабинетот, …

Кабинет на претседател на Собранието: Интерпелацијата за Даути не значи нејзино разрешување Read More »

Град Скопје со кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија


Инпекциските служби на Град Скопје денеска на терен откриле дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваат кривична пријава.  – Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена …

Град Скопје со кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија Read More »

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“


 Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и компанијата за превоз „МИГ Травел“, денеска ја реализира првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“. Посета на скијачкиот центар „Копанки“ оствари градоначалникот Тони Коњановски каде беше информиран дека првиот ден го искористиле стотина …

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“ Read More »

Во вторник протестираат вработените во шест министерства и ДЗС


По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во вторник, на 14 јануари, на протест излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика. Ова во изјава за МИА го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат …

Во вторник протестираат вработените во шест министерства и ДЗС Read More »

Владата веќе спроведувала мерки за чист воздух, резултатите никој не ги гледа


  Владата ги отфрла критиките од опозицијата дека не прави ништо да го реши загадувањето и наедно тврди дека веќе донела Акциски план за чист воздух  и ги имплементира мерките предвидени во него. КАков е тој план и какви мерки импелентираат и колку, се гледа по тоа колку е нечуст и гадаен воздухот изминатите денови. …

Владата веќе спроведувала мерки за чист воздух, резултатите никој не ги гледа Read More »

Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои тоа не го направиле досега. Според Тошковски, не треба штета да трпат граѓаните поради погрешните политики на претходната власт. – Огромен број од …

Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење Read More »