„Анима Мунди“: Денес се одлучува дали убиството на коњите ќе биде казнето или затскриено


Денес, во Кривичниот суд, продолжува судењето за грозоморно убиените коњи во ЗОО Скопје – животни кои биле под институционална грижа, а завршија убиени: измачувани, заклани на најбрутален можен начин, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди. „Ова не е обично рочиште – ова е момент кога државата ќе покаже дали е способна да […]

„Државната лотарија“ ќе ја организира новогодишната прослава – Каролина и Тамара Тодевска на плоштад


Град Скопје со скромни средства ќе се обиде да го накити градот предновогодишно, а за дочекот на Нова година, прославата ја организира „Државната видео лотарија“.  Како што рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Град Скопје, „Дражавна лотарија“ ќе ја организира прославата, а негов услов бил на новогодишната ноќ да настапуваат  македонски […]

„Комунална“ и „Паркови“ ќе ја завршат годината со половина плата


Со половина плата ќе ја завршат годината вработените во јавните претпријатија „Комунална хигиена3 и „Паркови и зеленило“, затоа што состојбите во нив уште не секонсолидирани. Другите јавни претпријатија изминатиов период зеле и по две плати во еден месец, за да се надополнат заостанатите, соопшто градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот […]

Современ и клинички супериорен пристап во кардиохирургијата: Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска


Во Клиника Жан Митрев, кардиохируршкиот тим предводен од д-р Митрев, успешно изведе современа минимално инвазивна операција на срце, позната како MIDCAB (минимално инвазивен директен коронарен артериски бајпас). Операцијата се изведува преку мал засек меѓу ребрата, без сечење на градната коска и без употреба на апарат за вонтелесна циркулација. Со оваа техника се постигнува реваскуларизација, односно се подобрува крвотокот кон срцето, додека останатите […]

Дангов го бранеше Салиу: Болката колку и да е силна, не може да биде причина за обвинение


Адвокатот на поранешниот директор на ДСЗ, Шабан Салиу, кој е еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ во Кочани – Димитар Дангов денеска на судско рочиште го нападна Обвинителството и ги праша обвинителите, „дали кофата за гаснење на пожарот не била и во рацете на Обвинителството“. „Ако некој во синџирот на каузалната врска си ја […]

Градежниот инспектор Георгиев побара обвинителот да го повлече обвинението за „Пулс“


Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“. Дополнение на воведен говор побара градежениот инспектор Огњан Георгиев. – Точно 28 години работев како градежен инспектор, работата ја вршев најчесно и најсовесно, без ниту една црна дамка. Веќе повеќе од пет и пол години не сум инспектор, […]

(Во живо) Продолжува рочиштето за пожарот во „Пулс“


На третото рочиште во кое одбраната дава воведни зборови, денеска пред Кривичниот суд први ќе се обратат бранителите на четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување и главниот инспектор во ДЗС, кои, заедно со останатите 30 обвинети физички лица се товарат за Тешки дела против општата сигурност, за пожарот во дискотеката „Пулс“ […]

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди


Министерството за дигитална трансформација информира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. -Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 […]

Конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад


SALAR International во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира конститутивна седница и официјално формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) кој, како што наведува, е  суштински чекор во воспоставувањето целосно координиран регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот Регион.   На настанот ќе се обратат […]

Тешка сообраќајка синоќа кај Штип – повредените ги извлекувале пожарникари


Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на регионалниот пат село Караорман – Штип. Од СВР Штип информираа дека на терен биле полициски службеници, каде бил направен увид на местото на несреќата. За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари, кои подоцна биле пренесени во штипската Клиничка […]

Температурите во Берово и во Битола во минус


Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово и Битола, -2 во Тетово и Струмица, -1 во Скопје, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, а највисоки плус четири степени се регистрирани во Ѓуриште, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе […]

Ќе се бранат инспекторите на ДЗС и поранешните министри на рочиштето за „Пулс“


На третото рочиште во кое одбраната дава воведни зборови, денеска пред Кривичниот суд први ќе се обратат бранителите на четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување и главниот инспектор во ДЗС, кои, заедно со останатите 30 обвинети физички лица се товарат за Тешки дела против општата сигурност, за пожарот во дискотеката „Пулс“ […]

Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица


Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 10 декември 2025 година, 344-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 21 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечиа нема да изгрее, […]

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел


Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров. ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач со […]

Повторно блокиран преминот „Евзони“ („Богородица“)


Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) повторно е блокиран од 17 часот, поради продолжениот штрајк на грчките земјоделци. Ова е втор прекин денеска, откако Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) претходно информираше дека преминот бил затворен од 11 часот, а нормализиран околу 15 часот. Според АМСМ, блокадите се случуваат во различни периоди од денот и веќе неколку […]

Шест средни училишта во Скопје добиваат нови подлоги на спортските терени


Средните скопски училишта добиваат нови и модерни спортски терени, се пофали денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а од фотографиите во прилог, се гледа дека на веќе постоечки терени се поставува пластична подлога, наменета за  игра на надворешни услови. – Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема […]

Башким Селими избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители


Башким Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот на денешната седница. Селими досега ја извршуваше функцијата заменик претседател на Советот. За нов заменик претседател беше избрана Маријана Илиевска. Предлогот за избор на Селими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ […]

МОН воведува нови стипендии – за втор и трет циклус на студии по македонски јазик


По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите […]